|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Имав успешна ИФВ постапка на забременувањ...
30.10.2015 9:59:55   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: didi28

Zdravo devojcinja koj znae od koga ve sledam so site od vas iako nikogo neznam i placam i se raduvam kako da ste mi najbliski.Mozebi ke bidam so podolg post vi se izvinuvam odnapred no sakam da go spodelam moeto iskustvo.Se macam so neredovni ciklusi od moi 15 godini a sega sum 33 i za ovie godini sto se ne pominav mislam po lekari no sekogas si vikav deka mora da sum jaka i deka ima od loso poloso.Imase periodi bev premnogu jaka a nekogas mnoguuu potistena i razocarana no sega koga ke razmislam mozebi i jas sum delumno kriva nikogas do kraj ne ja isteruvav rabotata.So maz mi sme skoro 7 godini zaedno od koi 6godini ziveeme zaedno i pravime bebe.

Na pocetokot a toa se prvite 3 godini nitu sme se zamarale dali ke bide ili nekoj drug da ne pritiska do kaj sme sto sme,a najiskreno vi kazuvam ni najdlaboko vo dusata ne sum pomisluvala ili da se zamaram no sekako ne se pazevme i nikogas nisto ne se sluci se do 2013 god koga resiv deka ke odam kaj dr.Mitko Ivanovski na kogo inaku bezrezervno mu veruvav koga otidov a doznav i se resiv za nego od vas ( inaku dolgo imam ideno kaj lazarevski,petanovski i kaj koj uste ne)Idam kaj dr i mu vikam jas imam problem kaj maz mi valjda nema bidejki on ima dete od prv brak ama prvi ispituvanja kaj mene pokazaa policisticni jajnici i tiroidna tapa t.e 5ka koja inaku ja lecev a ne ja dolekuvav bidejki sama odreduvav koga pijam koga nepijam a kaj maz mi sto se ne izleze astenoteratozoospermia a mozda i uste nesto :D Pocnav da se rasprasuvam dali nekoj moze da mi napravi dokumenti kako da sum pravela inseminacija arno ama nemase sansi i jas fino lepo ne planirav da davam pari po privatni bidejki toa mi e zacrtano u glava deka retko koja ostanuva bremena(mozebi gresam ) i mi e samo nekoja procedura za do vaucer i jas u drzavna edna ja pravev kaj trajkovski i bidejki tapa spermogramot mi rekoa ti izgleda ke pomines samo so dve inseminacii.Jas ziva srekna pomina edna inseminacija na 9ti mart pa uste edna vo juni kaj tofovski mada ni edniot ni drugiot ne gi vidov tuku mislam specijalizantka mi pravese i koga pomina vtorata tofovski mi napisa izjava deka dovolni se dve inseminacii i mojata najteska bitka pocna.Pocnav da sobiram dokumenti za invitro....luge ako vi kazam deka sum sobrala dokumenti za 15 dena nema da mi veruvate ili pak jas moze sum zamisluvala deka e koj znae sto.Sekogas u zivotot sum vikala ako se ide kako podmackano verojatno nisto nema da bide (jas nemav ni edna precka)no do sega fala mu na boga e dobro.

Na 18ti avgust podavam dokumenti vo fond i na 1vi septemvri mi se javija deka mi e odobren -poubav poklon za rodenden u zivot ne sum dobila, kako da sum trudna tolku mnogu se raduvav.Na 09.09 zakazano kaj Mitko i pocnav so dabraston i suprefact 0,5 na 24ti pocnav so puregon 4dena po 2 i dr ne bese zadovolen pa vi dade fostimin 5dena po 3 i 1den 4 na 04.10 primiv stop inekcija i na 06.1o imav punkcija kade mi izvadija 12 jk,se oplodile samo 3 od koi 2 bile preubavi i tie dve mi gi vratija na 06.10 Terapija po transver mi bese tifol 2x2,vitamin D,na svoja raka prenatal si piev inaku posle taa doza si zemav femibion toa dr mi preporaca,1aspirin,2x2estrofem,dekortin 2x1,B6 2x1,evitol,metrformin i krinon i izlezavanje 15 dena od koi samo 5 izdrzav a drugite 10dena se razmrduvav niz doma.

