Вежби во бременост. Да или не? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Вежбање



Порака


mami -> Вежби во бременост. Да или не? (27.7.2009 14:04:30)

Во истражувањето се вели дека, контракциите лесно ги поднесувале поради создадената еластичност на карлицата. Потврдено е дека постои и помал ризик од компликации за време на породувањето, во смисла детето да се заглави и остане без кислород. Уште една добра вест е тоа што многу полесно мајките се враќаат во форма, после бременоста. Дали секоја трудница смее да вежба? Пред се треба да се консултирате со вашиот гинеколог, со цел да потврди дека физичката активност не е штетна за вас и вашето бебе. Вежбањето најчесто се препорачува после првите 3 месеци. Претходно жената е осетлива, се соочува со големи промени и не би можела да поднесе голем физички напор. Од друга страна, вежбањето може да биде опасно и да предизвика спонтан абортус. Кои вежби се добри за трудниците? За почеток е добро да се подготват мускулите на карлицата бидејќи тие учествуваат во чинот на породувањето. Станува збор за мускулите кои ја држат матката, дебелото црево и мочниот меур. За време на бременоста, овие мускули трпат големи промени под влијание на хормоните, и стануваат млитави. Доколку ги зацврстите многу полесно ќе се породите. Многу добро ќе ви дојдат и вежбите за истегнување. Ќе се ослободите од болките во грбот и мускулите на нозете. Ќе се намали и чувството на тензија во вратот. Комбинирани со техники за дишење и релаксација, ќе ви помогнат да се соочите со промените. За време на второто тримесечје, вашето тело почнува да се менува и визуелно. Стомакот веќе се забележува. Вежбите за истегнување и релаксација го намалуваат негативното влијание на хормоните врз мускулите и зглобовите. Во овој период можете да се соочите со болки во грбот и правилното држење. За да го одржите правилното држење на телото и да воспоставите добра рамнотежа која е суштинска за вас правете вежби за зајакнување на 'рбетот, грбните и стомачните мускули. Третото тромесечје е најкомплицирано. Доаѓа до отекување на рацете и стапалата. За ова ви се потребни вежби кои ќе ги изведувате исклучиво со тие делови, за да не дозволите задржување на водата. Вежбите ќе ви се најдат и во проблемот со отежнатото дишење. Тие го шират градниот кош и воздухот полесно циркулира. Освен тоа вашата психичка состојба ќе биде на незавидно ниво, бидејќи за време на активирањето на мускулите се лачи хормонот на среќата- ендорфин. Најважно правило: Морате да внимавате на исхраната. Секако дека вежбите влијаат на тежината, но тоа не значи дека навистина треба да седнете и да јадете за двајца. Дозволен лимит е, покачена телесна тежина за само 10 килограми.  




ripce -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (27.7.2009 17:53:40)

да и јас имам читано дека дозволено е зголемување на телесната тежина 10-12кг... но јас качив 20кг, всушност 10кг имав повеќе од пред бременоста, во првите 3 месеци ослабев 10кг, многу повраќав...ги вратив тие 10 и +10




niki -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (27.7.2009 23:19:40)

Dokolku se raboti za zdrava bremenost, jas smetam deka treba da se vezba toa ke go olesni poroduvanjeto, ili ako ne vezbanje bar setanje. Inaku bidejki najcesto trudnicite se soocuvaat so bolki vo grbot, jas licno bi preporacala joga, navistina pomaga i gi namaluva bolkite.




mami -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (28.7.2009 8:29:15)

мене ми рекоа дека брзото породување ми се должи на тоа што не седев мирна[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] дека цело време бев во движење, секаде каде можев одев пешки, дома имаме скали па се качував по нив по 10000000 пати во денот и сето тоа придонесе за брз пород. Занчи трудници наши- вежбајте ке си олесните и себе и на бебушот




niki -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (28.7.2009 8:35:04)

Pa i mene isto, samo vo prvite meseci lezev poradi mnogu povrakanje no koga toa me pomina se odnesuvav najnormalno, sekade peski, odev i na pazar i pazarev, rabotev po doma, so ogromen stomak jas segde se pikav, se navednuvav, site mi vikaa da usporam malku a jas im vikav pa trudna sum ne sum bolna i imav tolku mnogu energija, nesto nevideno.
A kegelovi vezbi pravev postojano i koga odev i koga sedev, ama postojano, od sabajle do vecer. I mi ostana vo navika, nesvesno go pravam i sega i se fakam sebe si kako gi pravam a sega nema ni b od bremenost.




