LoveableMe RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: SOLE еве сум, добро поминав, не најдоа ништо значи ми направија диагностичка хистероскопија со скречинг, па да се надеваме дека ова ке ми се исплати со , инаку се договоривме со докторот веднаш да почнеме и со постапката за ивф.....И да се надоврзам за терапијата, како што читам некои од вас сте имале друга терапија, мене ми дадоа Цитерал од 500 2 пати по едно, Лактогин едно дневно и ми рече да не ги пијам заедно во исто време со цитеролот и Б комплекс, тоа... .....Инаку и јас наскоро почнувам па со нови сили и нова надеж дајбоже сега да биде се во ред. Во петок бев кај Петановски па од 14 ти овој месец поцнувам со суперфакт па кога ке добијам циклус со другите но овиј пат ке го смениме пурегонот ке одиме со други инекции, вика мора овојпат да смениме несто и да завршиме работа веке да успееме... и клексан ке примам веднаш после циклусот ке започнам со нив... ......инаку јас со суперфакт поцнувам со 0.3 од 14ти август а потоа ке примам менопур по 4 на ден, незнам какви се тие немам искуство со нив пошто предходните ивф бев со пурегон,, ми рече дека во глобала се сите исти и сепак истата функција ја имаат но ете ајде сега нешто да смениме, јас и со другите имав доволно јајце клетки но ајде да видиме сега вака... ......Инаку јас да ви се пофалам почнав со суперфакт и тоа самааа сестрата на матичниот ми е на одмор, вчера првата инекција ми беше и да видите дали од возбуда игличката не влегува или многу цврста кожа имам хаха, ама денес втората полесно... бидете поздравени сите .......Овојпат одевме со менопур, примав по 4 дневно почнав од четвртиот ден, а исто така и со клексани почнав од тој ден и ги примав до вчера вечер денес ке примам само стоп инекции во 23 часот и здравје Боже во петок сабајле пункција. докторот си рече мора да смениме сега нешто па така и бидна инаку денес на фоликулометрија рече има фоликули, ендометриумот ми е 10 па ке видиме во петок како ке биде, Поздрав до сите .........Вчера ме известија дека 5 се оплодиле и дека трансферот ке биде во среда. Инаку да ви кажам мојот рецепт за авокадо многу ми се бендиса така не го ни осеќам авокадото, во блендер заедно со јагоди имав смрзнати и малку млеко доаѓа како јогурт, пробајте! ......Фала ви девојки, за трансвер ми рече најверојатно би оделе на 5ти ден за да останат најдобрите ембриончина до тогаш но сепак утре за сигурно ке знаеме за тоа а исто така ке знаеме и колку ке бидат оплодени. Терапија имам стандардно Доксициклин, Аспирин 100, Тифол, Естрофем 2*2, она што сега ми е различно е дека немам Дексаметазон и Кринон гелот ке го примам 2 пати по едно значи и сабајле и вечер. ....Devijki od remedika vi pisuvam dobro pominav eve samo sto mi kazaa deka mi izvadile 7 jajce kletki pa daj boze da se kvalitetni i da se oplodat pa da stanat bebusi. .......Фала девојки, бидна трансферот ми вратија 3 ембриончиња па дај боже барем едно да се фати а може и повеќе, инаку првпат толку лошо чувство имав поради тоа што многу ми се мокреше, се ежев целата и едваи издржав, и стомакот ме болеше, но помина... Сега останува само да се молам и да чекам позитивен резултат ...Eve sum i jas stanuvam,legnuvam i se edno isto, ama i koga lezam nekako ne sum mirna non stop madam so nozete pa se vrtam de levo de desno uste prviot den mi se zdtvi grbot, inaku sega ne planiram celo vreme da lezam kako predhodniot pat sto oti lezev pak ne bidna, sega menjam taktika pa moze ke bidne ...И за јадењето да се надоврзам, внимавам колку можам, во глобала јадам повеќе зеленчук и овошје, насабајле јадам житарки најмногу овес со млеко или јогурт, варени јајца, месо не толку често, леб и тестенини воопшто не јадам а исто и благо и газирани сокови не. .....Девојки, напротив домашен тест преку мокрача ми излегоа две цртички, неверував дека ќе се појават две и првпат правам вака кога сум со ивф, утре ке идам на тест преку крв и тоа во ремедика решив оти туку кај матичниот не е со вредности на бета туку само онака позитивно или негативно. Сега незнам дали да се радувам предвреме, си викам да не предизвикува кринонот позитивен тест пошто и тој е нели прогестерон, вие што ке кажете? Инаку спрема сум на се, што е тоа е, здравје Боже! .....Devijki denes sum najsrekna zena na celuov svet ,beta 987 posle osum godini se smiluva Bog i na nas, fala ti Boze! ve vlecam site za nosinja da ja oset_ite ovaa radost sto poskoro! ...Девојки, да ви се пофалам, денес бев на ехо кај Петановски и се изненадивме кога рече оп абе ова близнаци и тоа еднојајчени, во едната јајце клетка се поделиле и сега се двечки, дупла среќа моја, инаку рече се си е во ред, гитара мереше нормални биле за осма недела срценцата ги слушнавме на двете. Поздравче до сите, и со лесно нека ни е. ....Fala vi mnogu devojki , presrekna mamicka sum na dve bliznacinja sinkovci koi na ovoj svet dojdoa na 26.04.2016 se porodiv so carski vo remedika se bese ok,ednoto tezi 2200 a drugoto 1500, dolgi 49cm. Pozdrav do site i da ja doziveete ovaa sreka i radost СОЛЕ е нашиот јунак, меѓу нашите најсилни борци на рингераја. По 8 години борба со неплодност, но направен скречинг и 4-то ИВФ, остана бремена и на 26.04.2016 година се породи со машки близнаци. Честитки!
< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.5.2016 14:10:16 >
_____________________________
Обиди: 5,5 години 2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати Верувај во чуда!
|