|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Децата и непријатните миризби
4.9.2010 10:02:56   
niki
Еве ме мене повторно пред една родителска дилемаuser posted image непријатни миризби чиј извор може да биде било што или било кој и моето мало умно главче кое е непоправливо искрено или сеуште нема научено да лажеuser posted image
Првите нејзини изјави дека нешто смрди беа упатени кон ВЦ шољата која некој претходно ја користел, и нејзиното упорно одбивање таа да ја користи затоа што неверојатно смудиuser posted image Тоа некако го решивме со разговор и објаснување дека тој мирис од таму е сосема нормален и сите луѓе го оставаат во ВЦ бидејќи таму му е место и посочување дека и нејзиниот измет не им мириса пријатно на другите, посебно не кога нокширот ќе го остави во дневна соба.
Е сега дојдоа на ред луѓетоuser posted image Пред неколку дена свекрва ми ја бакна во нос, притоа веројатно се издишала жената и веројатно мирисот на цигари предизвика реакција. Почна да кашла и да се напиња ко да ќе поврати, притоа велејќи дека баба и е бљак. Кога ја прашував зошто така вели не знаеше да објасни, па завршивме со тоа дека баба и не е бљак и со нејзино извинување за изречените навредливи зборови. Утрово веројатно ситуацијата се повтори. Овојпат трчаше во ВЦ да повраќа, а на прашањето од што и се лоши одговори дека баба и смрди. На што свекрва ми видно беше навредена и и одржа лекција дека тоа никому несмее да вели, бидејќи ќе и се налутеле.
Не велам дека не е во право жената, но ни детето не греши бидејќи се гледа дека мирисот и е премногу јак и и предизвикува непријатни реакции во организмот. И се чудам како да го решиме проблемот а решението да биде поволно за двете страни, а јас да не испаднам баба рога во очите на свекиuser posted image
Сте се нашле ли во ваква ситуација и како се справувате?


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Децата и непријатните миризби
4.9.2010 11:21:04   
Werty
Читав некаде дека приемањето на мирисот како пријатен, непријатен или неутрален всушност не зависи од самиот мирис туку е социјална категорија, односно ако некој човек/заедница смета дека некој мирис е непријатен тоа го добил како воспитување од предците и го пренесува на наследниците. Класичен пример е изборот на храната.
Ние на пример дома не јадеме запржена храна и мене еднаш одејќи по скали со малиот откако не заплисна силен мирис на запршка од некој од становите ми се испушти и реков дека некој вари прдешки за вечера. Оттогаш малиот тој мирис го смета за „прдешка“, односно непријатен, што ми е многу криво оти јас сум виновна за тоа бидејќи му ускратив можност самиот да донесе заклучок дали тој мирис му е пријатен или не. Наспроти тоа, често јадеме свеж зеленчук што подразбира и свеж лук кој има интензивен мирис - за нас тој мирис е пријатен, но за повеќето луѓе мирисот на лук е непријатен.
Што се однесува до другите луѓе и нивните лични мириси, мене ми се чини дека е важно на детето да му се објасни дека секое тело има свој сопствен мирис, но дека е мнооооогу важно да се одржува хигиената на телото за телесниот мирис да не биде толку интензивен што ќе им пречи на некои други луѓе. Односно, слободно јади лукче оти е многу здраво, ама по јадење треба да се измијат забите.
Мислам дека толеранцијата кон мириси (не кон нехигиена!) е важна и за односите со луѓе од други културни заедници. Имено, утре кога детето ќе порасне и ќе сака на пример да патува по светот, ако има предрасуди кон мирисите при средба и пријателски ручек, на пример, со Индиец ќе треба да трча да повраќа поради силниот мирис на кари, или во Турција да повраќа поради силниот мирис на овча маст...

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Децата и непријатните миризби
4.9.2010 11:56:48   
mama26
se slozuvam 100 posto so werty.seto toa e vistina i zavisi mnooogu i od nas.ako nejadam luk i deteto nema,ako nejadam ovosje nema ni deteto.ako mi mirisa nekoja mirizba ke mu mirisa i nego istata.nie doma sve jademe.e sega imav problem maslinki u zivot ne gi sakav i niv gi projadov za detevo da nema kompleki utre.a za miris od luge naogam pricina kako da gi opravdam tie mirisi zasto taa zena gotvela pa zatoa e umirisana,ili od cigarite kako sto vika niki e ama ke gi izmie zabite babati i taka. asto znam familija luge sekoja miris od corba im smeta.a sekako ako gi pokanis na rucek ke jadat ama kaj niv da ne mirisauser posted image

