Тања РР -> RE: Посвета за Среќен брак (1.8.2010 0:05:53)
|
Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи. И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам - ништо не сум. И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува. Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува; не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло; не и се радува на неправдата, а и се радува на вистината; сè премолчува, сè верува, на сè се надева, сè трпи. Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне. Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме, но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното. Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското. Зашто, сега гледаме како во огледало - нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат. А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.
|
|
|
|