miana
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR рекоа дека тоа е работата, во конаците треба да преспиете и таму да работите на случјот. Конаците се наоѓаат на свето место.Мене ова ми изгледа на сквернавење на светилиштето.Мислам дека тука поголем удел има вербата и молитвата,отколку самиот чин на правење бебе.Најдобро за оваа работа да си прашате свештеник. Таков чин во Божјиот дом ...,мислам дека не е дозволен. И мене ми беше тоа несватливо , а седевме цело друштво и ме убедуваа дека таму треба да се прави бебето и затоа се јавивме кај парот што имаат бебе направено таму, и ни потврдија дека детето е таму правено и дека таму се фатило и затоа се вика Јоаким..( муабетот беше - па што мислите вие, од воздух е детето - нормално дека таму е правено, затоа и се оди таму ) Кумовите наши се од Крива Паланка и редовноодиме во тој манастир, три пати годишно сигурно а и на 28 ми август за Богородица сме таму..И кумовите ни имаат кажано дека таму одат парови што немаат деца, пресипваат таму и добиваат бебиња. Има таму луѓ, сигурно има и некој контакт телефон за резервирање, видете и распрашај те се. Јас ви кажувам од луѓе што имаат добиено бебе, баш таму фатено, значи од искуство!!! И логички е, ако одат таму за да добијат бебе, таму и да го прават, а башка што тоа се луѓе во брак, а според Божјите заповеди тој чин во брак е дозволен, така се продолжува човештвото, такада не мислам дека тоа е таму забрането, особено што не се води љубов во манастирот, туку во одаите кои се за гости наменети.. Слушнав дека во тој регион има нов владика кој донесува нови закони, и дека овој манастир од другата година ке го прават машки манастир, односно тука ке доаѓаат монаси да живеат и ке има одредени денови за посета. Нема да биде слободно како и до сега, па граѓаните од Паланка имаат намера со петиција да се обидат да спречат да го прават од затворен тип.. Видете луѓе распрашајте се, вреди да се проба, барем јас знам за овој пар, со години немаа деца со се се обидоа, со ова им успеа, си имаат сега три дечиња!
_____________________________
Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
|