vezilka RR -> RE: Однесување на родителите на детско игралиште/ во парк/на гости/ (27.8.2013 14:27:36)
|
Ау, колку лошо искуство имав пред некој ден на лулашки. Кога стигнавме ние, лулашките беа зафатени, две сестрички се лулаа, и ние културно си чекавме да се ослободи една, без да им дишеме во врат. Кога девојчињата станаа, си седнавме на една. Мајката на децава, за цело време си седеше на клупа покрај лулашките и си се занимаваше со телефонот. Кога се префрлија тие на клацкалките почнаа да беснеат, да се трескааат од земја (знаете како ги викаат тие, ние во наше време ги викавме плескавици [sm=jezicek.gif]) и стана не безбедно за нив, па мајката мораше да го остави телефонот и да ги припазува. Е, арно ама изгледа ја мрзеше, зошто после една минута им рече да станат од таму и да одатна лулашките, а тие не беа двете слободни, ние седевме на едната, и таа тоа го виде. И ни се залепија децава до нас, и Никола изгледа се подисплаши и подзастана со лулашката, и едново му се нафрли и почна да му ја влече, за тоа да седне. Тука околу стоевме и јас и мајката на децава. Јас гласно искометирав, за да слушнат и децата и мајката, дека не сме решиле дали ќе стануваме, и тотал ме изигнорираа, девојчето си продолжи да влече, а мајката да си ќути. И јас и се вртам и и велам, се извунувам, нема да реагирате? Таа мртва ладна ми одговори, што да правам, деца се. Лелеее, ми зовре таква нервоза, ќе пукнев. Јас не мислам дека треба да се тепаме заа лулашки, и не сакав таков пример да му пренесам на Никола, дека лулашката е најважно нешто на светот за кое треба да се тепаме, па му реков ајде Никоа да си одиме, ете виде како не смееш никогаш да правиш оти е многу лошо, и само неумни деца прават така и си отидовме. Никола малку се нешкаше оти сакаше да се лула, ама му ветив дека после пак ќе дојдеме и така..
|
|
|
|