babygirl88 -> RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 недела (16.9.2014 10:31:55)
|
Здраво женски, нова сум овде и се надевам ке си се дружиме понатаму затоа што само што си дојдов од лекар, и ми го потврди тоа што веќе го знаев, дека сум бремена :)))) Е сега, ова ми е втора бременост, првата нажалост не успеа. Му престана срценцето и морав да абортирам :( причина нема. правев тестови за кламидија, и некои други работи, и се беше негативно. Тоа се случи во мај, еве сега сме веќе септември и сум повторно бремена. Само овој докторов секогаш ме расплакува. Овој пат, ми кажа дека е рана бременост, и дека сеуште нема создадено ембрион. Последната ментруација ми беше на 6ти Август. Навистина не разбирам. Се плашам дека повторно нешто нема да биде во ред. Зарем досега не требаше да има и ембрион? Ми даде утрогестан и аспирин и ми кажа да се вратам кај него по 10дена. Навистина ми е страв :(
|
|
|
|