|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Амниоцинтеза
13.4.2009 21:48:24   
Еца
Најчесто на трудниците постари од 35 год.им се препорачува преглед на нероденото дете преку испитување на плодовата вода, поради откривање на можни деформации или болести. Меѓутоа се препорачува и на трудници кои во семејството имаат лица со некаков хендикеп. Колку е оваа метода безболна, дали некој има правено и какво е искуството?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Амниоцинтеза
13.4.2009 22:29:05   
Marta
Jas bev na amniocinteza vo 19 nedela od bremenosta zatoa sto maz mi ima vi familija bliski rodnini so hendikep i poradi toa sto krvnite naodi bea pozitivni na Daunov sindrom.No kako sto mi rece i gin tie ne bea nimalkuy tocni.Inaku amniocintezata ne e toloku bolna kolku sto mene mi bese strav.Osetiv samo bockanje,a ne i bolka.Sepak stravot bese prisaten.Potoa odmarav tri dena i se pomina.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Амниоцинтеза
16.6.2009 15:04:44   
Iva
И јас имам правено амниоцентеза и тоа во двете бремености, поради тоа што во фамилијата на сопругот имаат заболен од Даунов синдром. Иако медицината кажува дека ова не е наследна болест, стравот беше присутен.
Инаку самата постапка не е болна, но кај 1% можно е да предизвика спонтан абортус. И замислете на првото тестирање за малку ќе бев во оние 1%. Земањето на плодовата вода не беше болно, траеше неколку минути, се беше во ред, но после 10-тина минути одеднаш добив толку силна болка во пределот на јајниците, мислев дека некој со нож ме пресекува. Од силната болка ми се фати грлото, не можев да им кажам на докторите што ми е. На раце ме однесоа на кревет, ме приклучија на инфузија, ми ставија инекција дијазепам и ноќта ја поминав во болница. Всушност тоа беа породилни болки, со таа разлика не се појавуваа на периоди, туку траеа без престан. Утредента се смирија, последици немаше за среќа, само што ми порачаа беше дека ќе треба  да лежам до крајот на бременоста. Не знам дали поради тоа , но јас се породив во 35 недела, ми пукна водењакот а немав болки.
За среќа, во втората бременост немав никакви проблеми, се си помина во најдобар ред.
Значи се е индивидуално и никој не може да предвиди што ќе се случи. И покрај тоа јас ја препорачувам амниоцентезата за сите жени од сите возрасти, бидејки живееме во едно не "здраво" време.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Амниоцинтеза
16.6.2009 15:22:19   
mami
леле мене ми е од тоа многу страв..да ми чепка по стомак со игла..уффф не дај боже некогаш да имам потреба за такво нешто...

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Амниоцинтеза
22.10.2009 19:57:31   
ananikol
I mene mi ja predlozija bidejki sum nad 35 god.Sega momentalno gi ocekuvam rezltatite od krvta kakov ke bidi soodnosot na rizikot ako bidi 1:2000 nema potreba za  aminocinteza no ako e 1:200 togas ke mora.A,da,mi rekoa i deka 90% e siguren toj princip a dodeka kaj aminocintezata nema utka.
Denes mi se javija od bolnica mi zakazale termin za eho za 4 noembri a potoa kompjuterski ke se spreduvale vrednostite na krvta i ehoto.
Ke pisam za rezultatite obavezno.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Амниоцинтеза
22.10.2009 20:07:57   
Muffin
Jas pravev poradi pozitiven prisca, sekako, lazna uzbuna bese. Pravete amniocenteza kaj doktori koi se specijalizirani za prenatalna dijagnostika - dimcev i petrovska vo sistina, drugi ne znam. Mene me bolipovekje koga proveruvam krv, postapkata bese gotova za pomalku od 1 min, iglata e tenka ko vlakno, od sistina si otidov na kafe so mm, a utredenta na rabota. Na drzavna postapkata ja pravat so mnogu debeli igli i zatoa se preporacuva lezenje nekolku dena. dr petrovska epten si ja znae rabotata, bebolina ne se ni pomrdna koga iglata navleze vnatre, znaci ne ja ni pocuvstvuva pstapkata. Navistina kosta mn povekje, no jas isktreno ne bi rizikuvala da pravam vakvo nesto na drzavna, sum citala na drugi forumi primeri kade po 5 pati ja bockale pacientkata zasto ne uspeale da zemat vodicka...uzas!!! 5 dupki u matka i 3 nedeli lezenje na klinika...amniocentezata vekje ne e tolku opasna postapka kako nekogas, samo zavisi KOJ ja pravi.

