RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (7.8.2015 12:07:18)

Јас денес поднесов документи за ИВФ до ФЗО, па за неколку недели ќе чекам да ме известат за ваучер, па од есен ќе видиме што ќе правиме, дали прво на природен па потоа за некој месец ИВФ, или директно ИВФ ќе видиме зависи од консултациите што ќе ги направиме.




bibi ribi -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (7.8.2015 12:36:05)

Со среќа LoveableMe [sm=bravo.gif]
Имате одлучено кај кој доктор?




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (7.8.2015 12:39:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: bibi ribi

Со среќа LoveableMe [sm=bravo.gif] Имате одлучено кај кој доктор?


Се мислиме меѓу Њуборнклиник (заради новите методи кои ги нема во РМ на друго место) и д-р Петановски, Ремeдика каде што бевме претходно. Ќе видиме...




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (7.8.2015 14:03:16)

Ајде со среќа, што поскоро да стигне ваучерот! [sm=bravo.gif]




bambina34 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (7.8.2015 18:18:12)


ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Јас денес поднесов документи за ИВФ до ФЗО, па за неколку недели ќе чекам да ме известат за ваучер, па од есен ќе видиме што ќе правиме, дали прво на природен па потоа за некој месец ИВФ, или директно ИВФ ќе видиме зависи од консултациите што ќе ги направиме.


so sreka Loveableme




Kvisko -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (8.8.2015 10:59:46)

Loveable со среќа. Се ближи времето за славење.
За Newborn убаво провери ги зашто некако статистиките за успешност ми се прилично чудни. На едно место пријавуваат стапка од 90% успешност што е невозможно. Каде и да решиш имаш огромнна поддршка од мене.




kapina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (8.8.2015 13:50:52)

Tocno li e ova za new born oti ako ne uspee invitroto ne ti naplakaat nisto samo ako uspee pred nekojden edna prijatelka mi go kaza toa i posle vidov i na nivnata strana ne prasuvam za mene jas imam pravo na uste eden vaucer ke go iskoristam samo uste imunoloskite treba da gi napravam inace ivf ke go pravam pak kaj dr lazarevski nekako ne mi se menuva doktorot ako dotogas ne se sluce nekoe cudo posto pijam veke aspirin b kompleks vit d folna kis od 5mg i metformin 500 ovaa terapija ne ja primav pred invitrata i plus bromergon i eutirox sto redovno gi pijam i pred invitrata loveableme srecno na 29 sept imam zakazano na endokrinologija togas ke odam i na imunologija




SOLE -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (9.8.2015 17:32:47)

LoveableMe, со срека [sm=bravo.gif] ајде што побрзо позитивен одговор




Pinky30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (9.8.2015 19:21:09)

LoveableMe
so SREKJAAAAA sto poskoro dobivanje na vaucerot i pocnuvanje so terapija i naskoro da se raduvame tuka site zaedno [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Pinky30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (9.8.2015 19:25:42)

Jas ke pustam dokumenti na 21 avgust pa se nadevam deka za 3 nedeli ke go dobijam i zdravje septemvri posle toj ciklus bidejki pijam kontraceptivi ovie 3 meseci i cim dobijam ciklus ke brojam 21 den no pred 21-ot den treba da zakazeme kaj Petanovski i da pocneme so terapijam zdravje tamu oktomvri ke bide...samo prvo vaucerot da go dobieme...Kazete mi treba li da podnesam otpusno pismo od prethodnoto ivf?




mimidjon -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2015 10:37:30)

Девојки ве молам за помош од Фондот ме известија дека ми бараат дополнителни документи Да се достават потврди од подрачната служба и изјава за обиди .Така имаат напишано а што е ова кој да го разбере ???




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2015 11:03:40)

mimi, за жал, не знам за што се работи и најдобро да се јавиш и да прашаш. Телефоните ги има на сајтот, а и наназад во дискусиите овде. Се надевам не е нешто комплицирано и дека наскоро
ќе ти одобрат!




mimidjon -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2015 11:32:28)

И се јавив но и таа докторката незнаеше што точно бараат [sm=hudicek1.gif]




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2015 11:39:06)

Ц ц ц... пробај на другите броеви, стварно не знам како може вака...




mimidjon -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2015 11:46:57)

Таа Изјава што ја бараат сигурно е тој образец 4 (И-IIC) о тој мислам и го доставував а таа потврда се вадело од фондот за здравство кај црвен крст (и тоа не ми е јасно каде е)[sm=smiley19.gif] А зошто би ми барале потврда кога они се фонд за здравство заредм немат увид во систем дека јас немам користено досега ваучер за инвитро .Лелеее закон е државата наша.




