Емоционално неверство? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Сексуалност



Порака


Тања РР -> Емоционално неверство? (17.7.2010 23:58:56)

Постои ли вакво нешто? Што мислите дека е полошо, да спие со друг/а или да мисли на друг/а пред да заспие?
Сте изневериле ли вие  на ваков начин?




Maca25 -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 0:09:37)

не сакам ни да мислам на вакво нешто. ова и исто толку болно како и да дознаеш дека спие со друг/друга. да лежи до тебе а да мечтае за друга личност. мене ми е исто како изневерувањето.




Viktori -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 0:11:49)

Не знам кое е полошо. За мене е исто. Дури мислам дека полесно ќе ми биде да се заљуби во некоја одошто онака животински да има секс со некоја само затоа што се трткала пред него. Повеќе сакам за чувствителен човек да сум мажена отколку за животно! Така да стварно не знам што е полошо. Изгледа исто е лошо....  многу лошо....
Не знам дури ни дали сум во право.... а и не ни сакам да видам што е полошо!!!





Тања РР -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 0:12:16)

Значи Маца ти го сметаш тоа за изневерување исто како и физичкото?
А би простила ли доколку на некој начин дознаеш дека мт те изневерил во мислите?




Палешка РР -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 0:15:53)

За мене не е исто како изневерување. И многу мразам кога некој ќе ме праша "Што размислуваш?", а исто и не го прашувам мм ако не сака да сподели со мене. Сметам дека исклучиво размислувањето е само моја и моја работа. Платонската љубов не ја ословувам како изневерување...без допири, милувања, од прикраја...грехом скраја!
Нема човек кој не паднал во ова искушение.




Maca25 -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 0:18:57)

а како би дознала?!?! треба тој да ми признае, нели. и тогаш ќе треба да ми ја каже причината поради која мечтае за таа личност. и тогаш веќе се поврзуваат уште многу работи, како на пример контакти со таа личност, заедничко минато..... дали имале нешто во минатото, дали нешто не е во ред со нашата врска... треба да се дојде до коренот на проблемот. ама во секој случај мислам дека е неверство, ама не знам дали би простила или не.
од една страна си викам: ок е, физички не ме изневерил, а пак од друга страна: лежи до мене или оак полошата ситуација да ја замислиме, води љубов со мене а мисли на некоја друга...е тоа не би го простила, никако!!




Bubuska -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 4:16:10)

Ако тоа е неверство, тогаш јас сум многу неверна :) Не е дека станува збор за конкретна личност, повеќе станува збор за симпатична личност, а сигурна сум дека ни дечко ми не гледа само во мене. Имаме очи за да гледаме. Не сум љубоморна, ама секако би ме навредило да има секс со мене и да мисли на друга, ни јас не го правам тоа. А дека сум размислувала за други, да, и не би рекла дека е тоа неверство.
Неверство е да сум вљубена во друг а да сум со него, и тогаш веќе не станува збор за тоа дали сум емотивно неверна или не, туку дека врската повеќе не е продуктивна и треба да заврши.
А полесно би простила физичко неверство, отколку да дознаам дека на некој сум му рамо за плачење.




mama26 -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 10:12:22)

да помисли и да направи не  е исто.али ако е често му се случува или мене исто така тогаш несто не е во ред со таа врска.




arh_diz -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 16:24:33)

Dokolku toj pocne da misli na druga , nabrzo ke dojde i spienjeto so taa na koja sto misli.Koga nesto ti e postojano vo mislite ke se trudis da go ostvaris na bilo kakov nacin.




Martins mom -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 18:58:09)

Емоционалното неверство за мене е исто толку лошо како и физичкото неверство...Чувствата, емоциите се тие што го прават човекот... 




mama26 -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 19:04:54)

и тука си во право мартинс мам и арх диз.камо да моземе да читаме мисли.секако дека е страшно.и дека ако мисли ке го направи тоа.недајбоже ама никогаш неможеме да гарантираме.и никогаш нисто не се знае.и не треба многу и за ова да му ја мислиме,да не си направиме па полошо за врските браковите




elle -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 19:25:06)

Не знам што е пострашно физичкото или емоционалното неверство, но неверство е неверство какво и да е. За мене би било исто, разликата е само во тоа што емоционалното неверство не можеш ни да го претпоставиш




Gari68 -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 19:37:19)

