blue_blue -> RE: Вештачко оплодување (10.9.2010 15:54:15)
|
Колку и да звучи како клише - надеж и верба секогаш има. Што треба да си дојде и што е твое ќе дојде..нема зошто да ја губиш надежта и сигурно не сте ја загубиле битката. Не дека јас се имам не знам колку напатено на ова поле во споредба со некои РР-ајки, ама го имам искусено и седењето по ходници во болнници и секакви горе-долу психози, ама мислам дека надеж не изгубив. Се нервирав дека беше необјаснива причината зошто не можам да имам деца, си велев полесно е кога те лечат, бар си мислиш те лечат од нешто, а вака за што одиш на лекар?...Секогаш се водам од она - животот ти дава (ти фрла) онолку колку што можеш да издржиш...Има зошто токму на тебе и на мажот ти ви се случува ова, сигурно имало зошто и јас и мм сме поминувале низ целата перипетија од доктори, болници и сл...Нашата приказна на тоа поле заврши со близначките кои ги родив пред 2 години....Така што - не се откажувај, ќе се радуваш и на дечиња како и на многу други работи што си се радувала...А после [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] после ќе имам моменти кога ќе си викаш - што ми требаше ова [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] што фино ми беше додека си одмарав за викенд и си шетав за празници. Ајде, само напред, па те чекаме да се префрлиш во другиве форуми ИЗВОРНА ПОРАКА: stanka Zdravo na site RR.Jas sum nova rr.Ve pratam dolgo vreme i moram da vi kazam deka nauciv mnogu raboti od Vas Na site trudni i site sto ke zatrudnat im posakuvam ona sto sebe si si go sakam[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] Ke se druzime 9 god sum vo brak .Maski faktor Mi se cini i najteskiot .Mnogu imame videno mnogu procitano Gledam ima nadez,tri godini veke krenavme race so mm no nema da se otkazeme Ni dadoa nadez poslednite rrajki koi se trudni Neka im e so sreka.Za zal vo Mk ne sme napravile IVF i mi e krivo(4 neuspesni do sega 2x Praga 1x Istanbul 1x Karolinski institut -Svedska)Jas i mm sme magistri megutoa na drugo pole.Na ovaj plan ja zagubivme bitkata.Druzenjeto so vas(veke poodamna ve pratime) ni ja vrati everbata i nadezta zatoa sto i tie posledni umiraat.Ve pozdravuvame so mm site i ve sakame
|
|
|
|