RE: Паричен надоместок (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Финансиски дилеми околу родителство

Порака

MamaOhrid -> RE: Паричен надоместок (7.5.2010 12:26:45)

Мамички, земал ли некој породилно за март? Јас сеуште не [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

Leonida -> RE: Паричен надоместок (7.5.2010 12:52:50)

Ни јас. Ако даваат како минатиот месец ќе земам после 20-ти[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]

MamaOhrid -> RE: Паричен надоместок (7.5.2010 12:56:11)

Никаков ред во исплатата на парите нема. Ако е како минатиот месец јас требаше да имам земено на 30 април. Од месец во месец парите ми стигнуваат со разлика од 15 дена. Е веќе да не можиш ништо да планираш.

Leonida -> RE: Паричен надоместок (7.5.2010 13:17:37)

Ах, не ми збори за пари[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]
После 4 месеци доцнење мене почнаа да ми исплаќаат за породилно, и тоа така како што ти е тебе, секој месец плус  10-15 дена. Немам зборови[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley21.gif[/image]
Инаку чув муабет од на мм  еден другар што работи во мвр дека и на нив им доцнат со плати последниве месеци. Срамота, скроз испразнет буџет, немаат скршен денар, па чекаат последен момент за исплата.
Е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley35.gif[/image]те државата!

MamaOhrid -> RE: Паричен надоместок (7.5.2010 18:09:59)

ИЗВОРНА ПОРАКА: MamaOhrid

Мамички, земал ли некој породилно за март? Јас сеуште не [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]

Да се корегирам, денес ми стигнаа парите за март.  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Twins -> RE: Паричен надоместок (7.5.2010 18:13:09)

isto i jas denes zedov za mart[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

Rossana -> RE: Паричен надоместок (18.5.2010 22:32:09)

Обезбедување на помош за опрема на новороденче
Правото за помош за опреме на новороденче се обезбедува за прво новородено дете како паричен надоместок и е еднократна помош на семејството.   Правото го користи еден од родителите, државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во државата за дете родено во Р.Македонија.   Правото се остварува независно од материјалната состојба  за секое првородено дете, независно од тоа дали детето е родено во брак или вон брак.   Висината на помошта за опрема на новороденче се утврдува во зависност од просечниот месечен  приход на семејството на подносителот на барањето за остварување право на помош за опрема на новороденче, за првородено дете остварен во претходните три месеца пред поднесувањето на барањето. Висината на помошта за опрема на новороденче во зависност од остварениот просечен месечен приход на семејството на подносителот на барањето за остварување право за опрема на новороденче изнесува:
  1. 25% од основицата, за подносител на барање за остварување на право, чиј просечен месечен приход на семејството изнесува над 50% до 150% од основицата;
  2. 15% повеќе од износот утврден во алинеја 1 од овој став, за подносител на барање чиј просечен месечен приход на семејството изнесува под 50% од основицата;
  3. 70% помалку од износот утврден во алинеја 1 од овој став, за подносител на барање чиј просечен месечен приход на семејството изнесува над 150% од основицата и
  4. 95% помалку од износот утврден во алинеја 1 од овој став, за подносител на барање чиј просечен месечен приход на семејството изнесува над 200% од основицата. 
Приходи врз основа на кои се утврдува висината на износот на помошта за опрема на новороденче, се сметаат приходите остварени по сите основи како приход на целото семејство од чл.21 од Законот за заштита на децата. По исклучок на ставот 1 од овој член како приходи на семејството не се сметаат: детски додаток, посебен додаток, паричен надоместок за телесно оштетување, паричен надоместок за трошоците за згрижено дете во дом-семејство, паричен надоместок за помош и нега од друго лице и помош во случај на елементарни непогоди.   Рок за поднесување на барањето за помош за опрема на новороденче е 60 дена од денот на раѓањето на детето.

mmilena2 -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 11:04:17)

Dali nekoj od vas znae da mi kaze:
Kolku vreme se ceka za isplata na boleduvanja poradi patoloska bremenost?
Mislam,od koga firmata ke gi predade dokumentite vo socialnoto ili vo fondot(ne znam tocno kako odi toa),kolku vreme se ceka za isplatata?

Jas sum veke na patoloska od Februar a se uste nemam zemeno nisto,se javiv vo firmata i mi rekoa deka ovaa nedela ke gi predadat dokumentite,a sega e veke Juni...Jas mislam deka nesto mi ckripi tuka...A vie?

