Iva -> RE: Амниоцинтеза (16.6.2009 15:04:44)
|
И јас имам правено амниоцентеза и тоа во двете бремености, поради тоа што во фамилијата на сопругот имаат заболен од Даунов синдром. Иако медицината кажува дека ова не е наследна болест, стравот беше присутен. Инаку самата постапка не е болна, но кај 1% можно е да предизвика спонтан абортус. И замислете на првото тестирање за малку ќе бев во оние 1%. Земањето на плодовата вода не беше болно, траеше неколку минути, се беше во ред, но после 10-тина минути одеднаш добив толку силна болка во пределот на јајниците, мислев дека некој со нож ме пресекува. Од силната болка ми се фати грлото, не можев да им кажам на докторите што ми е. На раце ме однесоа на кревет, ме приклучија на инфузија, ми ставија инекција дијазепам и ноќта ја поминав во болница. Всушност тоа беа породилни болки, со таа разлика не се појавуваа на периоди, туку траеа без престан. Утредента се смирија, последици немаше за среќа, само што ми порачаа беше дека ќе треба да лежам до крајот на бременоста. Не знам дали поради тоа , но јас се породив во 35 недела, ми пукна водењакот а немав болки. За среќа, во втората бременост немав никакви проблеми, се си помина во најдобар ред. Значи се е индивидуално и никој не може да предвиди што ќе се случи. И покрај тоа јас ја препорачувам амниоцентезата за сите жени од сите возрасти, бидејки живееме во едно не "здраво" време.
|
|
|
|