RE: Одвикнување од цуцла (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Maca25 -> RE: Одвикнување од цуцла (9.6.2012 13:34:04)

Мене Н. во градинка ми ја одвикнаа од цуцла. А јас дома пак за спиење некое време и ја давав, ама еден ден и рековме дека е голема девојка, оди во градинка и Н. сама отиде во купатило и ја фрли цуцлата во шоља. Е после имаше плачки по цуцето, ама траеа кратко. И тоа само за спиење навечер. После некое време се навикна и ја заборави.




Annet -> RE: Одвикнување од цуцла (5.12.2012 13:17:59)

ние многу не ја цуцаме,ама ја држи во раче.многу поретко ја бара....ептен ако плаче и ноќе немирно спие тогаш ја бара..еве две ги изгриза има уште една и таа ќе ја фрлам и ќе мора да се навикне да не цуца,може да држи др нешто на пр.играчка додека заспие.....ќе видиме ама ова сега ми е важно ,да ја откачиме цуцлата.....




Natuska85 -> RE: Одвикнување од цуцла (3.1.2013 15:24:48)

Еве и јас од денес решив да пробаме да ја фрлиме цуца.Имаме веќе полни 20 месеци и мислам редно е.Инаку само за спиење ја користиме, преку ден му ја кријам.Пред неколку месеци бев му купила една на бејби лове од дм пошто многу ми беше убав дезенот ама не ја прифати ја фрлаше најдалеку што може,инаку нук користиме.И викам ќе пробам со таа да го одучувам. Денес на дневното спиење,не му давам цуца и почна да вика гуге,гуге аш...И не заспива 20 мин му ја давам оваа од дм ја вртеше на сите страни нешто не му штима ..И на крај виде не виде си ја пикна во уста и заспа.[sm=hudicek1.gif]. Му ја извадив од кога заспа.
Ќе видиме вечер како ќе биде.Се надевам нема да биде тешко,пошто навечер ме маваат кризи дека многу ми се спие(рано станувам да учам сабајле) и може да попуштам и да му ја дадам,сепак..дубоко се надевам дека нема[sm=smiley13.gif]

Ако знаете некои финти кажувајте помагајте...[sm=smiley36.gif]




Beatris -> RE: Одвикнување од цуцла (3.1.2013 16:11:15)

Aj Нато ја ќе те чекам да дојдеш до вистинскиот метод, и јас после на готово да применам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Пробај со она да се исече цуцлата или така нешто, мада Л на Кика си ја цуцаше и така со 1мм гумичка до пластиката, со заби ја држеше и не ја пушташе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




@Mila@ -> RE: Одвикнување од цуцла (3.1.2013 16:15:33)

Nie da se pofalime deka cuca lazlivka veke ne koristime i toa e samo zasluga na gradinkata tamu prestanal so cucla da zaspiva a preku den ne stanuva zbor deka ne ja dobival i vo posledno  vreme primetivme deka ja frla koga mu ja davame pri uspivanje taka da i kazavme good bye...sega se sledna faza da se naucime da pieme od cashka asalno.




ivemace -> RE: Одвикнување од цуцла (5.1.2013 17:22:16)

Nema metod... i mojot godina dena bese so cucla, pa koga ja iskina, ne mu kupiv dr tuku placese nekolku dena i ja zaboravi [sm=smiley36.gif]




kikicka -> RE: Одвикнување од цуцла (16.1.2013 13:59:48)

Ајде јас да се пофалам на оваа тема. Иако се спремав пак да ја одвикнувам, моето дете некако сама се одвикна. Во последно време ја бара цуцлата ама за да држи само, и кога сакав да ја ставам во нејзината уста таа одбиваше упорно и ја оставив, забележав дека извесен период така заспива без цуцла само ја држи во рака и толку, навечер исто ке ја побара ама не ја става во уста. Така да моето лесно помина, детето само си се одвикна, сега ни остануваат уште пелените. [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Одвикнување од цуцла (6.2.2013 12:17:38)

