Најлуда работа (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Bitolcanka -> Најлуда работа (23.7.2010 22:51:10)

Да се потсетиме малку на нашите поранешни, одамнешни или скорешни лудости и да ги поделиме тука [sm=smiley1.gif]

Која е најлудата работа што сте ја направиле? [sm=smiley17.gif]




niki -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:06:48)

а ти ќе ни кажеш?[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:09:32)

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Ме изнасмеа Ники - па сигурно има - штом отворив ваква тема [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Само чекав да видам дали некој ќе има храброст и ќе го скрши мразот [sm=jezicek.gif] Има таков или да бидам прва? [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Idna mamica -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:10:03)

Завленувањето во Рингераја семејството  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:12:55)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Idna mamica

Завленувањето во Рингераја семејството  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] З'ш така Идна мамица? Толку сме луди? [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




niki -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:21:47)

моментално најлудо сметам дека ми беше запознавањето со мм, на кој налетав на интернет и се омажив за него бре[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
инаку имало с[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image]с на чудни места, тотално неприкладни и непримерни за такви работи, ех младост лудост[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
генерално сум си мирна јас, не лудувам, не пијам, не пушам, не конзумирам опијати[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] доста ми е музика и друштво да се изиграм и тоа ми е врв лудило




kromitce -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:25:02)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




niki -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:28:16)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kromitce

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] на темава се бара пост минимум 100 збора за да се добие право за користење смајлија[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
молам почитувајте го правилото[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




kromitce -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:31:13)

ауууууу... извини не знаев за правилото ама понатаму ке се придржувам кон истото




Bitolcanka -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:33:09)

Ај да не должам [sm=smiley1.gif] Можеби не е најлуда, но една од моите луди работи е [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]

Беше лани, јули месец, значи пред една година. Бевме потскарани со дм (малку повеќе, посериозно), а јас имав гостинка-колешка од факс тие дена. Беше вечерно време, се зафркавав на skype и одеднаш ми дојде идеја - ми светна сијаличката [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] - да променам статус на фб (ми беше - in relationship или single), па без многу размислување ставив - engaged [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] и се газев од смеа [sm=jezicek.gif] Само што сменав, се исклучив јас, се вклучи другарка ми и пиша: " Честито срц кој е среќникот? :) " Во тој момент, една друга наша драга колешка и'' пиша неа на chat: Што е работата? (за мене - новоста [sm=jezicek.gif] ) Оваа веднаш - logout и се газевме од смеа [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Гледаме фрчат коментари - честитки, си гледаме сеир [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Го оставив така до наредниот ден попладнето кај 17ч. Си бркавме ние работа, а мене само во тоа ми е мислата [sm=jezicek.gif] и да не стигне до тој што не треба [sm=jezicek.gif] Ми се јавува друга другарка на телефон, зачудена, ме прашува дали е вистина (претходниот ден зборувавме на телефон, па беше видно изненадена [sm=jezicek.gif] ) и ме известува дека сите на фб ми честитаат [sm=jezicek.gif] И кажав дека не е точно, се разбира, но и'' реков да не кажува. Кога стигнавме дома - гледам - се намножиле коментари, меѓу кои и од дм: "Што ти е жена, ти ја мислиш верна, таа верена :) " Тоа го видов на mail, на фб го немаше - го избришал по некое време. И ај си реков - доста е од играта, на ѕидот објавив: "Свршувачката сврши, сите среќни и весели" - така нешто, можеби не баш со тие зборови. Па имаше коментари од типот "Ви велев дека се зафркава со нас?" [sm=jezicek.gif] Потоа се вратив на single, па in relationship и на крај - без статус. Доста беше од љубопитни очи и уши, си реков - a little privacy [sm=smiley1.gif]




niki -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:37:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kromitce

ауууууу... извини не знаев за правилото ама понатаму ке се придржувам кон истото


и пак не ни кажа некоја лудорија

Битолчанке, почнуваш со се скаравме со дечкото и седиме со другаката...ауф си реков каква превара[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
а тие си играле на фејсбук[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:40:11)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Битолчанке, почнуваш со се скаравме со дечкото и седиме со другаката...ауф си реков каква превара[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]
а тие си играле на фејсбук[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]



Мислиш - превара со женско? [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] No way [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




kromitce -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:45:11)

