Bethany -> RE: Однесување на родителите на детско игралиште/ во парк (26.6.2013 13:25:17)
|
Многу интересна тема, ја прочитав од почеток. Неизбежни ситуации во нашата култура, како да се избегнат (мада мислам дека е невозможно да ги избегнеме во потполност), ама и прашање е како да се справиме со истите [sm=zmeden.gif] Се сретнував до сега со совети: внимавај, ќе се удри, ќе падне. Дури и после моето смирено објаснување дека сум тука, дека го гледам, дека знам што прави, пак продолжуваат со истото. Па се сретнував со ситуации кога му дават на син ми крем-бананки, нудат чоколадни бонбони и сл. Обично за тоа реагирам, и мал е се уште бонбоните нема ни пробано, ама ми се има случено да и покрај моето настојување (во продавница се случеше) дека не треба да му даваат крем-бананка, додека се свртев, продавач ја отвори и му тутна во син ми во раце. Е ај сега земи му ја кога е веќе со полуотворена уста да ја гризне. Се имам почуствувано омаловажено како родител, како да сум невидлива и дека моето Не ниту се слуша, а камоли почитува, ама земајќи во предвид менталитетот на луѓето, и знаејќи дека не сум сама мајка што поминува низ истите работи, не ми удри многу на самопочитта како родител. Уште нешто што ме многу вади од такт е допирање, штипкање и тоа за образите! Не можам да сфатам, мали, големи, деца, возрасни, сите кога го видат го фаќаат за лицето. Имам кажувано, немојте за лицето, па ме погледнат ко од Марс да сум падната, и имам чувство тие останат навредени. А да не спомнувам стари, прости дедовци што кога видат детето на слична возраст дури и се осмелуваат да прокоментираат: а каде ти е к.....о, па дури и да го фатат. [sm=hudicek1.gif] Да, имам слушнато искуства на моите блиски пријателки. Ова на запад веднаш ќе се тужи за педофилија. Недај Боже со тоа да се сретнам! Некако ми е темава од првиот пост сеопфатна, не е само за делење играчки, па затоа и јас толку развлеков. [sm=smiley1.gif] Можеби треба да се преименува [sm=smiley1.gif] Ко што спомнав на почетокот, не е можно да се избегнат ситуациите, освен да кажуваме. Ама тоа е во нашиот менталитет, уште една работа која не ми се допаѓа ама ич. Западњаците никогаш не посегнуваат кон детето, да го фатат и пипнат. Имав многу контакти со нив, никој не се осмелил да ми каже, или праша, дали му давам ово за јадење или зошто му давам. Ако не ги прашаш сам, нема да коментираат. Ако сака да им подаде рака за здраво и толку, веќе не навалуваат, почитуваат му ја личноста на детето. А тука сите гледат туѓи работи. А за играчките делење, веќе имам некаде спомнато. Ако сме надвор, би требало да дели, оно што му е вишок на него нели, ама не се да даде и па тој да остане без ништо. Е сега ако некоја мајка не мисли да треба нејзино дете да даде играчка на моето да се поигра, тоа е нејзин избор. Сега неа нема да ја превоспитувам сигурно. Ќе му објаснам на моето дете, нема да разбере сигурно што му зборувам сега, ама еден ден ќе му биде јасно, дека светот така функционира, не онака како ние правиме и како би сакали, па да треба да се помирува и со тие ситуации ако не може да ги смени.
|
|
|
|