blond -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (17.12.2010 12:45:08)
|
Сакам да прашам нешто. Јас сум во 12 недели и 6 дена бремена. Гинекологот ме советуваше да ги направам испитувањата за Даунов синдром (но ми рече не се задолжителни). Мене ми е големо малтретирање од Струмица да одам во Скопје само крв да ми земат ( овде ги направија мерењата). Сега ме копка дали правилно постапив. Инаку добро се развива бебето, темпераментно е, гинекологот ми рече дека мрда многу, му ги видов рачињата, ножињата, мешето... Цело го видов[sm=smiley1.gif] Прашав други трудници и сите што ги прашав никоја не била на таквите испитувања. До душа, мене ништо нема да ми смени ако ми кажат дека шансите да има Даунов синдром се 1:500 или 1:3000. И слушнав само дека кажа големината на тој дел што го мерат и според кој вршат испитувања за ДС била 0.81. Што значи тоа ? Инаку Ели и јас имав таков кафеав исцедок, и јас примав Утрогестан 200 вагиналетки и по една терапија пак се повторуваше исцедокот и јас си продолжував со терапијата. Последен пат ја примав во 10-11 недела, сега сум 13 и фала богу немам такви исцедоци пак. Спека би ти препорачала да си ги купуваш и да ги примаш до крајот на првото тромесечие. Е знам дека се скапи малку и плус за 5 дена мораш нови да земаш, ама парите во овие случаи не се битни.
|
|
|
|