па не ми текнува сега нешто ама ми беа интересни постовите и ги читав. инаку вака доцна во ноќта мозочниве ќелии ми се при крај со силите. инаку си легнувам многу рано ама ме замајавте бре девојки со вашиве муабети[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




niki -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:46:29)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka




Мислиш - превара со женско? [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] No way [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif]


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]прва мисла, без да дочитам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] ич ама ич не претпоставив дека е нешто поврзано со фејсбук[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:46:48)

Ај кога ќе се сетиш ќе ни кажеш. Мене навечер вакви теми ми доаѓаат, дење не ми работи баш мозокот - текнувалото [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Bitolcanka -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:48:44)


ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bitolcanka


Мислиш - превара со женско? [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] No way [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif] [sm=smiley36.gif]


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]прва мисла, без да дочитам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] ич ама ич не претпоставив дека е нешто поврзано со фејсбук[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]



[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] Така ти оди тоа - брза мисла, а некогаш човек и знае да изненади - денес во никој не треба да се има 100% доверба [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Viktori -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:55:25)

-Во Бугарија на сред плажа полна со Блгарчета, се дерев: ЕЈјјјјјјјјјј селани, дојдоа Бугариња, сакаат магариња!!!
-џин-тоник, џин-тоник,џин-тоник и така не знам колку и на крај текила и се заонадивме со мм [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]    меморија- црна дупка другиот ден [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Инаку има мнооооооогу ама повеќе глупи ми изгледаат него луди [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Bitolcanka -> RE: Најлуда работа (23.7.2010 23:57:32)

[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=bravo.gif]




kromitce -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 0:24:01)

 еј ми текна ама ова е повеке  трагикомично
пред неколку години на одмор со мм и син ми во Будва, се сместивме и ај да се прошетаме. го ставивме малиот во количка и утепавме неколку саати низ град чунки да го запознаеме градот. кога да се вратиме во куќата, го нема мовчето што се наоѓаше пред неа. пројди еднаш по улицата-нема, пројди уште еднаш-пак нема. влегов во една продавница и ке прашувам оти знам до куќата имаше пекара, а таа ми вика " тука има преку 50 пекари". мене паника ме фати пројде пола саат абер нема од мовчето.
детево си спие во количка, јас вријам од нервоза а мм- ај да седнеме на клупа да испушам една цигара.
Му викам а бре ти нормален ли си ај у полиција да одиме човече се изгубивме.
уште неколку пати пројдовме по улицата а сиротото мовче цело време ни било пред очи ама немало кој да го види[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

следниот ден кога станавме од спиење што да видам малиот од глава до пети изеден од комарци, цел со отоци.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




nadica -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 0:30:11)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] има повеќе ама еве сега ми падна на памет една [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] 
последната год во ск живеев во студенски дом к.ј.питу или попознат како кузман цимерката беше 5 год помала од мене ама јас и парирав во лудориите  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] имавме комшивка која обожаваше низ соба да оди со штикли а ѕидовите од картон па стандард не будеше по враќање од бољи живот но мојава цимерка една вечер ја дочека и по пижами облече штикли и низ соба па рече и пред врата ќе одам да ја развеселам а јас во тој момент ја заклучив надвор па од смеа уште 10-тина мин неможев да и отклучам ама затоа комшивката излезе и ја поздрави [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Julie1 -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 0:32:57)

Ќе се присетувам и ќе пишувам на оваа тема [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

Додека бев во Љубљана, секојдневна комуникација со дм и моиете беше по skype, да е здрав и жив оној кој го измисли skype. И вообичаено се договаравме претходно како сме со обврски следен ден и кога да се чуеме и ако има промена со смс менуваме термин [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] .  И така беше еден ден бев излезена по некои обврски, баш околу Рингераја и стартување на Рингераја во Македонија (на работен состанок со основачот на Рингераја, инаку и мој професор - Јака). Рингераја просториите во Љубљана се малку надвор од градот кој не ми беше познат. Завршив со обврските и таман да тргнам накај дома, имајки ја во предвид мојата лоша ориентација во простор се качив на автобус но во спротивен правец и си ја опкружив цела Љубљана и ме врати пак на истото место [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] . Си ја поправив грешката за следен пат, но тоа не беше се, видов дека ќе каснам доста за на skype и реков да му пишам порака на дм да знае дека ке дојдам да ме почека. И така си напишав една убава порака со објаснување дека ќе каснам .... во која ставив дека одвај чекам да се чуеме и нормални романтични реченици и завршуваше со зборовите ТЕ САКАМ и наместо кај дм пораката си ја пратив кај Јака (мој професор и колега). Најверојатно поради тоа што беше на last call.... и кога по некоја секунда се свеснав што направив, незнаев дали да се смеам или да плачам...Ајде прво реков да ја пратам на право место,па длабоко воздивнав и размислив ах колку би било убаво пораката да беше на кирилица бар немаше да ја разбере... но немав смелост да се јавам и извинам само пратив нова порака со објаснување за грешка... и одговор ах не грижи се сватив дека е за другого наменета штом е на македонски... [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Viktori -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 0:42:17)

