|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Децата без родители бараат посвојување, а не ...
30.8.2010 9:30:15   
agnes77
Децата без родители бараат посвојување, а не сместување во семејства
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=16EE98838D158246BCE729C77286F432

Потресно доживување на дете сместено во згрижувачко семејство
user posted image
Дончо Димитровски (лево) не е задоволен од неговиот седумгодишен престој во згрижувачко семејство

СНЕЖАНА КАЛАБАКОВА
ВЕСНА ДУКОСКА


„Живеев во дом-семејство во населбата Драчево, а згрижувачите беа невработени. Парите што ги добиваа за мене и за сестра ми си ги трошеа за свои потреби. За кусо време си направија куќа на два ката во Крушево. Додека ние еднаш во денот јадевме леб и сол, тие она што го добиваа од државата го трошеа за свои потреби. Спиевме во кујна и често бевме и малтретирани. Имавме само по една тетратка за пиши-бриши и забрането излегување и дружење со децата на улица, освен со врсниците во училиште“. Вака го раскажува својот седумгодишен живот во дом- семејство, Дончо Димитровски, сега младинец, кој тврди дека веќе не ја памети адресата на куќата во населбата Драчево, бидејќи тогаш бил многу мал.

Оваа драматична сторија, како и онаа на Перо Георгиевски од Крушево прераскажана во писмо испратено до Здружението на децата без родители од детските домови на Македонија „Иднина“, беа презентирани вчера на прес- конференција на здружението. „Иднина“ ќе поведе кампања за менување на Законот за посвојување. Децата без родители се за посвојување, а не за сместување во згрижувачки семејства кои најчесто се мотивирани од материјалната помош од 5. 000 денари од дете што ја добиваат од државата.

Дончо во обвинувањето што го искажа тврдеше дека не видел ни денар од парите што ги добивале неговите згрижувачи. Невладината „Иднина“ сериозно ќе бара да се промени Законот за посвојување доенчиња и деца без родители, да се скрати процедурата на чекање, која обично трае пет години.

За нивната кампања за менување на Законот за посвојување ќе ги информираат меѓуопштинските центри, МВР, Министерството за труд и социјална политика и странските амбасади во Македонија. Нов закон за посвојување ќе ја поедностави процедурата и полесно ќе можат да дојдат до дете и странци. Од друга страна, децата ќе добиваат вистинска родителска љубов, која најмногу им недостасува. „Ќе испратиме петиции до сите кои сакаат да ни дадат поддршка за промена на Законот за посвојување. Процедурата за посвојување треба да биде достапна до сите кои се заинтересирани да посвојат дете. Предност треба да имаат граѓани на Република Македонија и да се прекине практиката со посвојување само бебиња. Треба да се посвојуваат и повозрасни деца. Имавме пример кога од странци беше посвоено момче на возраст од 18 години. Неговите посвоители сакаа тој да ги догледа, зошто беа стари“, рече Илија Јовановиќ, претседател на „Иднина“.

Душко Миновски, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, вели дека ваквите здруженија наместо да се промовираат на прес-конференции би било подобро да ги пријавуваат ваквите примери со претставка, за да може Министерството да преземе и соодветни мерки против ваквите згрижувачки семејства.

„Во Скопје има над 100 згрижувачки семејства, а искуствата досега се одлични. Центрите за социјална работа како органи за старателство во законот за семејство безусловно ги преземаат сите мерки и активности во функција на заштита на правата на децата без родители и родителска грижа. Негативните примери треба да ги елеминираме и секогаш треба да се пријавуваат доколку ги има и сериозно се проверени“, додава Миновски.




Од: nechiv sin

Датум: 15.12.2007 01:45:22

Koe dete od 7 godini ke prijavi maltretiranje?Ne ochekuvajte decata da vi ja vrshat rabotata, vie treba da se pojavuvate vo tie semejstva ne najaveni i da go otvorite friziderot na tie luge i decata vo posebna soba da di prashate shto imale za pojadok. Isto taka decata da se sledat vo uchilishte uchilishniot pedagog da znae za sostojbata na deteto i da go sledi dali e izmieno i icheshlano. Im veruvam na dechkite 100% ne velmam deka sekoe semejstvo e takvo ima i fini luge no ima i takvi kako shto naletale Doncho i Pero. Poveke proverka i kazni za onie koi gi zloupotrebuvaat parite dadeni za chuvanje na decata. I novinarite toa da go objavuvaat pa da se pomislat tie shto sakaat da usvojat dete samo za parite od socijalno.



