|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
15.1.2011 15:34:13   
Snowhite RR
Епа во градинка се на општа исхрана, јас затоа не сакав да го запишам пред да направи година, ништо, прави си од дома кашички и нека го ранат со нив, мислам дека така е дозволено

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Tajna)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
15.1.2011 15:43:10   
Viktori
дома уште е блендирам, од пасирано се дави, незнам што ќе и прават таму..


Престани да и блендираш бе. Можеби во градинка полесно ќе и биде отколку дома...

Во врска со исхраната ќе си земеш листа на јадења и ќе си прешкрташ се што не сакаш да јаде.
А од дома не смее секаде да се носи. Не е едно дете... можеби сок да даваат да внесеш, ама јадења? Мислам дека нема да смее...

_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
15.1.2011 15:49:33   
Tajna
ма пробувам цело време, не дека не пробувам! А во градинкава неможе да носам од дома спремено, једино ако е готово купено, а тие готовите кашички од зеленчуци ич не ги јаде, ама ич. Ќе видам, ќе ги молам, ваљда ќе се сожалат user posted image

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
15.1.2011 15:54:02   
Snowhite RR
Не знам можеби не дозволуваат секаде, во градикава кај што работи свекрва ми, дозволуваат.
Инаку да, пробувај да и пасираш и така да се навикнува, мора да се навикне постепено, биди упорна, јас од 7 или 7 и пол месеци престанва да блендирам


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Tajna)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
15.1.2011 16:04:54   
Viktori

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tajna

ма пробувам цело време, не дека не пробувам! А во градинкава неможе да носам од дома спремено, једино ако е готово купено, а тие готовите кашички од зеленчуци ич не ги јаде, ама ич. Ќе видам, ќе ги молам, ваљда ќе се сожалат user posted image



Тајна, нема да се сожалат затоа што тоа е за нивно добро. Премногу е топло го градинките, а никој нема да трча во кујна да носи во фрижидери, па да вади па да грее...Надвор не смее да стои. А купечкото си е со рок на траење и на ваша одговорност. Замисли да се расипе нешто од јадењето на топлото и после? Кој ќе биде крив?
МОжеш да пробаш со храната од градинка постепено... Не знам си видела што им даваат за јадење?


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Tajna)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
27.3.2011 10:40:21   
Pepelaska *
Женски сакам да слушнам одговор за мојов ај ете да не го наречам проблем,
на 16 мај ми завршува породилното а тоа е само за месец и пол, јас почнав да си плачам уште од досега ,премногу ми е тешко, е сега Мартин освен дедо му , свекор ми нема никој кој да го чува, од страна на шетање, играње и слично знам дека ќе му биде супер со него ама од страна на јадење, спиење, преслакање и друга нега на детето што сметам дека е поважно незнам како би се снашол некој кој никогаш не чувал дете, плус маж. Денес ми рече дека одвај чекал да одам јас на работа за да го чувалuser posted image . Ако го оставам со него знам дека после ќе имам едно разгалено дете на кое му е се дозволено.Е сега, мене не ми се оди на работа воопшто, смените се 1 и 2 а втора е до полноќ па утредента во 8 прва. Кога јас ќе го видам детето. Не ми е по струка, не ми се свиѓа и уште од пред породилното ми беше преку глава дојденоuser posted image од притисок  , замор и слично. Плус сега завршив со апчиња за болки во половината.Со мм не зме зборнале како што треба ама се ми се чини дека сака да одам на работа , а тој е по 12 саати на работа, Детето ни татко ни мајка ќе види user posted image user posted image user posted image , да ни требаат пари ама дали се повредни од моето дете кое сакам ЈАС да го воспитувам , уште ни некој ред немаме а да го оставам сега...За градинка не ми се дава толку мало барем од година. Што би направиле вие?

