|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
6.8.2011 15:16:47   
Fiao
Definitivno da! Za site onie koi nemaat rizicni bremenosti i koi imaat zeleno svetlo od lekar. Mene genikologot mi preporaca da miruvam vo prvite 3 meseci, no posle toa mi dozvoli da vezbam. Sega sum vo 5ti mesec vezbam sekoj den i se cuvstvuvam odlicno! Site onie koi imaat problem so finansii ili vreme i ne mozat da poset__uvaat mesta za vezbanje, toplo im preporacuvam da gi poglednat ovie vezbicki i da si teraat vo domasni uslovi: klik


Pozdrav! user posted image

admin: nadvoresni linkovi se zabraneti!


< Поракaта ја уредил Viktori RR -- 7.8.2011 0:15:58 >

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
11.8.2011 0:57:59   
kuklicka26
Normalno deka dokolku ne se raboti za rizicna bremenost ,mnogu e dobro da se vezba i da se pesaci barem eden-dva casa dnevno.Vo akcija idni mamicki i neka e so lesnoooooooo

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
29.8.2011 13:39:44   
galena7
Mamicki i idni mamicki...mi treba pomos a i sovet od vas....jas ke vlezam vo 5 nedela i bi sakala da znam dali moze da vezbam ovaj period i ako moze kade bi mozela da najdam vezbi i koi vezbi vie gi praktikuvate....epten sakam i uzivam koga vezbam...pozzz user posted image

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
29.8.2011 14:58:32   
mila28
galena7 најдобро е да се консултираш со матичниот гинеколог, он најдобро ќе ти каже ..во зависност од твојата бременост. Доколку активно си тренирала и пред бременоста, а истата е уредна и нормалан не би постоело причина да не продолжиш, меѓутоа сепак има граница до каде и кои вежби може да се изведуваат во 1-3 месец , потоа од 3-7 и 7-9месеци.  Има посебни вежби наменети исклучиво за трудници..се е  умерено и без голем притисок на абдоменалните мускули..сепак бременоста е друга состојба и не с епожелни преголеми напори и грчења на стомачните мускули за да се избегнат контракции.

(Одговор на членот galena7)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
30.8.2011 10:27:31   
galena7
fala ti mila28 za sovetot...
user posted image