Џули ова е гарант  најмалер работа што си ја нпраила [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Џесика -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 1:14:06)

еххх младост- лудост.... едно лето,мислам беше 2003-то бев јас во Германија на гости кај тетка ми... визата ми истекуваше на 10 Септември, и тогаш ми беше повратниот лет... арно ама не знам како, ми текна да си дојдам некој ден порано и да го изненадам дечко ми (тогашниот дечко де).... и све си договорив, сите знаат он појма нема... со другарка ми бевме договорени да му се јави дента да му каже дека сум пратила некаков поздрав за него, нешто во пакет и да се најдат вечерта да му го даде пакетот... (мора да напоменам дека отидов бринета, се вратив плавуша)...си седнавме на кафе ние две, и кроиме план како да се појавам... и викам „вози кај Работнички на паркингот, и отварај гепек да влезам таму“  Девојчево малку бледо ме гледаше, ама.... и така се стаив во багажникот, а они иначе се чекаат замислете во строг центар кај Мекдоналдс... излага другарка ми и му вика „отвори си сам пошто голем е пакетов, да го земеш ...“  отварање чоеков, рипање јас, он пребледе, што од страв,што од што не ме позна... таксисти у прашалници....  му требаше 2-3 саати да се соземе...




Палешка РР -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 10:08:42)

Имав една другарка во основно Јуле со која заедно учевме, или кај мене или кај неа. Кога ќе учевме кај мене обавезно ни сметаше сестра ми, доаѓаше в соба, ни зборуваше, тропаше, пушташе музика...и мене ми дојде преку глава и ја искорнав за коса и и реков да биде мирна оти учиме. Таа се навреди и полека полека замина, ама нашла некој клуч, калауз, и не заклучи со Јуле в соба [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Не ни беше галје, ама кога дојде време за на училиште почна паника да не фаќа, ја молиме Емилија да отклучи - не сака! Ја молиме, викаме, се закануваме - ништо, не отклучува!
Бидејќи беше прв спрат од куќата пенџерето не ми се виде многу високо, па решив да се спуштам некако. Извадовме еден чаршав за спиење од регал, го завиктавме демек како јаже, Јуле држеше, а јас се спуштав по него [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Како на филм [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
Кога и појдов на сестра ми, кога ме виде потскокна од страв, ама ништо не и направив, задоцнети бевме [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Martins mom -> RE: Најлуда работа (24.7.2010 10:11:03)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Jasmina27

еххх младост- лудост.... едно лето,мислам беше 2003-то бев јас во Германија на гости кај тетка ми... визата ми истекуваше на 10 Септември, и тогаш ми беше повратниот лет... арно ама не знам како, ми текна да си дојдам некој ден порано и да го изненадам дечко ми (тогашниот дечко де).... и све си договорив, сите знаат он појма нема... со другарка ми бевме договорени да му се јави дента да му каже дека сум пратила некаков поздрав за него, нешто во пакет и да се најдат вечерта да му го даде пакетот... (мора да напоменам дека отидов бринета, се вратив плавуша)...си седнавме на кафе ние две, и кроиме план како да се појавам... и викам „вози кај Работнички на паркингот, и отварај гепек да влезам таму“  Девојчево малку бледо ме гледаше, ама.... и така се стаив во багажникот, а они иначе се чекаат замислете во строг центар кај Мекдоналдс... излага другарка ми и му вика „отвори си сам пошто голем е пакетов, да го земеш ...“  отварање чоеков, рипање јас, он пребледе, што од страв,што од што не ме позна... таксисти у прашалници....  му требаше 2-3 саати да се соземе...



Јако ти било изненадувањето[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>