Hopeful RR -> RE: Одвикнување од цуцла (16.1.2016 13:25:46)
|
Кај нас е обратно, јас сакам да им бапнам цуцли, тие нејќат [sm=smiley36.gif] Не знам како се случи одвикнувањето од цуцла, некако сами по себе, и тоа преку ноќ. Долго време беа зависни од цуцла, немаше шанси да заспијат без нив, и плус преку ден, онака [sm=smiley1.gif] Секој си имаше свој тип цуцла, тоа плус, не сакаа исти. Еднаш ни дојдоа гости па девојчето ја заташка цуцлата на Ј, а таква иста цуцла не можевме нигде да најдеме (од оние медицинските), и некако си престана и да ја бара и се навикна без неа. Кога после неколку недели ја најдовме, не ја сакаше. М продолжи со цуцли уште некое време, во кризни ситуации, ама и на него му се здосадија изгледа. Сега уште ни циркулираат по дома цуцли, ептен ретко да помогнат, при заспивање или презаспивање, бидејќи ги фрлаат и си играат со нив.
|
|
|
|