Bethany -> RE: Бајачи-надеж во решавање на проблемот со забременување (13.11.2014 15:14:26)
|
Прво сакам да направам поделба помеѓу бајачите гледареци и оние што прават чаеви од разноразни тревки. Вторите не би ги ставила во категорија бајачи, пре би го нарекла алтернативна медицина. Така старите се лечеа порано со билки, кога немаше волку напредна медицина, ин витра и триста чуда. Мада, сепак не сум за пиење чаеви без консултација со лекар. Можеби демек наивно да изгледат, природно е демек, ама како што еден чај не е препорачлив во бременоста да се пие, бидејќи може да донесе компликации, што станало со разноразни тревки кои едно ќе лечат, друго ќе нарушат. Не дека сум против чаеви, ама сепак во консултација со медицинско лице, па и зошто побогу да се враќаме назад, кога може да идеме напред? Друго, во врска со бајачите. Само би ви поставила едно прашање на оние кои одат по овакви работи? Дали се исповедате како христијански верник? Ако да, вие треба да знаете дека овакви работи се строго против христијанската вера, не само против вера како вера, туку Библијата (Бог) јасно пишува дека овакви работи и луѓето кои одат по гледареци, магии и астролози му се гнасни и дека не доаѓаат од Него. Може да се молат во Божјо име колку сакаат ама не се од него. Знам ќе речете маката на се натера, ама добро нели е Господ над сето тоа, нели е Исус Христос Господ и Застапник? Па упативте ли молитва директно кон Бога? Ако да, и ништо не се случува, па не се случува преку ноќ. Бог ги слуша молитви и одговара на нив - во Свое време! Сите хероји на верата, познати и во христијанската (и исламска вера), многу долго чекале дете (ова само за охрабрување): пример Авраам и Сара, не можеле да имаат деца. После ветувањето што им го дадел Бог дека ќе им даде дете, тие чекале уште 25 години! друг пример: Јаков и Рахила (неговата најголема љубов). Таа не можела да има долго години деца, сега не знам точно, најмалку едно десетина години, па Бог и го дадел близанци. Па после тоа Ана, жена на пророкот Елкан, со години го чекала детето и дојдело на крај Самоил. Па потоа во Новиот Завет, мајката на Јован Крстител, Елисавета, долго години не можела да остане бремена, па на крај го добила Јован. Тоа што ми текнува во моментот. Сите тие се молеле и чекале и му верувале на Бог. И Тој никогаш не ги заборавил. Бог имаше специјално време, обично велам ако нешто се чека значи дека е специјално благословено од Бога. Ако посегнувате и се свртувате кон овие демонски работи, можеби ќе останете бремени, ама не со благослов од Бог, а ѓаволот доаѓа по свое - кога тогаш. Затоа подобро покајте се (сега звучам ко Јован Крстител хехе) и верувајте Му на Бог. Ова се ви пишувам вам кои денес-утре ќе се спремате за христијански празници и се декларирате како верници. Не може да бидете на двете страни. Тоа е моето мислење, всушност не е моето мислење туку Божјо мислење, па сега кој како одлучи во срцето.
|
|
|
|