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Амниоцинтеза
23.10.2009 15:35:18   
Iva
ИЗВОРНА ПОРАКА: Muffin

Pravete amniocenteza kaj doktori koi se specijalizirani za prenatalna dijagnostika - dimcev i petrovska vo sistina, drugi ne znam. ta. Na drzavna postapkata ja pravat so mnogu debeli igli i zatoa se preporacuva lezenje nekolku dena. dr petrovska epten si ja znae rabotata,  jas isktreno ne bi rizikuvala da pravam vakvo nesto na drzavna, sum citala na drugi forumi primeri kade po 5 pati ja bockale pacientkata zasto ne uspeale da zemat vodicka...uzas!!! 5 dupki u matka i 3 nedeli lezenje na klinika...amniocentezata vekje ne e tolku opasna postapka kako nekogas, samo zavisi KOJ ja pravi.


Еееее тука морам да дадам контра коментар. Како прво, јас првата амниоцентеза ја правев во државна и тоа кај Др.Петровска, значи во тоа време таа сеуште беше во државна. Докторката е за пофалба и не можам да кажам ништо лошо за неа. Ми ја водеше цела бременост која се рачунаше за ризична. Но кога станува збор за амниоцентезата после вадењето на плодова вода јас добив породилни болки (тоа беше 21 недела). Вториот пат исто така правев амниоцентеза во државна и кај докторка која не знам ни како се вика сега ако ме прашате, значо не се замарав воопшто кој ќе ја прави, и си помонав супер. Целата постапка е тотално рутинска, а ризикот постои без разлика кај ќе се изведува. И тие доктори од Систина дошле од државна која школо им дала.

(Одговор на членот Muffin)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Амниоцинтеза
23.10.2009 15:36:30   
Iva
И само да додадам , после амниоцентезата не треба да лежиш во болница три дена, ниту во државна, си одиш дома веднаш, не знам Muffin од каде ти е таа дезинформација

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Амниоцинтеза
23.10.2009 15:41:09   
kiki_riki
во втората бременост докторот ми спомена да направам, но на прашање дали постои можност да биде повредено бебето одговори со ДА, МИНИМАЛНО, ама за мене тоа значи НЕ РИЗИКУВАМ, сепак и резултатите што ги даваат даваат само веројатност, оставив на бога и фала богу се испадна во ред

_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Амниоцинтеза
24.10.2009 14:52:43   
Muffin
jas ne rekov vazno e kade ke se pravi tuku Koj ke ja pravi, potencirano e duri. Jas iskreno sum tolku "izgorena" od lekari sto ne sednuvam pred sekogo.

(Одговор на членот Iva)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Амниоцинтеза
24.10.2009 14:59:58   
Еца
да да Муфин јас го поддржувам твојот коментар, со оглед на многу непријатни ситу8ации кои се случуваат во нашите здравствени установи, претпазливост МОРА!

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Muffin)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Амниоцинтеза
4.11.2009 18:30:44   
ananikol
Denes bevme na eho i po detalniot pregled (vo ramkite na moznostite a se zadrzavme okolu 2h)mi bese kazano deka user posted image  od ova sto mozi da se vidi e vo red,znaci prisutna nosna koska,rbetceto ok i normalna dolzina na vratceto.user posted image user posted image user posted image
Aminocintezata ne mi bese preporacana bidejki placentata e mnogu nisko da rizik od "nesakani" posledici (predvremen poragaj)e mnogu pogolema od normalnata.No,sekako poslednata odluka bese ostavena na nas,mislam deka nema potreba (fala mu na boga) bidejki mnogu mal e rizikot,soodnosot vo nasiot slucaj e 1:3053
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Амниоцинтеза
4.11.2009 18:32:40   
srekna mama
баш ме радува што се е супер!user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image терај сега понатаму,полека,полека......user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Амниоцинтеза
4.11.2009 18:37:50   
ananikol
Ti blagodram,srekna mama

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Амниоцинтеза
13.11.2009 20:20:48   
Anonimen
Ve molam nekoj da mi kaze kade da pravam amniocinteza

(Одговор на членот Еца)
  Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Амниоцинтеза
13.11.2009 23:34:28   
Викторија
јас правев амниоцентеза кај др-Павле Димчев во Ремедика прекрасен доктор еден од најдобрите дијагностицари.асега разбрав дека е во Систина.бивиго препорацала него.