Абре рингерајки од комарец правите слон.Вие би сакале вашите сакани 24 часа да мислат само на вас [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].Фантазијата затоа и постои да можеш да си фантазираш за било која сакаш,јас мислам дека не постои човек на планетава што барем еднаш не фантазирал како е со друг,а без разлика дали е тоа Бред Пит,Анџелина Џоли или некој од вашиот град што сте го сретнале а добро изгледа.И не знам што е тука опасно ако некој,а со добро тело ти западнал,а на окопа во некој момент(секако тоа да не биде кога водите љубов) во мислите замислувате се што не му правите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].
Е сега опасно е да не се повторува фанатазирањето кон иста личност од блиската околина,е тогаш верувајте нема да биде тоа емоцијално неверство сигурно тој ќе се потруди да биде тоа физичко неверство.
И на крај во стилот на Исус би ве запрашал мои мили рингерајки која од вас ама баш никогаш не фантазирала како е да биде со некој друг без разлика дали е тоа филмска ѕвезда или некој од работа,или било кој што им се допаднал .




mama26 -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 19:41:45)

е ајде сега да ве видам рр?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] штета[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] мојот е умрен елвис присли.ама вие сега што ке одговорите?




Bitolcanka -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 19:53:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68

И на крај во стилот на Исус би ве запрашал мои мили рингерајки која од вас ама баш никогаш не фантазирала како е да биде со некој друг без разлика дали е тоа филмска ѕвезда или некој од работа,или било кој што им се допаднал .



Еве, јас. Кога сум во врска што ми значи не фантазирам за никакви "игри" со друг, па ниту Бред Пит, ниту било која друга филмска ѕвезда, глумец, манекен ... Секој жив човек ќе се загледа во убав маж/убава жена за миг, но не секој фантазира за интимност со него/неа. И според мене, емоционалното не е исто со физичкото неверство. Може да е полошо, да, но во случај да е често, да биде тоа во сонот кога едниот партнер слуша исти работи, одредено име постојано (нештата од реалноста лесно преминуваат и на јаве) или често да се забележи отсутност кај партнерот незаинтересираност, занесување - тогаш нешто во врската/бракот не е во ред и треба оној другиот "малку" да се замисли.




mama26 -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 19:57:28)

јас се загледувам по жени ако се убави тоа незначи дека ке фаназирам.се што е убаво и богу је драго.а вака за згоден тип за мене бил елвис од мала.ама човекот умре и неможев да се мажам за него нит да фантазирам.замислете си коски да фантазирам?тоа би било страшно[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Тања РР -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 21:32:39)

Јас под емоционално неверство вопшто не го сврстувам фантазирањето за некоја филмска ѕвезда или пак за некој/а непознат/а по кој сте се свтреле на улица. Тоа е невино и наивно и кога би дознала дека партнерот го прави тоа би го занемарила.
Но што ако постои некоја личност од минатото која ви се мота во главата колку и да не го сакате тоа? Што ако секоја втора вечер сонувате некој а тоа не е човекот/жената до кој/а лежите? Еве да кажеме, практично немате никаква шанса да бидете со таа личност ниту пак сакате но вашата потсвест мисли поинаку. Дали тоагаш изневерувате?




Viktori -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 21:37:37)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gari68

И на крај во стилот на Исус би ве запрашал мои мили рингерајки која од вас ама баш никогаш не фантазирала како е да биде со некој друг без разлика дали е тоа филмска ѕвезда или некој од работа,или било кој што им се допаднал .



офтопик:

море.... ја па баш спротивно имам читано од Исус [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Кога го прашале за прељуба, кажал дека оној што веќе помислил, направил грев во срцето.
Во библијата нема оправдание за грешни мисли, камо ли за дела [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

затварам офтопик!




Gari68 -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 21:42:18)

Ако е така јас  мислам дека на земјинава топка нема човек што не направил некој грев.
Јас мислев на делот кога сакаат да ја каменуваат проститутката а тој им вели нека фрли прв оној кој нема ни еден грев.Понатаму самите знаете што се случи.




Viktori -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 21:47:51)

А тема да си отвориме за вакви муабети а?

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Следи кој нема грев, нека го фрли првиот камен.
Инаку Исус и вика на крај: "Оди и не греши повеќе"
е после тоа  мислам дека важи она што  го пишав погоре.
Инаку да, според библијата сите луѓе се грешни и сакаат да грешат. Тоа е и поентата нели? Исус умре за ние да имаме вечен живот.