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
27.3.2011 11:01:35   
Melinda
Пепелашка и јас бев во слична ситуација. Работата која ја работев ми беше преку глава. Вработена бев со средно, а имам завршено факултет. Плата мизерна,а работата тешка. Уште пред да останам бремена си велев дека детето ќе ми биди изговор да ја напуштам. И така и беше. Требаше да почнам да работам кога бебето имаше 7 и пол месеци. Ама не почнав. Сега јас си го чувам и во меѓувреме барам работа со факултетот. Ама така се договорив и со мажот ми. Инаку имам другарка на која свекорот сам и го чуваше детето до 2 години. Е сега навистина е малку разгалено, ама тоа е. Прво сама размисли што ти одговара најмногу, па консултирај се и со сопругот. Убаво е да го гледаш детето како расти, ама и малку ќе ти недостига да се смешаш со луѓе. Јас не жалам за одлуката што ја донесов. 

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
27.3.2011 11:05:47   
Martins mom
Знам дека ти е тешко Пепелашка, ама дај боже јас да го имав твојот избор. Штом некој се нафаќа да ти го чува-тоа е одлично! Да одиш на работа е супер за тебе, не само ради парите, туку и заради промена на средина. Ќе се чувствуваш подобро, верувај. Дедото ќе се научи да менува пелена, а ти ќе му оставаш храна со која да го рани дури тебе те нема и ќе му кажеш и во колку часот да му даде.
Оди на работа, остатокот од времето ќе си го поминуваш со Мартин, ти си му мајка и ќе видиш дека ти ќе имаш најголем афторитет во воспитувањето на детето.
Ееее камо да имав каде да одам на работа и да сакаше некој да ми го чува детето....user posted image user posted image  

_____________________________

Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
27.3.2011 15:15:24   
Snowhite RR
Пепелашка не се двоуми,почни си на работа, дедото ќе се научи, не е некоја филозофија да смени памперс и да го нарани, а за воспитувањето е рано сега, тоа уште не разбира за разгалување, а после ќе си го запишеш в градинка, верувај ми, кога ќе почне да патка и да сака да оди, да префаќа дома, напорно е цел ден да го чуваш сама, јас еве колку и да ми недостига што не сум по цел ден со детето, кога имам слободен ден, се уморувам од цел ден трчање по него и си велам леле ако не одев на работа секој ден вака со него ќе се избудалев, а вака времето што го имам со него барем квалитетно е поминато, што според мене е побитно отколку да поминуваш повеќе време а да си нервозна, да развикуваш по него.
Сепак ти си знаеш, разговарај со мт, одлучете

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Martins mom)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
27.3.2011 15:32:50   
Viktori
Пепелашка, кога јас би требала да бирам пре би го дала во градинка и никој да не му обраќа претерано внимание, отколку се што сум се трудела да направам да ми расипе некој неразбран роднина кој мисли дека ако му купи лижавче детето ќе го сака повеќе него, а нема ни да му текне дека на детето се поважни здравите навики од неговите кеифи.

Во врска со дали сакаш да работиш или не, па не знам, сигурно мт би те разбрал ако му кажеш дека сакаш да бидеш дома барем додека не потпораснете за во градинка.

+ не се согласувам дека е рано за воспитување. Баш напротив, сега е времето за воспитување. Ако ти не го научиш уште сега дека НЕ е НЕ и НЕ МОЖЕ е НЕ МОЖЕ никој нема и никогаш! Дете од 5-7 години не се воспитува туку само се насочува.


< Поракaта ја уредил виктори -- 27.3.2011 15:35:19 >


_____________________________

Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ...
Мај нејм ис лукс. Жито лукс.