(Одговор на членот Fiao)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
7.11.2011 14:03:32   
miana
Рекреација во бременоста: Да се вежба или не? Текст: Марија Симовска Рекреација | 07 ноември 2011 Бременоста или пренаталниот период за секоја жена преставува посебен момент во животот, во кој кулминираат физички и психички промени со кои секоја млада жена се соочува. user posted image
Секако дека за сите млади мајки физичките промени кои ги претрпува нивното тело за време на бременоста, а и преокупацијата што побрзо да се вратат во форма, се можеби и занемарливи во однос на радоста која им ја носи новороденчето. Меѓутоа, денес е скоро незамисливо една млада жена да го занемари својот изглед, особено за оние кои се веќе повеќегодишни рекреативци и се редовни во своето вежбање. Без разлика дали посетуваат фитнес или аеробик, џогираат или возат велосипед, планинарат или возат ролери, играат тенис и сл. Современата жена едноставно не го напушта својот здрав начин на живот и пред се грижата за своето здравје, само поради новонастаната блажена состојба. Уште веднаш сакам да истакнам дека настрана ги оставам оправданите строго медицинските оправдувања, поради кои на трудницата и се забранува секаква физичка активност која дополнитилно би ја влошила состојбата. Оваа статија е со цел да се објаснат бенефитите од вежбањето пред и за време на бременоста од една страна и од друга страна да се охрабрат сите оние кои немаат никакви здравствени проблеми и се двоумат  дали физички да се активираат. Вежбањето, односно било која физичка активност го подготвува вашето тело за телесните промени кои ќе настанат за време на бременоста, а исто така и го ослободува духот и умот за оние кои „работат на случајот" и можеби се повеќе или помалку под стрес. Многу често медицинските специјалисти на брачните парови кои се обраќаат за помош при зачнувањето, им препорачуваат рекреација за да го намалат стресот кој понекогаш е психолошка пречка, во отсуство на било каква друга патофизиолошка причина. Бенефитите од вежбањето пред бременоста ако не сте вежбале претходно, можете да ги прочитате на безбројните портали и сајтови или пак во печатените магазини и женски списанија. Оние пак што се темелни рекреативци одлично знаат како го чувствуваат своето тело со вежбањето и нема потреба да читаат, нели? Но, сепак, попусто ќе читате што сѐ ќе добиете доколку вежбате, ако не се помрднете и не се придвижите. И покрај големиот број на аргументи зошто треба да почнете со вежбање пред да забремените, јас би ги сумирала во неколку редови: - Ако вашето тело во период на бременоста треба да биде „дом“ на вашето бебе, напревете тој дом да има цврсти темели. Имено, зацврстените стомачни мускули го олеснуваат породувањето и ја одржуваат цврстината на стомачната шуплина. Понатаму, јаките грбни мускули ќе ви помогнат во полесно поднесување на стекната тежина, додека затегнатите рамена и раце по породувањето ќе бидат главно оружје во подигнувањето на бебето кое со тек на времето се повеќе ќе „отежнува“. - Кардиоваскуларната кондиција и тоа како ќе ви биде од значење во справување со секојдневните обврски. Кога сте фит, едноставно имате и повеќе енергија за се друго. Вежбањето покрај другото е одличен генератор на доброто расположение, па така и амплитудите во вашето располжение под дејство на хормоните што ве преплавуваат, ќе бидат поподносливи како за вас, така и за вашата околина. - На жените кои се физички активни и при тоа редовни во своите тренинзи, вежбањето им претставува една здрава навика во животот, еден здрав ритуал на почит кон своето тело. Така што, откажувањето од истото поради здрава и нормална бременост е сосема бесмислено и ми се чини ретко која жена би го сторила. Повторно ќе истакнам, доколку не е препорачано поинаку од стручно лице! user posted image За жал во нашата средина се уште не постојат стручно специјализирани курсеви за трудници, но тоа не е никаква пречка да не бидете активни. За бремените жени и пешачењето е одлична рекреација, истотака и пливањето, статичен велосипед или трака за одење (ако е претопло или студено надвор), справите од типот на Орбитрек се одлична алтернатива. Нема никаква потреба да се откажувате од аеробикот или пилатесот, само намалето го интезитетот  и осигурајте се дека вашиот инструктор има некакво искуство во работата со трудници. Сепак, треба да има одредени познавања и да ве насочи на што да внимавате додека вежбате, или пак да ви покаже алтернативна вежба додека останатите вежбаат регуларно. Денеска медуимите се преплавени со секакви информации, совети , консултации и слично, а често читајќи ги можете да се збуните и да се исплашите велејќи си „па тоа се милион нешта на кои треба да внимавам, најдобро е да прекинам“. Искрено , ако се чувствувате добро, само ќе згрешите ако прекинете. Запомнете дека треба да го следите и слушате своето тело и да не се доведувате во состојба на изнемоштеност. Застанете во првиот ред, разговарајте со инструкторот одвреме на време, ако можете да вежбате и да зборувате без да губите здив, тогаш сте на вистинскиот пат. И уште нешто на кое треба да внимавате е да внесувате многу течности, па дури и кога не ви се пие толку вода. Намалето го темпото и фреквенцијата на тренинзите - ако сте вежбале 3 пати, намалете на 2пати неделно. Или ако ви пречи гужвата во сала, миризбата или едноставно не сте во расположение, тогаш прошетајте една маршута токму во терминот за тренинг. Имате навистина разни алтернативи, но не се откажувајте. Пак ќе нагласам, само ако добро се чувствувате. Денеска постојат и ДВД изданија за домашна употреба, но нив би ги препорачала само ако имате претходно вежбачко искуство! Не се потполно безбедна варијанта ако почнувате со вежбање токму во бременоста. Подобро почнете со пешачење и брзо одење, отколку да изведувате вежби  кои не сте ги правеле никогаш претходно и без надзор на инструктор. Кога зборуваме за вежбањето во бременоста, секако би се повикале и на фактот дека оние жени кои вежбаат и побрзо се враќаат во форма по породувањето. Можам да кажам дека ако сте потполно здрави , нема потреба да ја „губите“ воопшто , за да ја „враќате“ формата. Враќањето во сала по породувањето треба да го правите постепено и без разочарувања. Ако сте биле дисциплинирани пред и за време на бременоста, верувајте брзо ќе го постигнете темпото кое го сакате на вашиот тренинг. Лекарите пред 20 години биле категорични дека за време на бременоста треба да се избегнува било каква физичка активност, подоцна  „попуштиле“ за професионалните спортистки на кои им било дозволено вежбање. Денес, не само што го препорачуваат туку сугерираат единствено да внимавате на срцевата работа да не биде повеќе од 140 bpm. Секако, нема да ви падне на памет бремени да јавате коњи, да скијате, да скокате банџи или да се занимавате со скуба нуркање :) Убавината на една млада мајка не е во нејзиниот физички изглед, туку во широката насмевка и сјајот во очите што и го подарува радоста на мајчинството. Но, сепак имајте на ум, дека грижата за вашето малечко, почнува преку грижата за своето тело. Секое бебе заслужува здрава и насмеана мајка. За авторот