Од: Usvojuvanje- Da, Cuvanje - Ne!

Датум: 15.12.2007 20:49:44

Decata se iskreni i potpolno se vo pravo! Vo osnovata na Cuvanjeto se komercijalni interesi, a ne eticki i humanitarni principi! Koja e logikata decata da im se davaat na onie koi se zainteresirani da gi ,,cuvaat,, za pari od socijalnoto, a ne na onie koi bi sakale da gi posvojat i da gi izdrzuvaat so sopstveni sredstva?! Golem broj bracni drugari nemaat deca i so zadovolstvo bi usvojuvale i dobrovolno bi izdrzuvale, vospituvale i skoluvale deca bez roditeli, se razbira dokolku bi se izmenile postojnite rigorozni zakoni za usvojuvanje! Socijalnite ustanovi bi trebalo da vrsat kontrola i na usvoenite deca. So liberalizacijata na zakonot za usvojuvanje definitivno ke se resi i problemot na nesakanite deca, kakov sto bese neodamnesniot slucaj so cedomorstvoto (od socijalni pricini) vo svetinikolskoto selo, Pesirovo!


Од: citatel

Датум: 16.12.2007 11:53:18

se cudam zasto vo domot za bebinja vo bitola ima do 80 bebinja a potrazjta e preu1000 semejstva zelni za posvojuvanje.Pisuvam od iskustvo

< Поракaта ја уредил agnes77 -- 30.8.2010 9:37:01 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Децата без родители бараат посвојување, а...
30.8.2010 20:57:07   
Bogdancanka
Сташно е низ се што поминуваат децата згрижувани во дом семејства,значи какви луге има ги користат беспомошните деца за да дојдат до некој динар навистина страшно е тоа,неможам ни да замислам всушност какви луге се тие?Како не им е грев и страм?
Ако не сум го помешала со некој друг мислам дека Данчо и неговата сестра имаат живеано и во Богданци,колку што ми останало во секавање мислам дека е он(момчето во црвената јакна)али многу кратко беше со нас и беше во мојот клас,е потоа каде беа однесени и што се случи со нив незнаеме...


_____________________________

Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Децата без родители бараат посвојување, а...
1.9.2010 13:53:35   
lukas
тешко навистина тешко,како не им е страм за 5000 илјади денари да злоуботребуваат човечко суштесвто..па тие се отидени таму да најдат љубов каква што не нашле никаде а овие леб и сол му давале да јадат...ох леле што не има по народот ама кога ке ни се свести државата..дека на некој му недостигаат многу работи..а да се само дончо и перо единсвените тоа е што не се,има илјадници вакви случаеви кое сеусте трпат за кои ние не знаеме,...и се тешат со тоа  дека така треба да е...незнаејки дека има подобро...греота навистина греота е ова..неправда

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Децата без родители бараат посвојување, а...
1.9.2010 14:14:08   
blue_blue
а малтеретирање деца од билошки родители? Дали некој следи што се случува во домовите и како се однесуваат родителите со своите деца? Нели имате впечаток дека се почесто има случаи на физичко и сексуално малтретирање на деца од нивните родители. Се потресувам секој пат кога ќе чујам такво нешто. И што прават институциите? Ги сместуваат во згришувачки смеесјтав кај некои луге ала овие од статијата и после треба да излезе од тие деца нешто добро...Не знам дали може преку форумов нешто да направиме...ако има некоја идеја ајде да се организираме некако..дете на никого ништо не му скривило, ужасно и одвратно е заради болни возрасни него да му се уништи животот

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Децата без родители бараат посвојување, а...
1.9.2010 14:18:32   
lukas
blue blue isto se slozuvam so tebe ...ni na toa ne pazat treba da se desi nesto e vaka kako  vo veles bese mi se cini za da krenat malku prasina da organiziraat nesto i posle stivnuva pak se...do drugiot slucaj,namesto da sprecat ..pa posle gi isprakaat decata de vamu de tami i so vikas so ke bidi od tie deca...treba da se vodi kontrola navistina za sekoe dete posebno kade i da e smesteno,dali e vo zgrizuvascko semejstvo ili vo biolosktoto ..sekade ima nasilstvo..i treba sekade so ista mera da se nadgleduva...pozz

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Децата без родители бараат посвојување, а...
2.9.2010 0:18:27   
suzeto
da treba posvojuvanje a ne od interes za pari
ima tolku mnogu deca i roditeli bez deca,
a se ceka so godini za posvojuvanje...zostoa?

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?