RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (Целосна верзија)

Форум >> [Забременување] >> Проблеми со забременување



Порака


Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (31.3.2016 23:33:39)

Madagaskar,многу ми е жал, стварно мислев дека ќе успее... [sm=smiley13.gif]
Дај си време да тагуваш, плачи, викај, не ја потиснувај болката, и потоа со нови сили напред. Шест месеци брзо ќе поминат и следниот пат мора да биде успешно. Биди силна, нема откажување! [sm=smiley31.gif]




Soned1 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (11.4.2016 22:17:20)

Девојки, дали некој поднел документи кај Мајка Тереза? Би сакала сега таму да поднесам, не кај Црвен Крст, но не знам дали може там да се поднесе?




pepapa -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (13.4.2016 9:44:28)

Neznam dali moze kaj majka tereza, jas gi podnesov kaj crven krst, znam na drugarka mi i se javija da odi kaj majka tereza da i objasnat sto i treba uste i pak da donese, moe mislenje da ne si gubis vreme odnesi si gi vo crven krst i gotovo




Soned1 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.4.2016 11:29:55)

pepapa, а за колку време ти стигна ваучерот?




pepapa -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (14.4.2016 11:51:18)

Mi go odobrija za dve nedeli i otkako mi go odobrija za tri/ceteri dena mi stigna na domasna adresa




Soned1 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (15.4.2016 19:29:35)

Fala pepapa, se nadevam i mene tolku brzo ke mi odgovorat [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (27.4.2016 15:04:18)

Тео2016, ја префлрам твојата сторија во Приказни со среќен крај, ти честитам и ти посакувам убава бременост.

Пиши ни во таа тема, како се случи, дали спонтано, дали примаше некаква терапија, промени исхрана или баш од Бога бидна?




Lion -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (15.6.2016 16:01:00)

Здраво девојки,

Оддамна ве читам и научив многу од вас право да ви кажам [sm=smiley1.gif]
Денеска аплицирав во фондот за инвитро. Колку што дознав од вас одговараат во рок од три недели така?




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (15.6.2016 16:27:28)

Здраво Lion,

добре ни дојде [sm=smiley1.gif] Ајде со среќа нека е аплицирањето, ваучерите ги даваат во период од две до четири недели, а можеш во меѓувреме и да се јавиш да прашаш до кај е.
Каде планираш да правиш ивф?




Lion -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (16.6.2016 8:27:15)

Здраво Hopeful
Процедурата планирам да ја направам во Ремедика кај Др. Петановски. Некој совет?




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (16.6.2016 10:35:53)

Имаме многу девојки што правеле кај Петановски и се задоволни, можеш да расчепкаш по темите [sm=smiley1.gif] Најбитно е да му веруваш и да имаш некоја интуиција дека тоа е докторот за тебе, дека се грижи. Ако си одиш кај него веќе и се знаете, супер, но ако си нова, консултирај се со повеќе доктори и види кој каков впечаток ќе ти остави. Терапиите се слични, и битно е само она чувство дека докторот стварно ти се посветува. Ајде нека дојде ваучерот што поскоро па после почнува интересното [sm=smiley1.gif]




Lion -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (16.6.2016 10:46:06)

Благодарам могу на поддршката. Се знаеме со Петановски и имам стварно добро чувство околу изборот.
Инаку бидејќи апликацијата за инвитро ни е врз основа на машки стерилитет и мојот матичен гинеколог и Петановски рекоа дека не се потребни инсеминации и дека сигурно фондот ќе го одобри ваучерот. Има ли некој вакво искуство?




sasaiciko -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (23.7.2016 1:04:00)

Posle pominati 6 meseci od 2 invitro na 13 ovoj mesec gi pustiv dokumentite za povtoren ( posledn ) obid.So ogled na odmorite dali da imam predvid deka komisijata se polovina po odmori i da cekam za odgovor ili od ponedelnik da im se javam?Stiskajte palci za treta sreka 😆😆😆😆




Pinky30 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (23.7.2016 18:07:16)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lion

Благодарам могу на поддршката. Се знаеме со Петановски и имам стварно добро чувство околу изборот.
Инаку бидејќи апликацијата за инвитро ни е врз основа на машки стерилитет и мојот матичен гинеколог и Петановски рекоа дека не се потребни инсеминации и дека сигурно фондот ќе го одобри ваучерот. Има ли некој вакво искуство?