Палешка РР -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (28.7.2009 20:42:37)

Лелеееееееееее, јас со страв се наведнувам па не да правам вежби. Ајде можеби понатаму ќе се опуштам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mami -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (29.7.2009 9:20:01)

ајде палешке, па зошто така..не мора да трчаш на лента, некои лесни вежби, јога, пилатес за бремени, се се тоа здрави вежби кои ке придонесат за полесно породување




mami -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (15.11.2009 10:34:44)

Трудници- вежбате ли?ајде не бидете мрзи, размрдајте се малку




m@gic -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (20.11.2009 9:58:06)

Драги мамички, јас еве сум 16-та недела од бременоста но уште не сум почнала со вежби. Мојот доктор вели дека не требам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




biljana16 -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (20.11.2009 10:10:29)

Jas krajot na cetvrtiot mesec  ne mozev ni od krevet da stanam a kamo li da vezbam. Togas lekarot mi rece deka ne smeam ni edna skala da kacam za da ne go izgubam bebeto. Sega pak mi e zabraneto da vezbam ama mi rece deka treba mnogu da pesacam.Inaku sega kacuvam mnogu skali sekoj den a za poragajot neznam kako ke bide. Pozdrav.




mami -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (20.11.2009 10:14:42)

За секоја трудница е различно...кај некои е дозволено вежбање, кај некои како кај Билјана16 е строго забрането, затоа пред да почнете да вежбате консултирајте се со вашиот гинеколог за тоа што би можеле да вежбате, и по колку време




karla -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (20.11.2009 22:03:19)

Sekoja bremenost e razlicna i zatoa dokolku trudnicata se cuvstvuva dobro za vreme na bremenosta i dokolku toa ne i e zabraneto od ginekologot preporaclivo e da vezba. Jas bi Vi preporacala Joga za trudnici vreuvajte mi ke Ve preporodi a vo isto vreme i mnooogu ke Vi go olesni poroduvanjeto. Jas uste vo vtoriot mesec pocnav da vezbami se do krajot, dva pati nedelno. Se porodiv spontano so kreka od 58cm i 4 500g a slobodno mozam da kazam deka poroduvanjeto mi tecese lesno. Zatoa idni mamicki, ako se e vo red so vas i Vasiot plod ne se dvoumete da pocnete so vezbanje.




vektor -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (16.3.2010 8:19:49)

најважно од се е да се следи редовно бременоста...доколку се е во ред со плодот, матката, плацентата, доколкукрвниот притисок е во нормални граници, и повеќе од потребно е да се вежба во текот на бременоста...
Активна бременост е нешто што е неопходно во современиот начин на живот, кога се што сакаме за јадење ни е достапно, а потребата од физичко напрегање е минимална (кола, лифт, се на дофат... [sm=smiley1.gif]
Затоа не треба да се плашите од вежбите...со правилна контрола тие ќе допринесат да имате здрава бременост и полесно породување... [sm=smiley1.gif]




vektor -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (16.3.2010 8:26:00)

Кога е жената бремена, таа е особено емотивна, има тешкотии, тегоби кои секојдневно ја мачат... Еден од начините да се отстранат овие тегоби е вежбањето... При тоа телото се опушта, добива тонус кој го помага правилното држење, но и умот психички се растеретува од сите мисли и тегоби...едноставно после вежбањето трудницата се чувствува подобро...
А тоа на сите многу ни значи и ни е потребно... [sm=smiley36.gif]




dostickage -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (16.3.2010 8:32:22)

Apsolutno tocno.Jas ne vezbam megjutoa nema dena a da ne sum pominala 6 kilomoetri peski.Od dma na rabota i od rabota doma,vkupno 6.I odlicno se cuvstvuvam.Ednas da odam so kola ili so avtobus a rabota vednas mi e tesko.Definitivno vezbanjeto pravi podobro da se cuvstvuvam.A tezinata - popravena sum 0 gramovi a vekje sum sesti mesec nikomui ne mu e jasno kako :)
Jas toplo preporacuvam vezbanje ili pesacenje zavisno od moznostite i sekako dokolku bremenosta e normalna.




arh_diz -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (16.6.2010 10:06:18)

Jas ne vezbam . Nekako ne mi se odi na vezbi . Zatoa se trudam poveke da pesacam




Анче -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (18.6.2010 13:36:49)