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
28.1.2012 10:57:40   
MacenceEna
Jas vekje pred 1 nedela pocnav so gimastika za bremeni . Pravime vezbi na topka . nisto posebno oppustanje samo . I isto taka ucime pravilno diseenje i izdisuvanje , sto e mnogu vazno . Majkami e medicinsko lice akuserka vo Makedonija , i ona e obucena za vrsenje na vakvi kursevi za bremeni , ama problemot e sto nema mesto za odrzuanje na isttoto , a i samite majki ne se dovolno zapoznaeni , a inace steta e , Ubava rabota se vakvi vezbi ,koga ima nekoj da ti pokaze user posted image

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
28.1.2012 13:06:09   
temjana
јас се распрашував за јога за бремени меѓутоа ми кажаа дека во првото тромесечие несмее да се вежба, така да ќе си почека некаде од кај март ќе се запишам. Сметам дека е многу важно за жената да вежба во периодот на бременоста. Ме интересира дали некоја од вас одела на пливање и кој базен е така најпрепорачлив од хигиенски причини се разбира, многу сакам да се запишам на пливање а забораив да го прашам докторот дали смеам заради инфекции и такви глупости

(Одговор на членот MacenceEna)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
5.2.2012 20:38:19   
MacenceEna
ИЗВОРНА ПОРАКА: temjana

јас се распрашував за јога за бремени меѓутоа ми кажаа дека во првото тромесечие несмее да се вежба, така да ќе си почека некаде од кај март ќе се запишам. Сметам дека е многу важно за жената да вежба во периодот на бременоста. Ме интересира дали некоја од вас одела на пливање и кој базен е така најпрепорачлив од хигиенски причини се разбира, многу сакам да се запишам на пливање а забораив да го прашам докторот дали смеам заради инфекции и такви глупости

Plivanjeto e preporaclivo vo tekot na bemenosta  a i ubavo e !
Mislam deka ima specijalni tamponi za bremeni za pivanje ! Prasaj slobodno vo aptekite user posted image

(Одговор на членот temjana)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
17.8.2012 0:07:14   
pucilda
jas vo pcetokot na bremenosta i vo 4 mesec malku prokrvarev i mi bese naredeno da odmaram,ama zatoa posle toa se utepav od pesacenje,nemav vreme da odam na nikakvi vezbi posto odev do posledniot den na rabota,duri 2 dena pred da se porodam se setav na bitpazar da si kupuvam alista za bebusot,neznam sekoj za sebe,jas kaj mene pesacenjeto dobro mi dojde...

(Одговор на членот MacenceEna)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
24.9.2012 13:04:36   
kalo
Zdravo na site user posted image , mal sovet od mene. Vo prvata bremensot pred 2 god ne praktikuvav nikakvi vezi i kaciv 20 kila, posle toa mi bese mnogu tesko i mi trebase mnogu dolgo vreme da si ja vratam prbobitnata tezina.otkako se porodiv dve godini intenzivno vezbav aerobik i sum prezadovolna. Sega sum povtorno bremena okolu 16 nedeli i povtorno veznam samo so pomal intenzitet i se custvuvam odlicno. Pozdrav do site user posted image

(Одговор на членот pucilda)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
4.1.2013 14:50:38   
arh_diz
Bravo kalo za tebe.Jas ne sum vezbala , se nekako ne naogav vreme za toa:)

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот kalo)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
2.2.2013 10:36:33   
profesorica
Во понеделник почнувам со часови за трудници во ГАК, имале вежби за прихофизичка подготовка за полесен пороѓај што вклучува вежби за кичма и карлица и како да дишеш во 3те фази на породување.Ке одам па ке ви кажам како е.Инаку по дома си правам некои лесни везби на пр. во кучеѓка позиција се нишам од една на друга страна или пробувам да ја дигнам едната нога па другата по 3-4 пати.Овој пат заразлика од првата бременост сум многу понеподвижна и тромава и како резултат на тоа си дојдоа и ужасните болки во кичма рбет и карлица, се надева со вежбиве ќе изгурам некако user posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
11.3.2013 12:50:09   
Bela rada
Dali znaete od koja nedela pocnuvaat vezbite vo GAK i kako odi prijavuvanjeto? I tie sto gi posetuvale dali gi preporacuvaat.
Fala mnogu!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
11.3.2013 18:02:53   
Lacrymosa
Мислам дека во Кичево беше, имаат курсеви за трудници каде се прават вежби и слични ствари. Курсот мислам дека е во склоп на гинекологијата и дека е бесплатен. Мислам дека е тоа убава работа и чудно што го има во Кичево, а не и во некои други поголеми градови. Секако со задоволство би одела наместо да дремам дома и да правам дупки на креветите