(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
27.3.2011 16:26:20   
Pepelaska *
Да Виктори најмногу ми е за тоа,за воспитувањето  еве неколку дена по ред го гледам абе ако не му дадеш нешто во кое се загледал плаче вреска, уште од сега покажува лутина, а можам да замислам после.Барем од искуството на мои другарки и јас мислам дека не е рано за воспитување, знам дека како дедо никој нема да го чува ама што викаш тој нема да го научи дека НЕ е НЕ а јас не сакам да имам такво дете, незнам сум си зацртала во главата да го воспитам како што треба, може некој ќе си рече оваа се мрднала детето не е во војска ама едноставно ме нервираат разгалени деца кои се лигават и прават се што ќе им текне, ако и моето дете е такво ќе сметам дека сум ја промашила улогата на мајка , а што е и полошо па сум учела да воспитувам деца и на крај моето најразгалено. Еве исто и една другарка која тргна на работа сега ми кажа дека напуштила за да може да го превоспита детето кое сега ќе полни 2 години а е премногу збеснато.Малку забегав од темава. Баш прееска отидов до на работа пиевме кафе со колегата и ми вика ако можеш ич не се враќај, ако сакаш да губиш нерви а и за помала плата идај, имам време уште месец за мислење ќе видиме,

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
27.3.2011 16:36:03   
Snowhite RR
Добро не мислев дека за воспитување треба да се чека до 3 или 5 години, ама на 7 месеци е рано според мене, нека тргни на работа, за месец два ќе види како ќе се одвиваат работите, па тогаш може да се одлучи за во градинка или ако има некоја друга варијанта

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
27.3.2011 16:42:41   
Pepelaska *
Добро сеуште толку не разбира се ама сепак, како што гледам дедо му уште од сега се фали дека се ќе му купувал, многу се нервирам за се тоа, кога му давам да јаде абе вика дедо не се јадат кашички в лето јас ќе ти купувам од продавница ( а што смоки чипсови и чоколади) user posted image и мене една варијанта ми е таа да тргнам па кога сите ќе сфатат дека детето ќе се направи за никаде и дека треба да се оди в градинка или мама дома, од една страна знам и јас сакам да излагам од дома ама ја мразам работата тоа најмногу ме мачи, воопшто не ја сакам , од друга дома се на мене се чека за сите ( чистење ова она) и за тоа сакам да избегам малку барем додека се преселиме па да си бидам раат.Ама колку ми е тешко знам дека ме разбирате и наместо овај месец да го поминам во уживање јас ќе се утепам од мисли и плачки user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
28.3.2011 18:10:35   
Pepelaska *
Леле луѓе , како сум нервознаuser posted image user posted image user posted image  после ова сега пред малку што го видов нема шанса да го оставам , иде баба му од работа го зема ( јас правев ручек сосе него и супер си ми беше ) го седнува на маса му дава трошки од лепчето а рацете неизмиени, јас пржам а таа го зема ни капа ни ништо надвор го извади на ветрот , иде дедо му од работа го зема го патка го трча се додека детто не почна да плука пена од устаuser posted image user posted image е значи како да го оставам сам со нив, пред мене прават глупости а не па јас да не сум којзнае што ќе ми направат од детето , ма не после се му кажувам на мм и ќе му кажам или градинка ако сакаш или јас дома друго нема шанса,user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !

(Одговор на членот Pepelaska *)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
28.3.2011 22:35:47   
AnnaMolly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: виктори

Пепелашка, кога јас би требала да бирам пре би го дала во градинка и никој да не му обраќа претерано внимание, отколку се што сум се трудела да направам да ми расипе некој неразбран роднина кој мисли дека ако му купи лижавче детето ќе го сака повеќе него, а нема ни да му текне дека на детето се поважни здравите навики од неговите кеифи.

Во врска со дали сакаш да работиш или не, па не знам, сигурно мт би те разбрал ако му кажеш дека сакаш да бидеш дома барем додека не потпораснете за во градинка.

+ не се согласувам дека е рано за воспитување. Баш напротив, сега е времето за воспитување. Ако ти не го научиш уште сега дека НЕ е НЕ и НЕ МОЖЕ е НЕ МОЖЕ никој нема и никогаш! Дете од 5-7 години не се воспитува туку само се насочува.



