baby_bump -> RE: Чување на бебе - мајка на работа (15.6.2011 18:20:12)
|
Уште 15 дена тргнувам на работа, ама изгледа јас повеќе ќе плачам од ќерка ми зашто веќе се навикнува да ја чуваат мајка ми и татко ми, и воопшто не ме бара. Поголема е, се заигрува сама, ја научив сама да си заспива, го испива млекото лежејќи во креветчето, се врти на другата страна и заспива. Но сепак ќе кажам, колку и да е тешка разделбата, сепак, имам грижа на совеста, затоа што јас: едвај чекам да тргнам на работа, да се смешам малку со возрасни луѓе, да не трчам само со искакани пелени, повраќаници ........... Ќе пишам како ќе се одвива разделбата, но сега за сега веќе 1 месец ја носам кај моите и по неколку часа е со нив и не ме бара, е сега само уше заспивањето овие 15 дена да го повежбаат, и се надевам се ќе биде во ред. Вака планираме до наполнета 1 година, а потоа ќе ја носиме во градинка.
|
|
|
|