RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Zoya -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (26.2.2015 18:29:07)

Loveableme исто кај Лазаревски. Фала за желбите и јас посакувам и се надевам дека овој пат ќе биде успешно. Жал ми е што кај тебе и овој пат не беше позитивен резултатот. Периодов многу ретко пишував, ама редовно ве читам.




cika -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (26.2.2015 20:39:41)

zoya mila jas ispitvav pred nova godina za mene mi dade maticnio ginekolog upat ,a na mazotmi specijalist morase prvo kaj nego da zakazime pa toj da ni dade upat ,mu kazavme za so e pa bez probleem ni napisa upat pozz i srekno




bambina34 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (26.2.2015 23:54:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Zoya

Здраво девојки. Јас повторно на оваа тема. Периодов собираме документи за втор ваучер и наидов на проблем. Имав упат од матичниот гинеколог за вирусните маркери (хепатит Б, Ц и ХИВ) за на клиничка биохемија, меѓутоа од таму ме вратија со образложение дека имале измени и дека гинеколог не може да издаде ваков упат, туку само специјалист. Не знам дали истото важи и за институтот за јавно здравје. Ве молам оние кои скоро ги правеле овие проверки кажете ми кој ви издаде упат и за каде? Оттука кој треба да издаде упат за партнерот? Ве молам кој е упатен во нека ми ја разреши дилемата. На измениве мислам дека не може крајот да им се фати...

Zoya , jas i maz mi ovoj mesec gi pravevme markerite so upat od maticen lekar..Upatot treba da bide specijlisticki-subspecijalisticki ..hepatit B i HIV ispitavme vo istitutot za javno zdravje , a za hepatit C nemase reagensi...Nego go ispitavme vo voena bolnica , prvo so upat do infektivno i od tamu doktorot ni dade upat za transfiziologija...Rezulatite gi zemavme istiot den vo 2 c. So sreka




Zoya -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (27.2.2015 9:49:53)

Девојки, фала ви на сите за препораките [sm=bravo.gif] Завршив работа на инфективна со приоритетен упат од гинеколог. За сопругот ми рекоа дека може ист таков упат издаден од општ лекар. Како што ме посоветува и Hopeful [sm=smiley1.gif] Па следната недела и тој да заврши со ова.




MADO -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (28.2.2015 18:17:34)

Zdravo zencinja.Jas sum nova ovde na forumot,se nadevam ke se druzime.Jas sum vo brak dve godini i imame problem so spermogramot na mm.Imam praveno ispituvanja,mikrobioloski brisevi,hormoni na tret den od ciklus,sledenje na ovulacija,HSG i doseka kaj mene e se vo red.Zatoa resivme da pravime inseminacija vo januari po sto sleduvase shok,posle obrabotka imavme samo 0.5 milioni spermatozoidi.Po preporaka na ginekologot pocnavme da spremame dokumenti za in vitro.E sega moeto prasanje do Vas e dali e potrebno so takov spermogram da napravime uste edna inseminacija i dali treba da pravam 4D?
Vi blagodaram.




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.3.2015 10:48:19)

Mado, добредојде на форумот, би сакала да цитирам што најдов на страната на ФЗО во однос на вашиот случај:

"Утврден машки фактор на неплодност, со број на подвижни сперматозоиди и по припрема помал од милион."

Што значи дека сте директни кандидати за ИВФ, без правење на претходните инсеминации. Почнете да собирате документи за да ја почнете постапката. Среќно! Кај кој доктор ќе правите?




vazna -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.3.2015 14:55:14)

Zdravo devojki jas gi sobrav recisi site dokumenti za vaucer, bev i kaj maticnata doktorka i so nea zavrsivme rabota e sega da mi kazete kade tocnao treba da se podnesat dokumentite vo koe zdravstvo gi nosevte vie sakame utre da gi podneseme pa ve molam da mi pisete pozdravce.




Kvisko -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.3.2015 16:44:23)

Vazna ако си од Скопје тогаш ги поднесуваш кај Црвен Крст.




vazna -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.3.2015 18:16:21)

Fala Kvisko mnogu na odgovorot, a ti za kolku vreme od prilika go dobi vaucerot. ne ti pravea nisto problem?




MADO -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.3.2015 20:55:37)

Vazna kaj pravese 4D,mene mi fali uste toj dokument i uste eden spermogram da podnesam dokumenti.





Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.3.2015 21:55:27)

vazna, со среќа утре и што поскоро да си добиеш ваучер [sm=bravo.gif]

MADO, прашај во Фонд дали ти е баш неопходно 4Д, бидејќи ако имаш хистероскопија и ХСГ, може и со обично ехо. Мене исто уште тоа ми остана, требаше да чекам термини па се јавив да прашам, и ми рекоа дека не мора, и така и излезе.




vazna -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.3.2015 21:55:47)

Mado jas pravev 4D vo sistina kaj doktorka Snezana Adamovaska tamu i invitroto ke go pravam.




kapina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (2.3.2015 22:22:44)

Ako imas hsg i laparoihisteroskopija ne ti treba eho jas prviot pat pominav samo so niv




MADO -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 0:25:34)

Blagodaram devojki na podrskata,imam praveno HSG samo,pa zatoa prasuvam dali treba da napravam 4D.E sega citam pravilata vo fondot deka ako e utvrden maski faktor na neplodnost kako sto e i nasiot slucaj,potrebno e pokraj dva spermogrami da imame i plus drugi postari.E sega nie imame samo dva :( i plus ona sto e posle inseminacijata,se p0rasuvam da ne bide precka za odobruvanje na vaucer?




