Natasa981 -> RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела (23.4.2011 8:31:57)
|
Здраво мамички! Еве ме мене и официјално во второ тромесечје,на старт на 13та недела.Се чувствувам ОК, малку ми е полабаво со мачнини и гадење,но сеуште неможам да јадам се, немам баш апетит..Инаку, минатата недела бев на оној прво 4Д скрининг што се прави за евентуални абнормалии на плодот,па фала Богу се е добро.Но многу сум разочарана од докторот.Ме гледаше едвај 6-7мин и за тоа време уста не отвори,се нешто мумлаше,зјапаше како луд без да коментира,а јас гледав и се тресев од страв..И на крај рече демек се е Ок,во ред ,супер, добро аха се гледаме за 8 недели.Ете толку,а јас будалата,ни да прашам ,ништо,ко попарена излегов.Да не ви спомнувам колку платив и каде бев,кај прочуен доктор,екстра човек нели,врвен во оваа област,ама мене не ми остави впечаток воопшто.И сега?Нити спомна нешто за Даунов преку крв, нити за тоа Приска или како го викаат,ништо ништо.КОлку сум лута!Важно знаеше да процеди на што му личело бебево,демек на полот,ама не бил сигурен, малово цело време беше со скрстени рачиња и нозе..Како го увиде тоа,како?!Му личело него!Ми идеше да му акнам бокс, од толку што ми се стемни пред очи.
|
|
|
|