(Одговор на членот Werty)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Децата и непријатните миризби
4.9.2010 12:30:11   
niki
Многу ми се допадна постот Wertу
вистина мирисите се социјална категорија и треба да се има толеранција
но, кога мирисите ги предизвикуваат  навики кои се општо прифатени како лоши, како пушењето или конзумирање на алхохол што тогаш? дали и за нив сме толерантни и колку таквите мириси треба да ги претставуваме како нормални и пријатни и подносливи?
нема ли тоа сега прифаќање на тие мириси во иднина да произведе и прифаќање на навиките кои ги предизвикуваат?
Мене лично воопшто не ми се допаѓа да го оправдувам мирисот од цигари и да го учам детето дека е тоа добар мирис на кој треба да се навикне и да го прифати како најнормален, неутрален или уште полошо пријатен, а за жал ни добро одржувана лична хигиена не може да го покрие мирисот од носот на некој кој не пуши.
user posted image навистина незнам, многу шкакљива тема


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Werty)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Децата и непријатните миризби
4.9.2010 12:57:47   
Werty
Ние човечињата сме склони кон предрасуди. Зошто нешто што е „општо прифатено“ како лошо/добро треба да е лошо/добро и за нас?
На пример, кај нас во МК се смета дека не е добро кафе да им се дава на деца и тоа е општо прифатено. Но, во некои земји се знае дека една-две чаши кафе на ден (покрај другото) му помагаат на телото самото да се штити од дијабетес. Јас пијам кафе од 6 годишна возраст и за сега сум поштедена од наследниот дијабетес.
Лоши навики? Хммм... Едно време се сметало дека мастурбацијата е лоша навика (и дека се суши кичма :))) Исто така, дури и денеска (21 век) има луѓе кои сметаат дека хомосексуалноста е лоша навика!?
Пушењето е навика, точно е, која во современиот западен свет се смета за лоша, но пушењето тутун е дел од цела една култура на живеење (ориенталната, на која и јас и припаѓам). Во последно време се смета дека индустриското загадување на околината (вклучувајќи ја и бучавата) предизвикува поголема штета по здравјето на човекот одошто умереното пушење.
Чепкањето нос се смета за навика - која исто се смета за лоша. Но, од друга страна според некои медицински истражувања го потпомага зајакнувањето на имунитетот кај децата.
Всушност, според мене, лоши навики се оние кои се вон природата на човекот. Како лажење, на пример, како злоба, како насилство без причина (значи, без да биде загрозен животот)...
Накусо, секој си има свои критериуми за живејачка и ми се чини дека не треба да се обидува да ги наметнува своите критериуми на другите вклучувајќи ги тука и своите деца. Сузбивањето и негирањето на другите и нивното наследство (генетско, културно и социјално) е насилство, суптилно насилство, но сепак насилство.
Живеј и пушти ги другите да живеат, тоа е моето мото. А поентата на моето воспитување на децата е - отвори им ги очите и ушите. За сега, добро ни оди.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Децата и непријатните миризби
4.9.2010 14:02:26   
niki


Воопшто не се работи за предрасуди, ниту за сузбивање на нечие наследство.
Мене мирисот на цигари ми пречи кај сите луѓе, дома не пушиме ни јас ни мм, избегнуваме да одиме на места каде многу се пуши, поради тоа што живеам на море и кога излегувам на јавни места ја имам опцијата да седнам на отворено за да не се загушувам во туѓиот дим,  радо одбирам да седнам во отворениот дел каде можам да уживам во чистиот воздух. Ова неизбежно сме го наметнале и на нашето дете, зар на детето ние кои сме му родители ќе му наметнуваме некои туѓи критериуми.
Она што веројатно те тера да мислиш дека некој некому сака нешто да наметне е предрасудата дека создавачот на проблемот е свекрвата а проблемот овде го презентира снаата.
Што е само проста случајност бидејќи таа е моментално тука и со неа се случи инцидент. Кога би бил татко ми тука, бидејќи е пушач и него сигурно истото би го снашло и исто би се чувстувал навредено и повредено бидејќи децата на толку мала возраст се едноставно искрени, а не се моќни најдобро да се изразат за да не дојде до недоразбирање. А мене не ми е намерата со темава да најдам начин како да ја одвикнам свекрва ми од пушење, ниту да ја оддалечам од внучето или да и го сузбивам културното, социјалното и генетското наследство, туку да најдеме начин од една непријатна ситуација во која сме се нашле во која се косат нашите  убедувања и сосем случајно се нашле во судир, да излеземе без да повредиме ничии чувства и не загрозиме ничии права (тука спаѓаат правата на свекрва ми и на секој друг да пуши колку му душа сака и правото на моето дете да немора да го вдишува  мирисот од цигари ако го чувствува како непријатен)