Neli nestrplivi sme koga nesto mn ni znaci jas pobrzav i napraviv test na 11 den i negativen bese si poplakov si se izzaliv i rekov gotovo toa e toa ideme ponatamu,po nagovor na snaa mi pravam uste eden test na 14 ti den arno ama nesto se utna i mi se rasipa i na 15ot den si otidov so drugarkite u kafana si pivnav uzenceuser posted image si znaev deka nema nisto i od toj den ja prekinav terapijata ama sabajleto napraviv test na 16ot den i pak negativen ama jas si ocekuvav.Denta zboram so doktorkata od patofiza i jas i kazuvam deka nema nisto ama deka veke mi kasni 4-5 dena i bolka vo gradi i jajnici ko za dobivanje ona mi vika aj be napraj test preku krv jas i rekov nema potreba zs da se zalazuvam i da ne mi se javese sestra saska za nekoj dokument sosem slucajno jas ke si znaev deka nema nisto, znaci 100% si se otkazav i si prifativ deka odam na vtoro invitro pak kaj Mitko.

Zenicki vo sredata sega na 28mi jas odam na test preku krv i mi izleze pozitiven jas seuste nemozam da veruvam deka sum user posted image a denes bev vo sistina i pravev test preku krv so B hcg i rezultatot e 1315 sto najverojatno ke si cekame user posted image user posted image Ova sto mene mi se sluci a se nadevam i ponatamu deka ke bide se kako sto treba na sekoj sto ja ima istata maka mu posakuvam sto pobrzo da mu se sluci.Najvaznoto zaboraviv da kazam nitu vnimavav koj znae kolku na hrana i proteini,se zagledav nekoja serija i od 15 dena jas 10 gi preplakav pa ete se sluci,znaci jas mislam deka e najvazna e pozitivnata misla, doverbata vo doktorot i verbata vo boga.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Имав успешна ИФВ постапка на забременувањ...
6.1.2016 14:54:51   
Kvisko
Јас до сега немам лично напишано тука од шујбе да не урочам нешто ама вчера сонцето на мама дојде на свет па да си ја пишам мојата приказна.

Обидите за забременување почнаа во 2010 во Јануари. Во август останав спонтано бремена но имав missed абортус во 8 недела и тешка киретажа заради стенотичен цервикс кој не се отвори при првиот обид па утредента ме вратија пак да пробаат со ехо. Наодот им бил сомнителен па во сала влегол Димитров кој видел септум. Во 2011 го отстранивме септумот и почнавме повторно природно да се обидуваме природно и покрај моите полицистични јајници. Димитров ме упарти и на трансфузиологија каде добив препорака за аспирин 100 секој ден заради пореметување на коагулациските времиња. После долго време природно обидување лутање по доктори и дијагностицирање на проблеми дојдовме до д-р Трајанова на ГАК која се покажа како одличен дијагностичар и прекрасен доктор од аспект на пристап со пациенти. Таа ми ја врати надежта дека и јас ќе имам бебе. За жал арсеналот што го имаше не беше доволен. Дијагнозата кај мене: полицистични јајници со инсулинска резитенција, извијуган лев јајцевод и стенотичен цервикс. Исто така имам и хетерозиготна мутација на мтхфр и пореметувања на коагулациските времиња. Дијагнозата на мм олигоспермија.
Во Декември 2014 пак се вративме кај Димитров за последната инсеминација и договарање за ивф. На првата средба ми ја зголеми дозата на метформинот на 1000 (претходно пиев 500). Инсеминацијата не беше успешна и се договоривме да одиме со ивф наредниот циклус. Во меѓувреме поднесовме документи за ваучер. Пред дури и да го добиеме ваучерот јас почнав со јасмин еден циклус. На 18 ден од циклус го добив ваучерот и бев на преглед. Бидејќи јајниците беа смирени од 21 ден на тој циклус почнав со супрефакт 0.5. По добивањето циклус го намаливме супрефактот на 0.3 и така остана до пункција. На 3 ден од циклус почнав да се боцкам со 4 пурегони дневно. Терапијата траеше 10 дена и заврши со огромен естрадиол кој нагло скокна до скоро 6000. Сепак јас не прашував премногу не ни знаев колку фоликули имам и слично. Едноставно решив да му верувам на докторот и неговата проценка и толку. Уште на почеток на постапката добив предупредување дека може да имам хиперстимулација и одложен трансфер и така и бидна. На денот на пункција извадија 21 јајце клетка од кои 18 зрели. Одма замрзнаа 6 а другите 12 отидоа на икси оплодување. Од нив добивме 6 бластоцисти кои ги замрзнавме заради хиперстимулацијата. Терапијата после пункција ми беше само дабростон и антибиотик. Со тоа одеше и многу вода и изоспорт по два литри дневно. Наредниот циклус се беше во ред и почнавме планирање на трансфер. Чекавме природнл да прсне фоликулот дури не примив ни прегнил и за среќа имав спонтана овулација после бог знае колку време. По овулацијата пиев дабростон се до трансфер. Ми вратија две бластоцисти и добив плус утрогестан 200 секоја вечер. По трансферот одмарав три дена и потоа почнав со нормални активности без многу напор. На 14 ден од трансфер имав позитивна бета од 657. Недела дена после бетата имав кафевкасто крварење кое ме извади од памет заради претходниот missed абортус. За среќа на ехо се виде срцева акција на едно бебе. По прилично добрата бременост на 5 Јануари 2016 на свет дојде моето сонце.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Имав успешна ИФВ постапка на забременувањ...
6.1.2016 20:37:30   
pepapa
Cestitki Kvisko, da ti e zivo i zdravo bebceto, samo ubavini da ve sledat cel zivot, si go dobi najubaviot novogodisen podarok :)

