talisman -> RE: Паричен надоместок (4.4.2011 21:10:13)
|
Мамички едно предупредување, добро внимавајте на бројот на исплатените месеци од породилното за да не ви се случи она што мене се обидоа да ми го направат. Имено, јас бев на породилно до средина на март до почетокот на декември, на крајот доцнеа неколку месеци со исплатата и ми пуштија неколку илјади само за декември. Ми беше сомнително бидејќи знам дека ноември ми е скокнат, арно ама кога ми го дадоа едитентниот лист за исплатите ме убедуваа дека се е исплатено. Госпоѓата ми го пресметуваше половина март и неколкуте денови од декември како една исплата и ме убедуваше дека ноември е исплатен. Среќа па испадна колешка да има познат во Фондот ( жално, ама вистинито без познати никаде ништо неможеш по нормален пат да завршиш [sm=smiley13.gif] ) и со негова помош успеав да средам. А работата беше што идиотката на шалтер изгледа имала „ навика „ да утнува месеци во пресметката кај многумина, барем таква беше реакцијата на една вработена таму кај која ме пратија да видат што е работата. Затоа внимавајте многу и недозволувајте да ве збунат или пак полошо со своето арогантно однесување да замразите и да се појавите на шалтер за да се заинетерсирате за нешто што ви следува. Ако не сакаат со арно, тогаш со одење правец кај претпоставените и те како знаат да си поправат се што згрешиле.
|
|
|
|