haley -> RE: Стерилизација на приборот за бебе (30.4.2010 17:14:07)
|
Јас стерилизирав првиот месец и максимум 2месеци. Како што јас разбрав од стручниве лица, стерилизацијата е битна во тој првиот месец, зошто кога на бебе му го даваш шишето , тие многу споро пијат, па заспиваат, па ќе те фати саат и нешто.. а млеко не треба да стои повеќе од еден час зошто после еден може да се развијат одредени бактерии, фунги и сл. И стерилизацијата е пред се да се избегнат тие евентуални бактерии иако многу е мала веројатноста дека ќе се случи такво нешто. Пред се, си дал шишенце, пиело сат-два, потоа ново шишенце даваш значи не е секогаш едно исто па затоа и се препорачува да имаш 4-5 , стално уз рака ново да имаш. Ова фирмиве сфатија дека можат да продаваат стерилизатори и секој родител си вика : дај да стерилизирам со машинка што е сигурно сигурно е.. и ете , они си прават пари :) значи, за тој еден месец, максимум, два, доволно е тенџере со вода која врие ги буташ внатре по пет мин и тоа е тоа. Јас моите ги ставав во машина за садови кога е долг програм зошто повеќе стручњаци имаат кажано дека тоа е еднакво на стерилизација (но претходно мораш да го исплакнеш шишенцето а и зачистиш) на рака кога ги миеме, важно е да се исчистат со врела вода но обавезно плакнење во ладна
|
|
|
|