So sigurnost ke ti go odobrat vaucerot i nie sme so mashki sterilitet i eve esenva ke go koristime tretiot vaucer...i jas sum kaj Petanovsku i sum prezadovolna imam doverba vo nego,se zalaga mnogu i terapija imav mn dobra sega na posledniot ET so zamrznati no vo 6 ta nedela go izgubiv i vo 18h mi pravese Hagi Lega kiretaza i dojde da me vidi kako sum duri slozi mu protekoa mu bese krivo sto ne uspeavme od tolku obidi transferi i terapii no ni dava nadez za uspeh povtoren...




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (25.7.2016 11:59:12)

sasaiciko, со среќа! Не знам како им се распоредите, но би требало да има некој постојано тука. Како и да е, ајде нека дојде што поскоро! Што одлучивте за следното ивф, каде ќе го правите?




sasaiciko -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (25.7.2016 13:34:56)

Na isto mesto vo Remedika kaj Dr.Dimitrov , spored mene najdobro si ja znae rabotata




brm_brm -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (1.8.2016 10:39:28)

Драги мои, колкава треба да биде седиментацијата на крвта при крвната слика за документите во Фондот?
Мене ми е 16!!!
Може ли да ме вратат?




cece81 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (22.8.2016 17:10:27)

Zdravo rr-ki ! Ve molam pisete mi koi dokumenti se potrebni za ivf za vtoro dete ? Vi Blagodaram!




kik@ -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (22.8.2016 22:19:38)

Zdravo cece81 kako za prvoto taka I za vtorovo istite dokumenti se
-2 spermogrami od razlicni kliniki so najmalku 1mesec rastojanie od prviot do vtoriot spermogram
-Spermokultura
-Hormonski status na 3 den od ciklus
-Pap test ne postar od 1god da e ureden
-Mikrobioloski brisevi
-Dokumenti od histeroskopija,laparoscopija ili 4d eho ako e tezok maski faktor
-Markeri za hiv, hepatit b I c
-Krvna slika, glikemija I sedimentacija
-Izvod od maticna kniga na vencanite
-Izvod na rodeni od deteto




cece81 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (24.8.2016 19:41:32)

Fala kik@ mnogu za informaciite. So tebe zaedno go vrvevme patot za prvata bremenost, ajde sega so novi sili i za vtoro bebuvce ! Pozdrav do site i vi posakuvam uspešni Ivf , bidete izdrzlivi i uporni i ke uspeete, nekogas i koga najmalku ke ocekuvate ...se družime....




kik@ -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (24.8.2016 20:52:40)

Da cece81 zaedno go pominavme trnliviot pat, ama se se zaborava taka? Koga ke go vidis toa dusice vo svoi race si velis:vredela seta maka sto sum ja izdrzala. So sreka I tbe I na site koi cekorat po ovoj pat [sm=smiley1.gif]




sasaiciko -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (25.8.2016 20:04:06)

Devojki da se pofalam -ni go odobrija vaucerot epten sme hapyyyy




kapina -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (25.8.2016 22:57:23)

sasaicko cestitki za vaucerot i vo skoro vreme da ni se pofales so visoka beta




Hopeful RR -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (26.8.2016 11:50:31)

sasaiciko, супер!!! [sm=bravo.gif]

Кај ќе правите, што одлучи? Кога ќе почнете постапка?
Со среќа и те чекаме со убави новости [sm=smiley1.gif]




orhidea242 -> RE: Информации за остварување на правото за Ин-Витро преку ФЗО (9.9.2016 17:30:26)

Кој докумети се потребни за вауцер преку фонд колку инсеминации бараат и колку разак мегу




Страница: <<   < Претходна страница  47 48 49 [50] 51   Следна страница >   >>