Octavia -> RE: Чамче-муабет (23.10.2010 11:06:27)
|
Ве читам што сте муабетеле ноќеска, и Snowhite, знам како ти е, па малку да те утешам. Јас кога го родив првото дете, кога имаше само 8 месеци, останав без работа. Нормално, бев во паника. После 4 (предолги) месеци почнав да работам на друго место каде што ми беше многу, многу поубаво од претходното. Уживав да работам таму. Поенатата? Ми велеа и мене тогаш, (ама не ми значеше ништо) „Кога се затвора една врата, друга се отвора„. Во македонски услови страшно е човек да остане без работа, ама па, не е најстрашно. Животот е борба, и најчесто не е фер, ама кога човек ќе го прифати тоа, полесно е. Инаку, и мене ми беше мака кога слушнав дека во Бугарија, што ни служеше за потсмев, породилното е две години (!!) и плус може уште една година неплатено отсуство да земе мајката, а раб. место ја чека... А кај нас... знаеме како е кај нас... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]
|
|
|
|