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2015 12:52:38)

Mimidjon, дaли ги дoстaви четирите oбрaзци нa Фзo зaеднo сo другaтa дoкументaцијa? Едниoт oд нив гинекoлoгoт ти гo пoтпишувa и гo пријaвувa електрoнски, a другите ти и сoпругoт. Види дa не зaлутaле тие oбрaзци, oди вo пoдрaчнaтa кaде ги пoднесе дa видиш штo стaнaлo? Пa пиши[sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2015 13:18:28)

mimidjon, тие канцеларии им се во центар. Го поминуваш Зелен пазар, на раскрсницата кон Дос/Кисела Вода вртиш лево (кон Олимписки базен) и одма првата уличка десно е Фзо. Не знам дали добро ти објаснив, инаку лесно се наоѓа.




mimidjon -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.8.2015 13:43:45)

Ке се снајдам здравје од понеделник или вторник ке одам со една пријателка од Скопје ке ме оправе [sm=smiley36.gif] Не сум сигурна за таа изјавата дали сум ја ставила докторката тогаш ги разгледа документите и ништо не ми рече дека фали.Фала ви многу ке ви пишам што ке направам другата недела.Убав викенд да си имате ситеее :*




mimidjon -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (17.8.2015 16:56:48)

Девојки ги дадов и тие два документи што ми ги бараа од фондот,прво бев кај црвен крст горе доле ,шалтер,канцеларија знаете како оди тоа па срека се погоди една од мајка родена и ме оправи.Не сум требала од тој фонд кај мајка тереза да ги поднесувам док.туку кај црвен крст во тој.Азошто тогаш ми ги примија док.таму незнам.Ако не примаат док.требало да ме вратат.Комисијата не беше таму за да се видам со некој од нив,сите биле на терен.Сега се мислам што ке биде со моите док.ке ги спојат ли ,ке го гледааат ли предметот ке видиме од утреке барам некој на телефон [sm=smiley1.gif] ке досадувам шо да праам од 26 ти почнувам со инекциите здравје треба да го имам ваучерот.




SOLE -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (17.8.2015 21:45:49)

mimidjon, ајде не се секирај сега ке се среди и наскоро ке го добиеш ваучерот.штом друго не фали добро е. Пофали ни се кога ке го земеш. А каде ке го правиш инвитрото, кај кој доктор, и прво ли ке ти биде?




mimidjon -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (17.8.2015 23:09:25)

Sole,oбaвезнo ке се пoфaлaм,првo ми е ,имaм 28 гoд,сo дијагнозa aзoспермијa,дoктoр Миткo Ивановски Систинa




evoksi -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (19.8.2015 12:00:30)

Еве и јас тука да се пожалам: Откако ми ги вратија документите во јули, ги доставив двата документи што им фалеле уште на 5 август и еве денес пак се јавив (одвај добив) ми рекоа дека уште не ми се разгледани, да се јавам околу 1ви.

Има ли некаде на друго место кај што може да се јавиме да се праша што е работава, какви се вашите искуства?

До денес го допивам микрогинонот, се надевав дека ќе имам веќе ваучер ама ништо [sm=smiley13.gif]




mimidjon -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (19.8.2015 14:24:02)

evoksi,за жал таква е ситуацијата .И јас сум во иста ситуација.Сејавив да прасам за дополнувањето дали го разгледале а дополнувањето како и погоре што имам пишувано беше изјавата никакви испитувања што би ми промениле нешто за терапијата .И јас исто пијам микрогинон и на 26 ти сум на преглед и ке му објаснам што и како е работата па ке видам што ке ми каже за понатаму.Јас незнаев дека комисијата прави групен одмор,никаде во ниедна иституција освен во произвотство нема вакво нешто .АЛООО Фонд за здравство групно на одмор па и јас работам во државна фирма и не трпи работата ако еден оди на одмор еден мора да остане да работи.Немам зборови ....Ти најдобро консултирај се со докторот и види он што ке ти каже.




kapina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (19.8.2015 19:20:23)

Ama i vie ste mi cudni realno cekaj dobij si vaucer pa posle pocni so terapija sega jas i dvata pati ne pocnuvav so terapija pred da dobijam vaucer moze ke pobaraat uste nesto plus od fondot




evoksi -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (20.8.2015 10:40:23)

mimidjon, тебе ти рекоа дека се на групен одмор?
Мене не ми рекоа така, претходната недела ми рекоа не сте влезени во групата за на 18, ќе видиме за после 24, а вчера ми рекоа не сте влезени за во следната група, ќе видиме за на 1ви. Јас пробав да објаснам дека еднаш веќе се разгледувани документите, дека само се доставени двата документи што ги бараа (доставени се под исти архивски број од јуни), ама теткицава ми рече дека немало врска тоа, пак се разгледувале сите заедно.

А за документи што враќаат мислам дека баш е тоа секој со својата среќа. Јас втор пат поднесувам и ми ги вратија заради тоа што не ставив 4Д и ПАП тестот не ми беше оригинал. А напишав на него дека оригиналот е кај нив поднесен првиот пат.
После мене едно девојче напиша дека исто не поднела 4Д втор пат па и одобриле. Значи тоа за жал е како се расположени во моментот




Страница: <<   < Претходна страница  43 44 [45] 46 47   Следна страница >   >>