Се сложувам со секој збор.


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Viktori)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
28.3.2011 23:57:57   
mamicki
Дете, по мое, на баба, на дедо, само на припазување, како на бебиситерка, ако теба да појдеш до некаде или да излезете навечер, инако- никако! Нема врска дали се родители на мажот или твои, подобро си е да не им дозволиш да си земаат премногу за право, оти потоа на глава ќе ти се качат!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 8:51:35   
vesna1
Jas vcera mnogu se iznervirav. Ja pretera bebisiterkata. Vo odnos na maleckata ja cuva super, ja rani, nemozam da se pozalam. Ama sekoja nedela te molam izlezi od rabota porano imam rabota, sekoja nedela ima rabota, treba ona da ide na lekar, treba kerkai da ja isprati vo Belgrad, i dosle gosti pa morala porano da izleze i bukvalno 2,5 meseci otkako ja cuva, od rabota izleguvam preku 15 pati porano zaradi nea. Sinoka mi se javuva vo 8 vecer i mi vika ne mi e dobro utre nemozam da dojdam. Pa ajde jas moli po drugarki da dojde nekoj da ja pricuva. I sega edna drugaraka dojde ama maleckata place od nea i sabajle ja ostaviv placejki. Pa MM ke si dodje od 3 smena i mesto da spie treba da ja cuva. A jas izgleda ke treba da zimam denovi od odmor ako gospogata ne dojde. I kako da i odbijam dnevnici, ke se naljuti nema da mi go gleda deteto.

(Одговор на членот mamicki)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 10:41:47   
Felly RR
Ситуацијата ми беше таква, што уште одма морав да се вратам на работа. ММ не работи и тој ја чува Матеа, ама и свеки почесто е дома, па му помага. Кога беше уште мала, и за чајче ме прашуваше дали да и даде, а сега ја зема кај неа и некогаш ќе и текне ќе праша, ама не секогаш - Матеа може треба да јаде кашичка за еден саат а таа ќе ја земе и ќе се изнајаде кај неа соленки, па после нема да сака кашичка. Ама, тоа е , изгледа обично бабите и дедовците се тие што ги разгалуваат децата.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vesna1)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 10:59:22   
strelec 8
jas od prvi maj se vrakam porano na rabota.malata ke ima togas sest ipol meseci.tatko i ke ja cuva .sekoja vecer e nokna smena.on samiot se nafati.jas ke doagam dva pati od rabota.ako nekoja od babite nema da bide na rabota ke pomaga.a od juli na gradinka.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 11:13:14   
Glück90
mene i mojot brat ne izgleda majkami taa bese i majka i tatko i se vo zivotot i rezultatite se gledaat.znam kakvi bea moite vrsnici sto gi cuvaa babite i dedovcite pravi razgaleni deca.a eve cist primer se i decata na zolvami gi cuva babamu ustvari sveki.znaci pogolemiot nema tolku poprimeno bidejki go cuva poslednive skoro tri godini ama maliot go napravila bas onakov kakov taa saka.place za se i sesto,pa ako go iskaraat vednas place,pa saka se da bide po negovo,go uci kako da mu vraka na postari i takvi nekoj gluposti.uste od sega sme resile duri ne pocne vo gradinka moeto dete a toa e na nekade 4 i pol godini ovde nema odenje narabota,a posle toa ke baram nekoja kade se raboti 50,60% za da mozam da go vospitam kako jas sakam,a ne babamu i dedomu.

_____________________________

When you focus on problems, you will have more problems. When you focus on possibilities, you will have more opportunities. Dream. Wish. Make it happen.

