Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Дали го лупите овошјето или зеленчукот? 23.4.2012 10:34:17
Felly RR
5 храни кои никогаш не треба да ги лупите Краставица Краставицата е зеленчук кој не треба да го прескокнувате. Освен тоа што е ниско калоричен зеленчук, краставицата има лушпа која е особено корисна. Основната компонента на лушпата на краставицата (силика) помага во формирањето на колагенот на кожата. Оваа лушпа нема лош вкус, па затоа наредниот пат кога ќе правите салата ставете ја краставицата неизлупена.
Јаболко Истражување во Cornell University, покажало дека лушпата на јаболкото содржи 87% повеќе фитохемикалии кои се борат против ракот, отколку сочната внатрешност на јаболкото. Лушпата на јаболкото нема лош вкус и лесна е за џвакање. Помогнете му на вашето тело да се бори против болестите и јадете го јаболкото цело.
Портокал Надворешната лушпа на портокалот е богата со д-лимонин, кој е непријател на UV зраците. Според истражувачите на универзитетот во Аризона, Америка, консумирањето на една чајна лажичка изрендана кора од портокал неделно, го намалува ризикот од рак на кожата за 30%. Ако не ви е пријатно да ја јадете кората сурова, измешајте ја во салата. Така салата ќе добие убава арома и вие без проблем ќе ја изедете кората.
Модар патлиџан Лушпата на еден модар патлиџан во просек содржи 300mg насунин, антиоксиданс кој ги заштитува мозочните клетки, 200mg калиум и 13mg магнезиум. Ако го јадете овој зеленчук похован, никогаш нема да ја забележите лушпата, а таа ќе се бори за вашето здравје.
Киви Основните компоненти на лушпата на кивите помагаат во борбата против бактерии како стафилококи и Ешерихија коли. Лушпата на кивите не е пријатна за јадење. За да ја внесете без да ја забележите, исечете ја кивата на тенки парченца или измешајте ја во салата.
извор:фемина.мк
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Дали го лупите овошјето или зеленчукот? 21.2.2014 1:47:06
Defne90 RR
И јас дефинитивно им лупам се,знаеме дека нема напрскано овошје па од таа причина и го лупам.Инаку витамините се кријат во лушпата ама џабе е кога е прскано,полна е со отрови и хемикалии.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
RE: Дали го лупите овошјето или зеленчукот? 21.2.2014 11:38:12
princessa
lupam se zasto se se sobira vo korata od hemikaliite sto gi upotrebauvaat za zastita. E koga e od dvor i e cisto organski ne lupam se pravam isklucoci zasto korata sodrzi najveke vitamini
RE: Дали го лупите овошјето или зеленчукот? 15.4.2014 9:35:04
vanessa30
За мене некогаш лупам, некогаш не. Едни викаат здраво е целулозата, други викаат прскано е. А немам некаде од каде со 100% сигурнност ке купам органско. А за син ми лупам, бидејки не ги јаде лушпите.