(Одговор на членот Anonimen)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Амниоцинтеза
18.11.2009 13:14:11   
mother 29
Амниоцентеза

Амниоцентезата е една од најчестите техники кои се користат за иследување на генетскиот кариотип на фетусот. Истата преставува трансабдоминална пункција на амнијалната шуплина која најчесто се изведува под ултразвучна контрола со воИндикации за нејзина примена е цитогенетски иследување на плодот кај бремени жени со возрасна група над 35 години, предходни бремености со докажани генетски тризомија, хромозомската состојба на родителите, детски малформации во своја или блиска фамилија. Оваа амницентеза се изведува меѓу 16-18 г.н., а аспирираната течност треба да преставува 3-8 % од вкупната количина на амниотска течност.

Во касна бременост истата се изведува за де се утврди зрелоста на белите дробови на фетусот, одредување на нивото на билирубин кај Рх сензибилизирани пациентки, ордеување на нивото на инсулин кај дијабет кај мајката, одредување на електолитниот состав кај сомневање на фетално урогенитално заболување и сл.

При изведување на оваа интервенција постои ризик за абортус, предвремено прскање на околуплодовата вода, инфекции. Ризикот од абортусот  е 0,5-1%.

Како се изведува интервенцијата?

При амниоцентезата мајката легнува како за обичен ехо преглед. Стомакот се прска со спреј за дезинфекција. Лекарот работи со стерилни ракавици, инструменти и игла за една употреба. Интервенцијата започнува како обичен ехо преглед при што се утврдува местоположбата на постелката, а потоа лекарот со иглата влегува во плодовата вода (без да се допре бебето) преку стомакот на мајката и се вади мало количество вода која се праќа на анализа. При изведување на интервенцијата мајката може да почувствува определена болка (убод од игла).

Што се случува потоа?

Се препорачува пациентката да не пешачи многу или да вози веднаш по интервенцијата. Треба да се избегнуваат посериозни физички активности, секс и физички вежби во следните три дена. Ако дојде до истекување на течност од вагината или појава на температура треба ВЕДНАШ да се контактира со лекар.

Ако мајката е РХ негативна според крвната група, тоа мора да му се каже на лекарот кој ја изведува интервенцијата.

Д-р Стојковска Снежана
Спец.по гинекологија и акушерство

(Одговор на членот Викторија)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Амниоцинтеза
8.12.2009 17:35:36   
mina_m
jas pred nedela dena go pravev testot so amniosintezata i izleze bebeto daunce,ja prekinav bremenosta i seuste sum vo golem sok,se prasuvam sto zgresiv vo zivotot sto vaka mi se slucuvauser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Амниоцинтеза
18.12.2009 16:54:27   
Mila na mama
Деновиве ме изненади следнава информација. Цената на амниоцинтеза во болницата Св. Лазар е 17 000 ден Според мене претерано. Во Државна велат било околу 5 000. имате инфо за другите клиники?

_____________________________

love u all
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Амниоцинтеза
18.12.2009 22:13:05   
betpet
  Амниоцинтеза, зависи кој како си поминал, и мене ми рекоа дека треба задолжително да ја направам во текот на првата бременост поради мојата возраст од 35 години. Иако во нашите две семејства нема заболувања но сепак за неколку доктори кои ги косултиравме беше задолжителна поради возраста. Ја правев во 17 недела од бременоста, во државна и ми ја направи некоја др. Станкова. За пример, кога ја направи таа самата сметаше дека постигнала голем успех дека добро ја извела и на крајот сама ма себе си рече"браво докторке јес, јес". Точно дека е рутинска постапка завршува само за 10 минути и те пуштаат дома, но за жал јас бев една од тие 1 %, и во понатамошниот тек на бременоста дојде до некоја инфекција и морав да се породам односно принудно да се исфрли плодот во 26 недела.
Во текот на наредната бременост, прво што ми беше речено да направам амниоцинтеза, јас и мм,одлучивме никогаш повеќе, па како што е Господ никој друг не е . И без таа амнио. сега си имаме детенце, здраво и право, верувајќи во себе и Големиот Господ.
Денес медицината е толку напредна што постојат и други методи и начини да се провери сето тоа,(преку крфта) тоа ни го кажаа неколку доктори,знаејќи го нашето тешко минато.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Амниоцинтеза
19.12.2009 2:51:21   
mina_m
betpet,so priska-test vo poveketo slucai  pokazuva lazen naod na pokaceno nivo na sloboden beta hcg vo krvta za visokorizicnost za daunov  ili edvarsov sindrom,ama  sto nemora da znaci deka taa trudnica nosi daunce,zatoa najsiguren metod e so amniosinteza,posto vo posledno vreme ovaa anomajila se ponasal kako normalen plod do krajot na bremenosta,taka da sega za sega najsigurna  e amniosintezata.....