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 10:36:37)

Не би требало да е пречка, но најдобро јави се и прашај ги за сите овие работи. Ако ништо друго, ќе си заштедиш време, да не те враќаат кога веќе ќе аплицираш.




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 10:50:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: MADO

Blagodaram devojki na podrskata,imam praveno HSG samo,pa zatoa prasuvam dali treba da napravam 4D.E sega citam pravilata vo fondot deka ako e utvrden maski faktor na neplodnost kako sto e i nasiot slucaj,potrebno e pokraj dva spermogrami da imame i plus drugi postari.E sega nie imame samo dva :( i plus ona sto e posle inseminacijata,se prasuvam da ne bide precka za odobruvanje na vaucer?


Знам дека само ХСГ, без лапаро-хистеро, треба дефинитивно и 4Д, јас би те советувала да направиш ехо, за да не те вратат. Во однос на спермограми, доволно се два, а постари е пожелнно да доставиш, но не мора. Поззз




Felly RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 11:41:49)

МАДО, добредојде на РР, имаме тема Кај кој доктор за ИВФ - - > КЛИК ТУКА, разгледај ја, може ќе ти помогне во одлуката. Таму ќе ги префрлам и постовите кои се однесуваат на истото.




Bea -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 16:24:12)

Девојки едно прашање?
На ПАП-от добив забелешка - клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции и со пенкало допишано HPV.
Пред 2-3 години имав исто ваква забелешка, правев типизација во МАНУ и немав HPV. Сега пратив примерок на типизација, меѓутоа се чека 2 недели.

Прашањето ми е, дали да поднесам без типизацијата (па ако има потреба дополнително да доставам), бидејќи сите други документи ми се спремни? Има ли случај да со HPV (или сомнеж за HPV) му е одобрен ваучер?




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 16:33:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea

Девојки едно прашање?
На ПАП-от добив забелешка - клеточни промени што асоцираат на вирусни инфекции и со пенкало допишано HPV.
Пред 2-3 години имав исто ваква забелешка, правев типизација во МАНУ и немав HPV. Сега пратив примерок на типизација, меѓутоа се чека 2 недели.

Прашањето ми е, дали да поднесам без типизацијата (па ако има потреба дополнително да доставам), бидејќи сите други документи ми се спремни? Има ли случај да со HPV (или сомнеж за HPV) му е одобрен ваучер?



Bea, подобро почекај две недели со чист резултат, бидејќи ако на пап-от има сомнеж, нема да ти одобрат ваучер. Каде решивте да правите ИВФ?[sm=smiley1.gif]




Bea -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 17:56:13)

Loveable, ke pravime vo Remedika, kaj Dimitrov. Nego me stavi vo misla HPV- vo, generalno dali pacientkite so HPV ili CIN imaat pravo na vaucer od fondot?




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 18:30:08)

Bea, oбичнo зa тaквa дијaгнoзa бaрaт третирaње сo терaпијa, a пoтoa вaучер, бидејќи тoa е дoбрo зa женaтa, a не верувaм и декa и нa привaтнo дa се прaви ИВФ, декa некoј дoктoр ќе се нaфaти дa прaви ИВФ сo присутен ХПВ, туку и сaмиoт ќе бaрa дa се среди, пс пoтoa ИВФ.




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 19:25:47)

Bea, на страна ваучерот, се работи за твое добро, сепак не е добро да се прави ивф при хпв. Зошто да се ставаш на ризики и да си ги осуетиш пансите за успешно ивф и успешна бременост...
Ако не им веруваш на резултатите, направи уште еден пап за да бидеш сигурна, а ако се покаже истото, секако третирај го пред да аплицираш.




bambina34 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 19:44:54)

Dragi moi , imam edno prasanje ...Dali ima sansi da mi odobrat vaucer so 3 insemenacii ? Moram da pobrzam so dokumentite , za da uspeam da stignam do juni da go napravam invitroto .




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 19:49:58)

bambina34, освен ако немате некоја од ситуациите наведени на сајтот на фзо како апсолутни индикации за ивф, не одобруваат со 3, секако бараат 4. Провери ја презентацијата па спореди, а најдобро јави се и прашај, бар ќе бидеш сигурна. Пиши ни, во секој случај, и со среќа!




Bea -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (3.3.2015 20:25:07)

Devojki, fala vi na sovetite. Najdobro e da pocekam rezultati od tipizacija, se nadevam deka ke bidat vo red. Na izvestajot duri ne ni stoi preporaka za tipizacija, tuku samo kontrola posle 6 meseci. Abe samo komplikacii. Prvo ureaplazma, sega ova... A trpenie se pomalku.








Страница: <<   < Претходна страница  36 37 [38] 39 40   Следна страница >   >>