_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Werty)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Децата и непријатните миризби
4.9.2010 14:22:15   
Werty
Па, тука сме некаде со муабетот, всушност. Не гледам зошто свекрва ти се навредила од реакцијата на детето кое си има свој став. Кога би била јас на нејзино место би била потолерантна и би и го објаснила на внуката она погоре кажаното. Пристапот што си го имала со ВЦ-то според мене е ОК - мислам, тоа што си и објаснила дека така стојат работите со каката на сите луѓе вклучувајќи ја и нејзината кака. Тоа спаѓа во градење на толеранција кон другите. Е сега, јас би му објаснила на детето дека е добро (и пожелно) да си го каже својот став за работите, но не е љубезно да го издраматизира (она со повраќањето), а на свекрвата исто би се обидела да и го објаснам истото ако веќе не успеала самата да го сфати.
Туку ме стави во една друга мисла... Зошто некој воопшто би бакнувал мало дете в лице? Кога ми се роди првото дете мајка ми го бакнуваше во косичката. И до тука ми беше прифатливо. Свекрва ми еднаш го бакна во образ, но и ги кажав моите аргументи против и таа се согласи и никогаш ниту се навредила ниту имало некаков проблем.
Што мислите за тоа? Дали мали деца треба да бидат бакнувани в лице од некој друг освен од родителите?

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Децата и непријатните миризби
4.9.2010 18:09:02   
mama26
nie lugeto ideme od krajnost vo krajnost so muabeti.sekako deteto ke si go kaze svojot stav ako cigari mu smetaat.pa i jas sama na sebe si smrdam ako ispusam poveke od kolku sto treba.i nema sto da se vrega svekrvata ili bilo koj sto mirisa.i normalno deka ke mu kazete na deteto deka toa go pravat cigarite.deka toa ne e prijatna mirizba.a svekrvata sigurno nema da gi otkaze cigarite -zatoa nema da go bacuva vo lice ili usta-tuku na glava.majkami ne e pusac pa ne i dozvoluvam vo lice.nitu pak jas baknuvam vo lice.a deteto da ne ja uvelicuva rabotata ako babamu smrdela na jadenje ili cigari ili dedomu na rakija sme nie tuka da izmislime nesto zatoa sto i da objasnuvas nema da svatat.

(Одговор на членот Werty)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Децата и непријатните миризби
5.9.2010 17:28:08   
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Werty

Не гледам зошто свекрва ти се навредила од реакцијата на детето кое си има свој став.




Претпоставувам дека поради тоа што е толку навикната на сопствениот мирис, да не е ни свесна дека некому тоа му е непријатно и поради несреќниот избор на зборови од страна на ќерка ми која не успеа да објасни од каде такви изјави и таква реакција.
Мое вмешување секако беше пожелно, но во моментот сметав дека повеќе штета отколку добро тоа ќе донесе па ги оставив они две да си го решаваат конфликтот. Што секако нема да биде случај ако истото се повтори.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Werty


Туку ме стави во една друга мисла... Зошто некој воопшто би бакнувал мало дете в лице? Кога ми се роди првото дете мајка ми го бакнуваше во косичката. И до тука ми беше прифатливо. Свекрва ми еднаш го бакна во образ, но и ги кажав моите аргументи против и таа се согласи и никогаш ниту се навредила ниту имало некаков проблем.
Што мислите за тоа? Дали мали деца треба да бидат бакнувани в лице од некој друг освен од родителите?



Имаме таква тема кај сме разговарале за тоа. Јас лично не сум против, дозволував да ја бакнуваат кога беше тукушто родено бебе и сега немам намера да забранувам. Тоа по мене е лишување на блиските да ја искажат својата љубов и нежност кон детето. Сметам дека децата имаат право да бидат сакани поддеднакво и на ист начин како од родителите така и од другите членови на семејството и кој како ќе ја искажува својата наклоност е лично негов избор, а не загарантирано право на родителот да одредува.
Но, ако детето само покажува дека не сака да биде бакнувано и самото одредува каде може, а каде не, (како што прави ќерка ми) тогаш сум на негова страна. Против сум да било што се прави со присила. Против сум да се занемарува идентитетот на детето и неговите сакам и не сакам, ми се допаѓа и не ми се допаѓа само затоа што е дете.
Таа, на пример не сака татко и да ја бакнува кога не е избричен зошто ја боцкал. И мм го почитува тоа и тогаш избегнува или и вели таа да го бакне во чело каде што му е мека кожата.


_____________________________

Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together

(Одговор на членот Werty)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Децата и непријатните миризби
6.1.2016 16:17:26   
marchi
bilo prijatna ili neprijatna mirizba ostavam sam da ja oseti pa i da ja oceni.za hrana koga ke pravam toj samo prasuva sto e toa posle koga ke odime nekade i stom ke oseti mirizba vekje ja naucil.na primer znae da kaaze deka mirisa na przeno deka mirisa na peceni piperki...
ama isto taka znae da prdne i da rece jas prdnav smrdam. user posted image e toa od kaj go naucil ne znam.

(Одговор на членот niki)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?