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Имав успешна ИФВ постапка на забременувањ...
27.4.2016 11:18:03   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: SOLE

еве сум, добро поминав, не најдоа ништо значи ми направија диагностичка хистероскопија со скречинг, па да се надеваме дека ова ке ми се исплати со user posted image user posted image , инаку се договоривме со докторот веднаш да почнеме и со постапката за ивф.....И да се надоврзам за терапијата, како што читам некои од вас сте имале друга терапија, мене ми дадоа Цитерал од 500 2 пати по едно, Лактогин едно дневно и ми рече да не ги пијам заедно во исто време со цитеролот и Б комплекс, тоа...

.....Инаку и јас наскоро почнувам па со нови сили и нова надеж дајбоже сега да биде се во ред. Во петок бев кај Петановски па од 14 ти овој месец поцнувам со суперфакт па кога ке добијам циклус со другите но овиј пат ке го смениме пурегонот ке одиме со други инекции, вика мора овојпат да смениме несто и да завршиме работа веке да успееме... и клексан ке примам веднаш после циклусот ке започнам со нив...

......инаку јас со суперфакт поцнувам со 0.3 од 14ти август а потоа ке примам менопур по 4 на ден, незнам какви се тие немам искуство со нив пошто предходните ивф бев со пурегон,, ми рече дека во глобала се сите исти и сепак истата функција ја имаат но ете ајде сега нешто да смениме, јас и со другите имав доволно јајце клетки но ајде да видиме сега вака...

......Инаку јас да ви се пофалам почнав со суперфакт и тоа самааа user posted image сестрата на матичниот ми е на одмор, вчера првата инекција ми беше и да видите дали од возбуда игличката не влегува user posted image или многу цврста кожа имам хаха, ама денес втората полесно... бидете поздравени сите

.......Овојпат одевме со менопур, примав по 4 дневно почнав од четвртиот ден, а исто така и со клексани почнав од тој ден и ги примав до вчера вечер денес ке примам само стоп инекции во 23 часот и здравје Боже во петок сабајле пункција. докторот си рече мора да смениме сега нешто па така и бидна инаку денес на фоликулометрија рече има фоликули, ендометриумот ми е 10 па ке видиме во петок како ке биде, Поздрав до сите

.........Вчера ме известија дека 5 се оплодиле и дека трансферот ке биде во среда. Инаку да ви кажам мојот рецепт за авокадо многу ми се бендиса така не го ни осеќам авокадото, во блендер заедно со јагоди имав смрзнати и малку млеко доаѓа како јогурт, пробајте!

