Еца -> RE: Замерки, сугестии и предлози (17.4.2009 6:16:59)
|
Вака Нина,јас ќе одговорам на твоето прашање.И во животот кога прв пат ќе се запознаеш со некој човек на почетокот си резервирана со него и внимаваш што и како ќе кажеш, но со секое следно видување работите се менуваат, наоѓате се повеќе и повеќе теми за разговор и врската се продлабочува.Истото се случува и тука на форумот, затоа мислам дека работите полека ќе се променат.А и самата си свесна дека кај нас менталитетот е многу поинаков,па треба време да се ослободиме сите, да почнеме со поголема комуникација и дружење.Со време се ќе си дојде на свое и сите ние членови навистина ќе бидеме едно големо рингераја семејство и тука на форумот ќе се дружиме, подржуваме и помагаме максимално. Само еден пример од хрватската рингераја,истото се случуваше и со новите членови,одговараа кратко и со мала несигурност, но затоа бевме ние постарите членови да им посакаме топло добредојде, да им искажеме топлина која ќе ја почувствуваат од некој кој е тотален странец за нив, но сепак сака да се дружи и разменува искуства.Навистина, многу од жените од Хрватската Рингераја ми останаа пријателки кои со душа чекаат дека еден ден да заминам за Хрватска и да направиме една голема Рингераја журка на Максимир каде што тие често се дружат, собираат, запознааваат,нешто преубаво.....Затоа сега сите наши членови ќе ги поздравам, и се надевам дека и ние еден ден ќе го доловиме истото, ако не и подобро, зошто по што друго не помнат нас Македонците ако не по тоа дека сме дружељубив народ.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
|
|
|
|