И јас да се пријавам дека веќе не користиме цуцла [sm=bravo.gif]
Ми се смачи еден ден, пресеков и ја фрлив во канта за ѓубре! Приметив дека станал ептен зависен од неа. Му давав само за спиење и кога стане од спиење му барав да ми ја даде и ми ја даваше добровољно, ама во последно време почнуваше да бега со цуцлата и да плаче по неа. Ич не ми се допаѓаше. Со сопругот се сложивме дека понатаму само повеќе ќе ја бара и ќе се приврзува.
Не плачеше по неа, кога го заспивавме малку кенкаше, не знаеше како да се опушти, ама му пеев, го држев во раце малку и се опушти така и заспа. Веќе 4 ден сме без цуцлата и синоќе не се разбуди воопшто да ја побара. Ете, за секоја навика има и одвика, само треба да се реши. Според мене подобро порано, не би да ризикувам дали сам ќе ја отфрлеше, па после на 2- 3 години да не можам да му ја земам.




Beatris -> RE: Одвикнување од цуцла (6.2.2013 13:53:33)

Ние веќе скоро месец дена сме без цуце, инаку користевме само за заспивање. Неколку дена ни поминаа во муабет како е голема, како Кико (на Натушка) нема цуце, Андреј (на Андрианче) нема цуце, само бебето Мими (на Икана) има дека е мало. И после два три дена ја прашав кога ќе ги фрли нејзините во канта како Кико и Андреј, се налути ги зема сите и сама ги фрли. Вечерта ја бараше - кај е цуцето, викам па нели ги фрли, и текна, и некако заспа. Другите денови се полесно, еднаш-два пати ја побара и толку. Значи некаде на 20 месеци се одвикнавме. Мислев дека ќе оди многу потешко, спремав методи со сечење, мачкање со нешто гадно, ама лесно излезе ова [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Annet -> RE: Одвикнување од цуцла (6.2.2013 17:23:11)

морам да кажам,ние веќе 3 дена сме без цуце,некако неочекувано е се,има само годинка ипол.сега на 14 ке наполни 1 ипол.
Значи,во последно време не ја цуцаше,само си ја држеше во раче додека спиеше.не ја бараше,си играше со цуцлата.И некна ја фрлаше по подот и јас онака нервозна и реков-СЕГА ЌЕ ТИ ЈА ФРЛАМ ВО КАНТАТА ЗА ЃУБРЕ И ГОТОВО СО ТОА ЦУЦЕ!!.
и ТАА ми вика,ајде мамо,кан-кан(канта)и демек ја фрлам и ја сокрив во џеб.и Така,веќе нема цуце,ја бара неколку пати,ама и викам нели заедно ја фрливме во кантата,нема ,ја однесоа ѓубраџиите хахахха
не смеам да и ја дадам не смеам да попуштам за нејзино добро,ова е шанса,да помине уште некој ден и ќе ја фрлам навистина..[sm=smiley1.gif]




Ikana -> RE: Одвикнување од цуцла (6.2.2013 18:11:45)

И нас не чека иста мака...одвикнување од цуце...моја М си ја обожава цуцлата, малтене цело време и е во уста...ќе биде интересно кога ќе почнам да и ја кријам [sm=smiley36.gif]




Andriance -> RE: Одвикнување од цуцла (7.2.2013 0:00:24)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana RR

И нас не чека иста мака...одвикнување од цуце...моја М си ја обожава цуцлата, малтене цело време и е во уста...ќе биде интересно кога ќе почнам да и ја кријам [sm=smiley36.gif]