Sandric -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 11:18:54)

Da prasam , ednokratna paricna pomos za prvorodeno dete se zima samo od socijalno ili i od opstina vazi toa ?
I koj dokumenti treba d se prilozat, ako nekoj moze da mi pomogne?

Sandric -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 11:19:44)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mmilena2

Dali nekoj od vas znae da mi kaze:
Kolku vreme se ceka za isplata na boleduvanja poradi patoloska bremenost?
Mislam,od koga firmata ke gi predade dokumentite vo socialnoto ili vo fondot(ne znam tocno kako odi toa),kolku vreme se ceka za isplatata?

Jas sum veke na patoloska od Februar a se uste nemam zemeno nisto,se javiv vo firmata i mi rekoa deka ovaa nedela ke gi predadat dokumentite,a sega e veke Juni...Jas mislam deka nesto mi ckripi tuka...A vie?

Mislam deka i od firma malku ti ja utnale rabotata[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]

mmilena2 -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 11:25:29)

Ahhhhhhhhhhhh,znaev deka e taka...a dali mozebi samata mozam da si gi brkam tie raboti?
Ili toa samo firmata(smetkovoditelot)?

mmilena2 -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 11:27:55)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mmilena2

Ahhhhhhhhhhhh,znaev deka e taka...a dali mozebi samata mozam da si gi brkam tie raboti?
Ili toa samo firmata(smetkovoditelot)?
mislev:knigovoditelot [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

baby_bump -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 11:35:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

ИЗВОРНА ПОРАКА: srnicka

Pa neli porodilnoto se presmetuva kako prosek od predhodnite 6 meseci (kolku si zemal plata ) pred da nastapi porodilno boleduvanje. Taka barem po zakonite pisuva. kako moze prosek od firmata da e 3000 den razlika. Ne mi e jasno ama ke cekam da vidam za januari i fevruari kolku ke mi prefrlat, pa ke vidam.

Не се пресметува од твојот просек, колку ти си земала плата, туку просек од платата која фирмата ја исплаќа тој месец. Ако сите работници земаат фиксна плата, тогаш и породилното ќе биде исто секој месец, затоа што просекот ќе биде ист, меѓутоа ако не се на фиксна плата, тогаш породилното ќе биде различно. Е сега не знам и јас зошто толкава разлика, можеби фирмата испалтила помалку плата тој месец. На пример фирмата јас каде што работам имаше случај минатата година да прими работници кои тој месец работеа само 10 дена и зедоа плата само за тие 10 дена и автоматски просекот беше многу мал тој месец и исто имаше реакции од колешката која беше на породилно тој период, породилното и било само 3000 ден, а инаку земаше 9-10 000 ден, што значи ралзика од 6-7000 ден. Прашај си во фирмата каде што работиш да не имало ваков или сличен случај

Ова, дека породилното ти зависи од просекот на платите кои ги исплатила твојата фирма, не е воопшто точно...
Твоето породилно зависи од твојата плата. Пред некое време се јавував во фондот за да си го проверам стажот и редовноста на плаќање на придонеси на мојата фирма и ме информираа дека: породилното ти изнесува 100% од платата, значи колку плата ти стига на трансакциона сметка, толку треба да ти биде породилното.

MamaOhrid -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 12:01:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

Јас се сложувам со Snowhite. Кај мене е така. Прашав и во фондот и ми рекоа дека износот што го земам секој месец се менува бидејќи просекот на фирмата за секој месец е различен. Кај мене разлика има и до 5.000 ден од месец во месец.

By the way, земал ли некој породилно за април?

Olga -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 15:14:29)

Za mesec april nema uste pari, no kolku sto razbrav, od Fondot izvrsile promena na obrazecot koj go popolnuva firmata za porodilnoto ....i vo nekolku navrati im gi vrakale obrascite da gi koregiraat i dopolnat. Ednostavno kupuvaat vreme i posle ke gi obvinat firmite deka ne podnele dokumenti vo fondot, a ne deka e do niv isplatata

Snowhite RR -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 18:58:57)

