Maca25 -> RE: Кој е за приквечерно Рингерајско моабетење во парк? (24.7.2010 23:23:44)
|
сакав да ставам и некоја слика овде, но не се покажуваат. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] иако трчав по нина цело време, мило ми беше што видов неколку пријателски лица и нивните мали ангели. Нина не ме остави баш многу да си помуабетам, се надевам следниот пат помирна ќе биде [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]. си се напивме кафе во југ, децата се изнатрчаа, после си прошетавме низ парк ( да си допраиме муабет) и сите по дома на спиење. нина одма заспа кога дојдовме дома (како трупче). Алексеј на чевличе е срцко мал, ги гледаше големките деца како трчаат, си ручкаше слатко и на крај си заспа како бајче. Борјан ми изгледаше многу мирен и многу ја слушаше мама и и позајми малце смоки на нина за да се ди мирна ( и мама да си го допие кафето на раат). Близначките на блу_блу се прави госпоѓици, кукли, со ангелски ликови. Срцки мили. Си ги наранив јас со смоки за и они да седат мирни. Јана на виктори е иста како мајка и, многу ми личи на викотри и многу е умна, а и Бобо е мирен, само исто како мене, на прав пат ќе си падне. Викотри се надевам дека се е ок со Бобо. Јуле срцка трчаше по сите, ги изгушка сите а и Нина нејзе ја изгушка. Нинка моја не седна на газот, си го помодре обрзот, изеде цела слива (проба да ја напика цела во уста), се изнатрча и сега мирно си нанка. Со душа ја чекам другата наша средба. Се наевам дека нема да чекаме со месеци пред пак да се собереме.
|
|
|
|