Богами Икана М е ептен по цуцата...
Ние немавме проблем..ниеднаш не ја побара..ја користевме само за заспивање и тоа најчесто навечер...една вечер ете така решив дека е доста, поготово што ми се чинеше дека повеќе ја му ја нудев одколку што него му требаше. Натушка повлече нога [sm=jezicek.gif] и ние одма после нив. Искрено, не дека се плашев дека ќе иде тешко или да се думам како сега ќе го одвикам...секогаш си викав..од цице се одвикнуваат не па од цуца...само упорност и трпение.




light -> RE: Одвикнување од цуцла (14.2.2013 21:44:28)

I jas treba da se odlucam ovie denivi i veke da ne i ja davam ke probam i jas




Annet -> RE: Одвикнување од цуцла (15.2.2013 8:51:16)

Девојки за нас ЦУЦЕ Е МИНАТО..Не ја побара повеќе.Малку ноќе имавме мака,се будеше,ја бараше,ама и дадов да си држи едно мало бебенце ,и сега со него спие,си најдовме замена:)))))




Malecka23 -> RE: Одвикнување од цуцла (23.8.2013 11:16:26)

Ние сме веќе месец дена без цуцла.Ја откажавме за еден ден.прво мама направи многу дупки на цуцето ама М пак си ја сакаше е кога видов дека така не иде и ставив малку лутко на цуцето она лизна почна да плаче и само и реков дека цуцето е лошо и не го сакаме веќе и го фрлив преку тараса.Од тогаш наваму нема веќе цуце за нас само дента кога требаше да заспие го побара и кажав дека го нема и толку.Многу се плашев како ќе се одвикнеме ама среќна сум што не ни осетивме разлика




Ozbilna -> RE: Одвикнување од цуцла (25.1.2014 15:16:47)

Јас немав никаков проблем со цуцлата ја цуцавме 1 год и 3 месеца,само што наполни исто наведените утредента ја фрлаше цуцлата ја газеше јас си викам што му е на детево тој си се смее.И не ја ни бара не сака ни да ја погледне сам си го реши проблемот со цуцлата ја изнатепа хаха.А искрено бев мн уплашена дека тешко ке се одвикнеме од цуцла ама мажево мое само ја среди раб.Се надевам и вие нема да имате проблеми со вашите.Позз




Defne90 RR -> RE: Одвикнување од цуцла (25.1.2014 23:13:28)

Исто и ние бевме година и три месеци и сам си ја фрли цуцлата.Инаку никогаш не бил којзнае колку по цуцли преку ден не ја цицаше само за спиење ја бараше.Јас искрено не се замарав многу со тоа,знаев дека нема да ни биде тешко да ја оставиме.А малото пак воопшто не сакаше цуцли,а му ја ставев до уста веднаш почнуваше да негодува,па така тој воопшто не цицал цуцла.




deluxe -> RE: Одвикнување од цуцла (26.1.2014 15:02:44)

Моето има 17 месеци,и сеуште абер нема да ја фрли цуцлата,напротив секој ден се повеќе ја сака.Како сестраму ќе тераме до 3 години со цуцла[sm=jezicek.gif]Незнам зошто,но немам против детето да си има цуцла,тоа ми е како да го одделуваш од мајка,детето емотивно си се врзува за тој предмет.Барем јас така мислам.Затоа им давам простор и време на своите деца,сами кога ќе дојде време да ја напуштат" мами"(така ја викаме[sm=jezicek.gif])Еднаш се бебиња(колку сум либерална[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif])




Hunny -> RE: Одвикнување од цуцла (26.1.2014 16:47:56)

Моето [sm=duda.gif] не користи цуцли, ни за шише, ни лажливка.