(Одговор на членот Bela rada)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
17.6.2013 9:20:25   
mnm1986
Da, definitivno vezbanje vo bremenosta se razbira dokolku nema nikakvi komplikacii. Jas si vezbav doma no i se dvizev mnogu. Sekogas koga ke osetev deka imam visok energijia (a se slucuvase mnogu cesto) ili ne mozam da spijam jas vezbav po nekoja lesna vezba i mislam deka poradi toa lesno se porodiv i brzo za 5 min.Za toa na site trudnici preporacuvam vezbanje .

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
30.8.2013 23:34:09   
temjanuska2
Zdravo mamicki ,posto ne najdov tema za vezbanje posle poroduvanje ovde ke ve prasam.Dali pocnavte so vezbi i so koi posle poroduvanjeto?Jas na primer edvaj cekav da se porodam i si velev uste prviot mesec ke pocnam da vezbam mislejki deka ke se zdebelam mnogu i deka prirodno ke se porodam.No, za sreka ne se zdebeliv duri i poslaba izlegov od bolnica,a za zal se porodiv carski taka da vezbite gi zaboraviv.No sega posle skoro 3 meseci od poroduvanje jas pocnav da vezbam ,no vo domasni uslovi,a ke pocekam uste 1 mesec za da odam vo teretana.Kakvo e vaseto iskustvo ? pozzuser posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
31.8.2013 10:24:44   
pepermint
Најди вежби на интернет за diastasis recti , прави си ги вежбите дома, многу се важни и добри ти се собира целиот стомак и не ти останува труднички стомак, има резултати, јас ги правев, а потоа почни со потешки вежби.

(Одговор на членот temjanuska2)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
31.8.2013 10:36:14   
mommy_angels RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: temjanuska2

Zdravo mamicki ,posto ne najdov tema za vezbanje posle poroduvanje ovde ke ve prasam.Dali pocnavte so vezbi i so koi posle poroduvanjeto?Jas na primer edvaj cekav da se porodam i si velev uste prviot mesec ke pocnam da vezbam mislejki deka ke se zdebelam mnogu i deka prirodno ke se porodam.No, za sreka ne se zdebeliv duri i poslaba izlegov od bolnica,a za zal se porodiv carski taka da vezbite gi zaboraviv.No sega posle skoro 3 meseci od poroduvanje jas pocnav da vezbam ,no vo domasni uslovi,a ke pocekam uste 1 mesec za da odam vo teretana.Kakvo e vaseto iskustvo ? pozzuser posted image

еве тука има нешто што ќе ти биде од корист

(Одговор на членот temjanuska2)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
3.2.2014 1:09:39   
lukas
me interesira dali mozi da vezbam na orbitrek,mislam samo poleka normalno,kako pesacenje..inaku sum 24 nedela?
user posted image

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
3.2.2014 5:15:24   
Goddess*
zoshto da neuser posted image ,ako bremenosta ti se vodi kako normalna bremenost,vezbaj ,ama onaka vo ublazena forma so pauziuser posted image

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
3.2.2014 11:36:01   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: lukas

me interesira dali mozi da vezbam na orbitrek,mislam samo poleka normalno,kako pesacenje..inaku sum 24 nedela?
user posted image


Најдобро да се консултираш со гинеколог, една моја другарка си продолжи да вежба, но само поради тоа што со години си беше активна и докторот и кажа дека не претставува проблем. Сепак, стручно мислење од твојот гинеколог за ова е пожелно, зошто тој најмногу знае. Позз


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
4.2.2014 0:38:13   
lukas
na sekoj pregled zaboravam da prasam, a mi e glupavo specijalno za toa da se javuvam ,fala zenksi!


_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
4.2.2014 12:49:11   
vezilka RR
Доколку си била активна и пред бременоста и бременоста се води како нормална дозволено е. Но не е убаво да почнеш да вежбаш во бременост, тогаш организмот не е во состојаба да се носи со тоа.



_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Вежби во бременост. Да или не?
5.2.2014 11:14:33   
bucko mal
Jas koga odev vo teretana gledav i trudnici vezbaa.Najmnogu go koriste tocakot i orbitrekot,dobro e ne pravea stomacniuser posted image
I taka tie istite se porodija i odma vo teretana se vratija vo forma a jasuser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?