Hopeful RR -> RE: Бајачи-надеж во решавање на проблемот со забременување (13.11.2014 21:26:22)
|
Скроз се слагам со Bethany, јас лек барам во напредокот на медицината и евентуално, ако ништо од класична медицина не помага, комбинација со алтернативна ама строго исконтролирано и проверено, а не бабини деветини. И јас еднаш се залажав па побарав чај да ми направат, ми кажаа за некој човек, ама не отидов ни да го земам. Од кај да знам што се ставаат, стопати поголеми проблеми ќе ти отворат... А бајачките и јасновидците, ни под разно, за тоа сум многу строга. Не верувам во баење, уроци и магии, тоа го имам студирано на факултет и точно знам дека се приказни за мали деца од пред појава на религија, кога човекот не можел да си го објасни светот околу себе, па си замислувал којзнае какви сили на кои наводно може да влијае. Зини да ти плукнам! [sm=smiley1.gif] Верувам во позитивна и негативна човечка енергија, верувам во космичка рамноправност и општа спиритуалност, духовност, медитативност, смиреност. Во текот на цела постапка, и пред и после тоа, се молев и се трудев да се исполнам со позитивни, убави мисли, чисти визуелизации и многу насмевки. Не идеализирам дека успехот е само до тоа, но мене ми помогна. Не сакам да ги навредувам рингерајките кои веруваат во бајачки, но мене ни на крај памет не ми е да им одам ама баш за ништо во животот, па и без пари да се.
|
|
|
|