Вежбањето во текот на бременоста е најубавото нешто што можете да си го дозволите, не само себеси туку и на вашето бебе. На бремените во текот на часот им укажувам да освестат дека не се сами во тоа  што го прават туку партнер во вежбањето им е бебето, како всушност и во секоја друга активност, само што тогаш имаме отсутност на свесност. Свесноста што се вежба на часот по јога се пренесува и после тоа. Таа е важна за се што правиме, а во бременоста и помага на жената да развие поблизок контак, ментална и емоционална поврзаност со бебето уште пред тоа да се роди. На тој начин се поставуваат основите на една здрава и урамнотежена личност што верувам дека секоја мајка го посакува тоа за своето бебе и за себеси.




none -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (28.7.2010 11:30:24)

kako da vezbam koga doktorot mi vika samo da lezam so mojte 39 godini i samata nemozam  nisto da pravam odma se zamoruvam na prav pat malce peski da odma i tolku mi e he he a vezbanje zdravje posle poroduvanje[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Боцко -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (25.1.2011 0:33:10)

zm sekojdnevno vezbase yoga skoro do posleden den pred poroduvanje i mnogu, mnooogu pesacese. ne samo sto ne besestetno, tuku mnogumpozitivno po nea.




belluci -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (4.5.2011 19:44:43)

I JAS MISLAM DEKA NEOPHODNO E DA SE VEZBA ZARADI SEBE NO I ZARADI BEBTO SE PODOBRUVA SOSTOJBATA NA SRCETO KAKO I SE NAMALUVA RIZIKOT ZA PNATAMOSNI SRCEVI OSTETUVANJE POSLE POROGAJOT.NO NORMALNO AKO SME VO SOSTOJBA AKO NEMAME KOMLICIRANA BREMENOST TOGAS TOA E PREPORACLIVO[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




belluci -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (4.5.2011 19:48:49)


ZNACI NORMALMO TREBA DA VEZBAME ZA DA SI POMOGNINE SEBE I DA SI GO OLESNIME POROGAJOT[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/sloncek.gif[/image]




mila mama -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (4.5.2011 20:48:10)

Jas igrav tenis do 22-23 nedela i posle toa samo pesacev. Navistina sekoj den pesacev do posledniot den kolku i da se osekav umorna na krajot i, poragajot mi bese lesen. Dali od toa ili ne, samo eden Gospod znae [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




dragicka -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (12.5.2011 9:33:14)

Da vi kazam iskreno jas mnogu se namaciv so kilogramite posle bremenosta [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]........uf kolku samo mi se jadese [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]...
Za vreme na bremosta praktikuvav dva meseci joga i se custvuvav super...bi im preporacala  na site trudnici da posetuvaat kurs joga barem dva tri meseci od svojata bremenost. A za visok kilogramite posle bremenost pa i za vreme na bremenost bi vi go preporacala sledniot sajt, Pregnancy whiout pounds, http://20ab5axqqcm08k7atdsg2ct06w.hop.clickbank.net/?tid=JSGPPLBW. Mene navistina mi pomognaa sovetite od Michelle Moss!!!
So sreka na site




mila28 -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (13.5.2011 13:23:01)

А каде одеше на часови по јога??? Часови исклучиво за трудници?
ИЗВОРНА ПОРАКА: dragicka

Da vi kazam iskreno jas mnogu se namaciv so kilogramite posle bremenosta [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] ........uf kolku samo mi se jadese [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] ...
Za vreme na bremosta praktikuvav dva meseci joga i se custvuvav super...bi im preporacala  na site trudnici da posetuvaat kurs joga barem dva tri meseci od svojata bremenost. A za visok kilogramite posle bremenost pa i za vreme na bremenost bi vi go preporacala sledniot sajt, Pregnancy whiout pounds, http://20ab5axqqcm08k7atdsg2ct06w.hop.clickbank.net/?tid=JSGPPLBW. Mene navistina mi pomognaa sovetite od Michelle Moss!!!
So sreka na site





Snowhite RR -> RE: Вежби во бременост. Да или не? (15.5.2011 9:08:18)

И јас би препорачала јога за време на бременоста, јас одев 2 месеци од прилика, не можев повеќе затоа што имав проблеми со лошење и повраќање, ама кога можев дома вежбав после тоа. Инаку во нашиот град нема посебна програма, односно група за трудници, ама докторот знаеше дека сум бремена и ми кажуваше кои вежби да не ги правам и правев некои други додека другите правеа некоја која не смеам




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>