blue_blue -> RE: Кој е за приквечерно Рингерајско моабетење во парк? (25.7.2010 22:56:07)
|
Јас одамна си немам поминато така релаксирано. Мислам дека децата се изнаиграа и многу беа среќни. Моиве се качија едвај по скали до 7 спрат (среќа што ме сретна на пола пат еден комшија, па он грабна едно дете во раце, јас другото па брзо ситингавме), ги ставив под туш, млекото и во кревет мислам дека запсаа во 1 секунда. Се надевам дека следниот пат ќе не има во поголем број. Виктори, ајде се добро се заврши, деца ко деца, нив се брзо им поминува, само нас што ни се скратува животот по малку секој пат кога ќе паднат, ќе качат температура. Порано што сте отишле да се снима, бар да сигурно не е ништо, ама да си бидете мирни. Поздравче до сите, па се надевам скоро се гледаме.
|
|
|
|