„Dali nekoj od vas znae da mi kaze:
Kolku vreme se ceka za isplata na boleduvanja poradi patoloska bremenost?
Mislam,od koga firmata ke gi predade dokumentite vo socialnoto ili vo fondot(ne znam tocno kako odi toa),kolku vreme se ceka za isplatata?
Jas sum veke na patoloska od Februar a se uste nemam zemeno nisto,se javiv vo firmata i mi rekoa deka ovaa nedela ke gi predadat dokumentite,a sega e veke Juni...Jas mislam deka nesto mi ckripi tuka...A vie?“

Оваа порака ми стигна по пп од ммилена2, ако знае некој да и одговори

Јас мислам дека откако фирмата ќе ги поднесе документите во фондот, во рок од 1 месец треба да ги исплатат парите

Snowhite RR -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 19:02:06)

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

ИЗВОРНА ПОРАКА: srnicka

Pa neli porodilnoto se presmetuva kako prosek od predhodnite 6 meseci (kolku si zemal plata ) pred da nastapi porodilno boleduvanje. Taka barem po zakonite pisuva. kako moze prosek od firmata da e 3000 den razlika. Ne mi e jasno ama ke cekam da vidam za januari i fevruari kolku ke mi prefrlat, pa ke vidam.

Не се пресметува од твојот просек, колку ти си земала плата, туку просек од платата која фирмата ја исплаќа тој месец. Ако сите работници земаат фиксна плата, тогаш и породилното ќе биде исто секој месец, затоа што просекот ќе биде ист, меѓутоа ако не се на фиксна плата, тогаш породилното ќе биде различно. Е сега не знам и јас зошто толкава разлика, можеби фирмата испалтила помалку плата тој месец. На пример фирмата јас каде што работам имаше случај минатата година да прими работници кои тој месец работеа само 10 дена и зедоа плата само за тие 10 дена и автоматски просекот беше многу мал тој месец и исто имаше реакции од колешката која беше на породилно тој период, породилното и било само 3000 ден, а инаку земаше 9-10 000 ден, што значи ралзика од 6-7000 ден. Прашај си во фирмата каде што работиш да не имало ваков или сличен случај

Ова, дека породилното ти зависи од просекот на платите кои ги исплатила твојата фирма, не е воопшто точно...
Твоето породилно зависи од твојата плата. Пред некое време се јавував во фондот за да си го проверам стажот и редовноста на плаќање на придонеси на мојата фирма и ме информираа дека: породилното ти изнесува 100% од платата, значи колку плата ти стига на трансакциона сметка, толку треба да ти биде породилното.

Ти гарантирам дека е точно, затоа што тоа го работам, зависи и од платата, ама не 100%, затоа што јас еве на пример некои месеци земам помалку породилно, отколку што земав плата, а другиот месец повеќе од платата

MamaOhrid -> RE: Паричен надоместок (1.6.2010 19:04:56)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

„Dali nekoj od vas znae da mi kaze:
Kolku vreme se ceka za isplata na boleduvanja poradi patoloska bremenost?
Mislam,od koga firmata ke gi predade dokumentite vo socialnoto ili vo fondot(ne znam tocno kako odi toa),kolku vreme se ceka za isplatata?
Jas sum veke na patoloska od Februar a se uste nemam zemeno nisto,se javiv vo firmata i mi rekoa deka ovaa nedela ke gi predadat dokumentite,a sega e veke Juni...Jas mislam deka nesto mi ckripi tuka...A vie?“

Оваа порака ми стигна по пп од ммилена2, ако знае некој да и одговори

Јас мислам дека откако фирмата ќе ги поднесе документите во фондот, во рок од 1 месец треба да ги исплатат парите

Мислам дека Annabel беше на патолошка.

baby_bump -> RE: Паричен надоместок (7.6.2010 12:08:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

ИЗВОРНА ПОРАКА: baby_bump

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

ИЗВОРНА ПОРАКА: srnicka

Pa neli porodilnoto se presmetuva kako prosek od predhodnite 6 meseci (kolku si zemal plata ) pred da nastapi porodilno boleduvanje. Taka barem po zakonite pisuva. kako moze prosek od firmata da e 3000 den razlika. Ne mi e jasno ama ke cekam da vidam za januari i fevruari kolku ke mi prefrlat, pa ke vidam.