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Амниоцинтеза
19.12.2009 14:26:06   
bojanas
Јас правев амнио во систина кај др.петровска во 16 недела и ништо страшно не беше супер поминав. Цената беше 22000

_____________________________

Кајче мама тато дада јас и бато секој среќен пее дури ветре вее

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Амниоцинтеза
19.12.2009 15:06:14   
Iva
Цената во државна за амниоцентеза беше пред две години над 12 000, не се сеќавам колку точно, но за жени кои се во поодминати години, тогаш не се плаќа ништо, на терет на фондот оди. Јас исто така не платив ништо бидејќи во фамилијата имаме случај со даунов синдром.

(Одговор на членот bojanas)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Амниоцинтеза
24.12.2009 3:48:44   
mina_m

ИЗВОРНА ПОРАКА: Muffin

Jas pravev poradi pozitiven prisca, sekako, lazna uzbuna bese. Pravete amniocenteza kaj doktori koi se specijalizirani za prenatalna dijagnostika - dimcev i petrovska vo sistina, drugi ne znam. Mene me bolipovekje koga proveruvam krv, postapkata bese gotova za pomalku od 1 min, iglata e tenka ko vlakno, od sistina si otidov na kafe so mm, a utredenta na rabota. Na drzavna postapkata ja pravat so mnogu debeli igli i zatoa se preporacuva lezenje nekolku dena. dr petrovska epten si ja znae rabotata, bebolina ne se ni pomrdna koga iglata navleze vnatre, znaci ne ja ni pocuvstvuva pstapkata. Navistina kosta mn povekje, no jas isktreno ne bi rizikuvala da pravam vakvo nesto na drzavna, sum citala na drugi forumi primeri kade po 5 pati ja bockale pacientkata zasto ne uspeale da zemat vodicka...uzas!!! 5 dupki u matka i 3 nedeli lezenje na klinika...amniocentezata vekje ne e tolku opasna postapka kako nekogas, samo zavisi KOJ ja pravi.


tocno e toa deka treba specijaliziran doktor za da ja izvrsi ovaa namena,nekogas se slucuva i so specijalizirani doktori da ne bide uspesna postapkata pa jovo na novo,megutoa za amniosinteza postojat dva vida na igli debeli i tenki,se primenuvaat za ista namena(za amniosinteza) ama sepak se razlicni testovi...

(Одговор на членот Muffin)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Амниоцинтеза
22.1.2010 18:26:50   
marina82
jas deneska prevev amnio.. vo sistina kaj dr. Dimcev. mi vadese dva pati plodova voda, dva pati me bocna so igla. Ne bese bolno , bese nekoe neprijatno custvo kako nesto da ti vadt od stomak. No problemot e sto neznam po koja vina dali dr. mi ja izvede nepravilno vo dvata obidi imase malku krv vo plodovata voda. Pa pocna da mi objasnuva deka sum imala eritrociti odnosno krv vo plodovata voda. pa mi rece za dve nedeli dokolku sakam povtorno da ja povtorel postapkata. Potoa jas se konsultirav so mojata maticna i taa mi rece nikako da se bockas uste. e sega ne znam dali ispituvanjeto ke bide uspesno, toj rece deka ke gi parti na ispituvanje vo lab. pa ke se videlo..sega me buni ova so krfta. a maticnata ni dade da piajm 2 pati dnevno sumlivi tableti Magnesol i miruvanje 3 dena. sto mislite vie za ova?

(Одговор на членот mina_m)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?