......Фала ви девојки, за трансвер ми рече најверојатно би оделе на 5ти ден за да останат најдобрите ембриончина до тогаш но сепак утре за сигурно ке знаеме за тоа а исто така ке знаеме и колку ке бидат оплодени. Терапија имам стандардно Доксициклин, Аспирин 100, Тифол, Естрофем 2*2, она што сега ми е различно е дека немам Дексаметазон и Кринон гелот ке го примам 2 пати по едно значи и сабајле и вечер.

....Devijki od remedika vi pisuvam dobro pominav eve samo sto mi kazaa deka mi izvadile 7 jajce kletki pa daj boze da se kvalitetni i da se oplodat pa da stanat bebusi.

.......Фала девојки, бидна трансферот ми вратија 3 ембриончиња па дај боже барем едно да се фати а може и повеќе, инаку првпат толку лошо чувство имав поради тоа што многу ми се мокреше, се ежев целата и едваи издржав, и стомакот ме болеше, но помина... Сега останува само да се молам и да чекам позитивен резултат

...Eve sum i jas stanuvam,legnuvam i se edno isto, ama i koga lezam nekako ne sum mirna non stop madam so nozete pa se vrtam de levo de desno uste prviot den mi se zdtvi grbot, inaku sega ne planiram celo vreme da lezam kako predhodniot pat sto oti lezev pak ne bidna, sega menjam taktika pa moze ke bidne user posted image

...И за јадењето да се надоврзам, внимавам колку можам, во глобала јадам повеќе зеленчук и овошје, насабајле јадам житарки најмногу овес со млеко или јогурт, варени јајца, месо не толку често, леб и тестенини воопшто не јадам а исто и благо и газирани сокови не.

.....Девојки, напротив домашен тест преку мокрача ми излегоа две цртички, неверував дека ќе се појават две и првпат правам вака кога сум со ивф, утре ке идам на тест преку крв и тоа во ремедика решив оти туку кај матичниот не е со вредности на бета туку само онака позитивно или негативно. Сега незнам дали да се радувам предвреме, си викам да не предизвикува кринонот позитивен тест пошто и тој е нели прогестерон, вие што ке кажете? Инаку спрема сум на се, што е тоа е, здравје Боже!

.....Devijki denes sum najsrekna zena na celuov svet user posted image ,beta 987 posle osum godini se smiluva Bog i na nas, fala ti Boze! ve vlecam site za nosinja da ja oset_ite ovaa radost sto poskoro! user posted image user posted image user posted image

...Девојки, да ви се пофалам, денес бев на ехо кај Петановски и се изненадивме кога рече оп абе ова близнаци и тоа еднојајчени, во едната јајце клетка се поделиле и сега се двечки, дупла среќа моја, инаку рече се си е во ред, гитара мереше нормални биле за осма недела срценцата ги слушнавме на двете. Поздравче до сите, и со лесно нека ни е.

....Fala vi mnogu devojki , presrekna mamicka sum na dve bliznacinja sinkovci koi na ovoj svet dojdoa na 26.04.2016 se porodiv so carski vo remedika se bese ok,ednoto tezi 2200 a drugoto 1500, dolgi 49cm. Pozdrav do site i da ja doziveete ovaa sreka i radost user posted image


СОЛЕ е нашиот јунак, меѓу нашите најсилни борци на рингераја. По 8 години борба со неплодност, но направен скречинг и 4-то ИВФ, остана бремена и на 26.04.2016 година се породи со машки близнаци. Честитки!


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 6.5.2016 14:10:16 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот pepapa)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Имав успешна ИФВ постапка на забременувањ...
27.4.2016 11:32:27   
MademoiselleNina
ах колку многу се радувам за успешните инвитра, се наежив кога го читав погоре напишаното. Ми влева надеж, душата ми се растопи, колку е прекрасно кога читам ваква вест!
Да се живи и здрави, и големи да растат, а мама и тато да бидат горди со нив.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 55
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?