blue_blue -> RE: Вештачко оплодување (13.9.2010 11:17:09)
|
Zdravo Olivia, Постави колку сакаш прашања сигурна сум дека сите кои поминале низ IVF ќе споделат искуство. Мене докторот ми рече да лежам 3 дена и тоа не буквално да не станувам од кревет, туку да гледам да не се замарам, а после 3 дена да си терам се нормално. Јас и тие три дена не дека баш лежев. Само што излеговме од болница после ембриотрансферот се јавила свекрва ми дека сме требале кај неа на слава да идеме (славата беше следниот ден, ама она сакала вечерта на вечера да одиме), а ние на никого немавме кажано дека правиме IVF, едноставно јас не гледав потреба да ги известувам луѓето - тоа не ми помагаше. Така што таа не ни знаеше кај сме и сега како да и објасниме, отидовме кај неа на вечера од болница. Следниот ден и печев риби за славата пошто и имав ветено, така што и тој ден не дека лежев цел ден. Трансферот бесе во вторник попладне, јас имав земено одмор од вторник до петок и тие денови одмарав...Од понеделникот веќе си одев на работа најнормално. Ова ми беше прво ин-витро и се се заврши успешно. Мене и докторот во бременоста ми кажа дека не морам да лежам ни првите 3 месеци ни после, ми рече да се однесувам нормално и да правам се што мислам дека можам да правам и дека ми е пријатно ИЗВОРНА ПОРАКА: Olivia zdravo na site RR-ki, veke podolgo vreme probuvam da najdam odgovor na moite prasanja preku vasite konverzacii, ovoj mesec zapocnav IVF . pred tri dena bese ET i sega odmaram i cekam 2 nedeli, seta odluka se sluci naednas iako se obiduvame so mojot soprug da imame deca, veke izvesno vreme mislime deka go odbravme krajniot izbor, bidejki mojot soprug zamina na pat vednas po punkcijata jas bev malku cudna i nekako ne vospostaviv komunikacija so doktorite i ostanav kutliva so site prasanja vo mene koi sega me macat, bi sakala da mi pomognete i da mi kazete kako da se spravam so ova i kakvi da bidat moite ocekuvanja, postojano lezam veke 3 dena no mislam deka nema da izdrzam uste dolgo dali moze da bidam aktivna barem da se dvizam po doma.... vi blagodaram...pocituvani RR-ki
|
|
|
|