blue_blue -> RE: Бременост со близнаци! (22.9.2010 13:32:16)
|
Здраво мај2010 Правиш најнормални тестови кои се прават за секоја бременост. во 12 недела тој што е за нухален набор, обем на глава итд.., во 21 недела исто ми правеа некој скрининг за како се развиени срцата, а во 28 недела скрининг за малформации на органите. На мое инсистирање (останав бремена 2 месеца пред да наполнам 35 годни) правев и ПРИСЦА тест оној сто статистички одредува колкви се шансите за малформации, ама пошто и тоа не ми беше доволно иако испадна едево не знам колку милиони дека е шансата, инсистирав да правам амнио цинтеза и ја правев во 17 недела. Тоа што не се дебелееш нема никаква врска, јас кога се породив бев 8 кг здебелена од моментот кога останав бремена, а децата беа сосема доносени, целосно развиени и се родија со по 2.800 гр секоја, така што нема врска твојата тежина, и јас кревав паника дека не се дебелеам и докторот ми рече да не се глупирам, туку да бидам среќна што сум многу подвижна, што не отекувам и да си правам се што мислам дека можам. Уживај си во бременоста и не се секирај толку, имаш уште многу години пред тебе за секирации - те не цицале, те имале грчеви, те се разболеле, те у градинка тргнале, у школо, почнале да искачаат....Затоа уживај си сега и слушај си го докторот
|
|
|
|