Mimi33 -> RE: Одвикнување од цуцла (26.1.2014 20:22:14)

И ние повеќе не користиме цуцла...Престана да ја користи уште кога наполни една година...На почетокот беше течко и плачеше но за кратко се навикна.....место цуцла пример ќе му дадев нешто овошје да јади,пиеше од чаша со клунче и си се навикна...ќе видиме сега со второто како ќе биде [sm=duda.gif]




elenak -> RE: Одвикнување од цуцла (26.1.2014 23:21:34)

Мене страв ме фаќа како ќе се одвикнеме од цуцлата. Само за спиење ја давам ама во последно време почна да ми ја бара и преку ден. Тогаш гледам да и одвлечам внимание со нешто друго и заборава ама и на спиење веќе не ја пушта. Порано ќе заспиеше цврсто и ќе ја плукнеше сега се буди и ја бара, се позависна станува.[sm=smiley13.gif] А од шише веќе подолго време не пие, освен млекото што мислам дека не е некој проблем, тоа лесно ќе го решиме,туку ова лажалката којзнае до кога.[sm=zmeden.gif]




elenak -> RE: Одвикнување од цуцла (20.12.2014 11:59:08)

Апдејт на последниот пост -се отарасивме од цуцлата![sm=smiley36.gif] Многу, ептен многу беше приврзана, стварно се плашев како ќе поминеме, т.е знаев дека еден ден мора да се решиме, но никако не можев да пресечам, мислев дека ќе имаме голем бунт, плачки ноќе и ме фаќаше језа од тоа. Ама пред две недели пресеков и реков доста е, 3 години се и премногу. И направив еден ,,лош филм,, дека забите ќе и се расипат, ќе и станат црни и ќе ја болат и се уплаши малку. Само два дена ни беше тешко заспивањето, нервозна беше (јас јадев ќотек ама морав да си трпам [sm=smiley36.gif]) и сега веќе готово, заспива без цуцла и не се буди, ама ја приметувам дека многу и фали, само за цуцлата раскажува и сама си вика ,,јас мамо спијам без цуцла,нели?,, [sm=smiley36.gif] Сигурно многу и недостига ама тоа е, за нејзино добро.




AneLav RR -> RE: Одвикнување од цуцла (20.12.2014 14:22:05)

Ние се одвикнавме од цуцла за еден викенд толку беше маката. А ептен беа поврзани за цуцлата. Веднаш штом наполнија две години и премногу беше рековме со мм доста е. Почнаа да им се создава отворен загриз од цуцлите. Бевме у Ск и како демек со мој договор еден мој чичко им ги фрли во калта и тоа си го повторуваа секој пат кога ќе им текнеше на цуцлата. „ А тој дедо лош ни ги фрли цуците во земјата“ и толку. Имав и јас проблеми со заспивањето ама траеа еден викенд толку. Пред да ги одвикнам еден месец им ги давав само навечер за спиење и денското спиење ни беше без цуцла.




Melanija RR -> RE: Одвикнување од цуцла (20.12.2014 22:15:00)

Читам за идеи за одвикнување [sm=smiley36.gif] Сега на 16м на М му ја давам кога е во моменти да неможе да долежи да му се смени пелена,кога е уморен од игра и тоа е најмногу двапати по 2 мин и кога заспива.Има плус моменти секако ,кога се чека на ред кај педијата,кога е раздразлив од забите, од непознато во градинка со цуцла е.
Разбра му велам какана е и ја остава и дава,па е посегне и пак какана ми вика да[sm=smiley36.gif] ќе пробувам па се надевам до пред 2 роденден ќе ја фрлиме[sm=smiley1.gif]




elenak -> RE: Одвикнување од цуцла (21.12.2014 17:33:09)

Меланија фрлајте ја што поскоро додека уште се залажува. Ј ептен веќе се разбира, дури кога ќе и речев какана е ќе ја фрлиме ми викаше добро, нова ќе ми купиш.[sm=smiley36.gif] Ние ептен претеравме, свесна сум дека 3 години се многу ама да знаев дека толку лесно ќе биде порано ќе ја одвикнев. А сега и мене ми фали цуцлата во такви моменти кога е раздразлива, како лексилиумче ни беше.[sm=smiley36.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3   Следна страница >   >>