Инаку ептен сме офтопик. Ај друг пат [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





niki -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 21:53:11)

Овде малку сте помешале баби и жаби.
Емоционално неверство и те како постои и не се однесува на фантазирање на некоја си таму филмска ѕвезда или на некој/а згоден/а што сте го/ја сретнале на улица.
Емоционално неверство се случува помеѓу реални личности кои комуницираат меѓу себе, кои се гледаат често дали поради работа или некое задоволство, кои разговараат и се запознаваат и почнуваат да чувствуваат чувства еден за друг кои се далеку повеќе од пријателство или платонска љубов. Поради морални норми, не одат кон следниот очигледен чекор, затоа што се во врска или брак, но љубовта кај нив цвета ли цвета.
Сум го почувствувала тоа еднаш. И навистина не можам да одлучам што е полошо физичко неверство кога некој гони инстинктивни пориви или емоционално. Всушност полошо е емоционалното и за оној кој изневерува, и за оној кој е изневерен, и за оној со кој изневерува. Врските и браковите ги поврзуваат само емоциите и кога тие ќе исчезнат и на нивно место ќе дојдтат други за некој друг, уф...
Безизлезна ситуација која дури и да прости партнерот незнам како тој кој изневерува би можел да се справи, би пукнал.........
Во мојата ситуација врската беше прекината, за по неколку месеци да се оствари другата љубов, без да биде попречувана од ништо.
Да ми се случи во брак, мм да ме изневери така, незнам, незнам што би направила, но тоа би бил најголемиот удар што би ми го задал, после кој не верувам дека би успеале да го спасиме бракот, еноставно не гледам како би можеле да го направиме тоа кога би постоеле емоции за некој трет....




Палешка РР -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 22:00:47)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања

Еве да кажеме, практично немате никаква шанса да бидете со таа личност ниту пак сакате но вашата потсвест мисли поинаку. Дали тоагаш изневерувате?



Преку нашата потсвест можеме директно да влијаеме на свеста, меѓутоа обратната врска е многу покомплексна. Мислам дека многу голем успех ќе постигнеме ако ја совладаме техниката на управување со потсвеста. Единствената врска меѓу свеста и потсвеста е мислата. Сметам дека колку и да негираат, сите имаат т.н. грешни мисли, во обидот да ја средат потсвеста.
Размислувањето за друга личност не го сметам за изневерување, туку за обид на потиснување на потсвеста. Што ќе биде доколку не размислуваме туку легнеме со таа личност? Чувствата се управуваат многу тешко, но единствен начин за да се зауздаат е размислувањето!




niki -> RE: Емоционално неверство? (18.7.2010 22:10:20)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања


Но што ако постои некоја личност од минатото која ви се мота во главата колку и да не го сакате тоа? Што ако секоја втора вечер сонувате некој а тоа не е човекот/жената до кој/а лежите? Еве да кажеме, практично немате никаква шанса да бидете со таа личност ниту пак сакате но вашата потсвест мисли поинаку. Дали тоагаш изневерувате?



Присеќавањето на личности од минатото и фантазирање  за мене не е неверство, како и сонувањето некого па и секој ден нека е, и практично недостижните личности за кои помислуваме како би било, кога би било не се неверство.
Емоционално неверство  е кога постојат вистински емоции за реална личност кои се развиваат во одредени околности и во нивно формирање учествува личноста за која фантазираме и најчесто возвраќа на емоциите.




ananikol -> RE: Емоционално неверство? (25.7.2010 1:13:36)

Jas i mm redovno si se izneveruvavme..
jas go izneveruvav so svarceneger
a toj mene so Ana Nikol
e sega toa sto taa mu pocina a mojov top ne go bie e druga rabota
sega samo jas sum neverna  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Sala na strana teska rabota...
Dokolku nekoj e zamislen si ja imame onaa izreka"paricka za tvoite misli"pa ke si spodelime no sigurno deka ne  bi spodelil i ako "razmisluva" za nekoja.
A dokolku bi soznala deka e taka neznam dali bi preziveala..lele poarno e da ne razmisluvam sto bi bilo koga bi bilo




lukas -> RE: Емоционално неверство? (30.8.2010 22:31:24)

sum razmisluvala na moi bivsi pred legnuvanje da,ama se samo zaradi toa sto nekoj ako mi go spomnal vo tekot na denot, a sto posto i toj razmisluva no ne vo smisla na seks ili takva rabota...ne go smetam za neverstvo toa se dodeka ne napolne race neka polni misli i oci...pozz




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>