Не се пресметува од твојот просек, колку ти си земала плата, туку просек од платата која фирмата ја исплаќа тој месец. Ако сите работници земаат фиксна плата, тогаш и породилното ќе биде исто секој месец, затоа што просекот ќе биде ист, меѓутоа ако не се на фиксна плата, тогаш породилното ќе биде различно. Е сега не знам и јас зошто толкава разлика, можеби фирмата испалтила помалку плата тој месец. На пример фирмата јас каде што работам имаше случај минатата година да прими работници кои тој месец работеа само 10 дена и зедоа плата само за тие 10 дена и автоматски просекот беше многу мал тој месец и исто имаше реакции од колешката која беше на породилно тој период, породилното и било само 3000 ден, а инаку земаше 9-10 000 ден, што значи ралзика од 6-7000 ден. Прашај си во фирмата каде што работиш да не имало ваков или сличен случај

Ова, дека породилното ти зависи од просекот на платите кои ги исплатила твојата фирма, не е воопшто точно...
Твоето породилно зависи од твојата плата. Пред некое време се јавував во фондот за да си го проверам стажот и редовноста на плаќање на придонеси на мојата фирма и ме информираа дека: породилното ти изнесува 100% од платата, значи колку плата ти стига на трансакциона сметка, толку треба да ти биде породилното.

Ти гарантирам дека е точно, затоа што тоа го работам, зависи и од платата, ама не 100%, затоа што јас еве на пример некои месеци земам помалку породилно, отколку што земав плата, а другиот месец повеќе од платата

Еве, баш се распитав за овој проблем: во мојата фирма сите плати се фиксни и затоа нема разлики во висината на породилното, моја колешка која се врати од породилно пред пола година, исто ми потврди дека породилното цели 9 месеци било со фиксен износ.
Значи, во фирми каде што се исплаќаат плати врз основа на остварување, норми или проценти - може да се јави разлика поради разликата во просеците, во спротивно породилното секогаш е со фиксен износ, т.е сума која ви стига на трансакциска сметка.

Sandric -> RE: Паричен надоместок (7.6.2010 12:19:20)

A koj dokumenti treba da se prilo\at za ednokratnata paricna pomos?

Rossana -> RE: Паричен надоместок (7.6.2010 12:24:12)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Еца

Еве за да не лутате како мене, ви ги запишувам потребните работи за паричен надоместок за новороденче. Ве следува од државата и општината еднократна парична помош, колку точно изнесува не знам, но е некаде околу 5000 денари.

Потребни документи:
Од државата (се поднесуваат во социјалното во вашата општина)
*лична карта од мајката(фотокопија) исо оригинал на увид
*мајчина книшка на увид за мајката и потврда од гинеколог
*извод од матична книга на родени за детето
*Барање од социјално за остварување на еднократна помош за новороденче

Од општината (сите документи копии)
*извод од мк на родени
*извод од мк на венчани
*лични карти од двајцата родители со адреси на живеење во општината
*трансакциона сметка на едниот родител

Се надевам овие податоци ќе ви бидат од помош[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
*

Eve Sandric, ima ovde napisano koi dokumenti se potrebni.

MamaOhrid -> RE: Паричен надоместок (9.6.2010 16:15:09)

Денес е 9 јуни, јас уште немам земено породилно за април [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] . Дали се израдува некоја мамичка ?

viksa -> RE: Паричен надоместок (9.6.2010 16:20:55)

МамаОхрид и кај мене доцнеше породилното за месец април. Конечно ми исплатија на на 27.05. Инаку кога се распршав во социјално ме кажаа дека имало некаков проблем и дека поради тоа доцнеле исплатите. Обиди се и ти да исконтакираш, за да ти кажат кој е вистинскиот проблем

MamaOhrid -> RE: Паричен надоместок (9.6.2010 16:29:19)

Вчера бев на работа и се видов со шефицата на сметководство и баш ја прашав, ама таа ми рече дека редовно ги доставуваат документите. И плус кај нас во моментов има околу 10 мајки што се на породилно и знам дека никогаш не доцнат со документите. Ќе почекам до петок, па ако не ми исплатат ќе одам во социјално да се распрашам. 
Фала viksa. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

Sandric -> RE: Паричен надоместок (9.6.2010 18:59:03)

Fala ti Rosana, a samo uste ova: sto ako edniot roditel ima adresa vo druga opstina dali vo toj slucaj ne ti sledi pomos od opstina?
I da ne znaete kade se naoga socijalno za opstina Aerodrom??

Страница: <<   < Претходна страница  11 12 [13] 14 15   Следна страница >   >>