(Одговор на членот strelec 8)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 13:41:29   
baby_bump
Ама колку ми е тешко знам дека ме разбирате и наместо овај месец да го поминам во уживање јас ќе се утепам од мисли и плачки


Потполно те разбирам исто е и кај мене, јас имам уште 2 месеци, а веќе почнав со плачки.
И тоа кај мене моите треба да ја чуваат, ама уште сега гледам дека нема долго да издржат. Не се кој знае колку возрасни, мајка ми нема живци, стално и вика ако таа почне да плаче, ја кара зошто е толку разгалена (5 месеци бебе), а татко ми иако толку се труди сепак убаво не гледа поради операција на очите и не може баш со неа да се снајде во просторот.
Баш сега се скаравме по телефон, зашто се лутат оти почнавме да бараме жена за чување.
Така да нема врска дали се моите или родителите на мм, но имаме реален проблем, а во градинка не ми се дава уште толку мала.

(Одговор на членот Glück90)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 13:55:28   
Nadezna
Иако ми е рано, знам дека ке одам на работа, во секој случај. Дамјан ке има 9 месеци во август, а ке го земам и цел одмор , п ак ефатѕи октомври....
Со 11 месеци, мозеви дедо, мозеби градинка...
Ама сепак, пари требаат и тоа многу, имаме кредити за мебелот и ке имаме усте....
Со една плата нема шанси

(Одговор на членот baby_bump)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 16:16:52   
tin*
Jas sum mn protiv babi i dedovci da cuvaat vnuchinja, a pa sega jas koga imam dete koga gledam shto pravat srekjnite babi ufuser posted image user posted image Posebno vo odnos na hranata. Jas pravam domasni kashichki se macham da i napravam red vo jadenjeto, pa mm go teram i nie da go smenime nachinot na ishrana za da stekneuser posted image zdravi naviki a tie...........sho stignat u usta pravo. user posted image Jas ne bi ja ostavila tie da ja chuvaat. I nie sme so edna plata znam deka e tesko ama duri ne potporasni za gradnka ne mislam da baram rabota.

(Одговор на членот Nadezna)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 16:42:36   
Snowhite RR
Моево го чуваат бабите, една недела мајка ми, една недела свекрва ми, еве веќе 4 и пол месеци, кога тргнував на работа имаше 9 и пол месеци и беше зима, решивме додека се затопли да не го запишуваме во градинка. Во поглед на ранење, заспивање, преслекување, играње не гледам некој проблем, ама последно време ептен ми е немирен, во смисла, многу се инати, сака по негово да е, се лути ако не го оставиш да оди или да прави тој што сака. Почетокот не го поврзав тоа со чувањето, ама сега како размислувам си велам дека е таков затоа што е со бабите, тие не го караат, му дозволуваат и му даваат се што сака. Не знам дали е тоа или е такво дететоuser posted image Оваа идеја ми дојде пред некој ден, свекрва ми, ми вели денеска не беше мирен и го тепав по рачина(јас сум многу против тоа, кога го карам му викам и ако го подудрам по газето, мислам не дека го тепам, ама така, зашто колку што имам читано детето истражува со рацете и не се препорачува тепање по нив). Како и да е, следниот ден, фаќаше во штекерот и му ги тргам рацете од таму да не фаќа и што се случи, почна да се лути и тој да мава по мене по рацеuser posted image
Најверојатно за брзо ќе го запишеме в градинка, кај свекрва ми, пак таму со нејзе ќе бидиuser posted image


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот tin*)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Чување на бебе - мајка на работа
29.3.2011 16:56:19   
skorpijana
i jas go imam ovoj problem od juni ke moram da trgnam na rabota a malive ke imaat 10 ipol meseci razmisluvame za graninka ali kako ke gi noseme kako ke gi zimame eden ne moze dve deca da zema od gradinka a dvajca nema da mozeme ne znam sto ke pravime probav da zemam decka nega mi rekoa lekarite deka ne biva nemalo na koja osnova da mi dadat mnogu sum zagrizena sto ke pravam ne znam

_____________________________

zivej go sekoj dena kako posleden

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?