niki -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 21:53:11)
|
Овде малку сте помешале баби и жаби. Емоционално неверство и те како постои и не се однесува на фантазирање на некоја си таму филмска ѕвезда или на некој/а згоден/а што сте го/ја сретнале на улица. Емоционално неверство се случува помеѓу реални личности кои комуницираат меѓу себе, кои се гледаат често дали поради работа или некое задоволство, кои разговараат и се запознаваат и почнуваат да чувствуваат чувства еден за друг кои се далеку повеќе од пријателство или платонска љубов. Поради морални норми, не одат кон следниот очигледен чекор, затоа што се во врска или брак, но љубовта кај нив цвета ли цвета. Сум го почувствувала тоа еднаш. И навистина не можам да одлучам што е полошо физичко неверство кога некој гони инстинктивни пориви или емоционално. Всушност полошо е емоционалното и за оној кој изневерува, и за оној кој е изневерен, и за оној со кој изневерува. Врските и браковите ги поврзуваат само емоциите и кога тие ќе исчезнат и на нивно место ќе дојдтат други за некој друг, уф... Безизлезна ситуација која дури и да прости партнерот незнам како тој кој изневерува би можел да се справи, би пукнал......... Во мојата ситуација врската беше прекината, за по неколку месеци да се оствари другата љубов, без да биде попречувана од ништо. Да ми се случи во брак, мм да ме изневери така, незнам, незнам што би направила, но тоа би бил најголемиот удар што би ми го задал, после кој не верувам дека би успеале да го спасиме бракот, еноставно не гледам како би можеле да го направиме тоа кога би постоеле емоции за некој трет....
|
|
|
|