miana -> RE: Паричен надоместок (16.11.2011 12:04:00)
|
ДВОЈНО ОДАНОЧУВАЊЕ ПОРАДИ НЕФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО Родилките казнети оти им доцнела платата [image]http://vest.com.mk/WBStorage/Articles/3603FFB5FE58AC45B320325A90C90E88.jpg[/image]Управата за јавни приходи деновиве испорачала решенија персонален данок на доход да платат и мајки што минатата и предминатата година биле на породилно боледување. "Неколку месеци додека бев на породилно боледување и чував бебе бев оставена без денар, а сега уште државата бара за парите што ми беа исплатени со задоцнување и данок да и Платам", револтирано реагира жена која добила даночно решение реагираат дека неколку месеци додека биле на породилно и чувале бебе биле оставени без денар, а сега државата од нив бара и данок да платат за пари кои им следуваат по закон. Во УЈП објаснуваат дека во овие случаи со парите од породилното бил надминат лимитот за лично ослободување кај персоналецот. Родилките место во текот на една календарска година да добијат 12 плати, за колку што важи ослободувањето од околу 80.000 денари, поради задоцнетите исплати од Фондот за здравство, во една година зеле повеќе од 12 плати. "Персоналниот данок на граѓаните УЈП го утврдува на годишно ниво, односно на приходите кои граѓаните ги оствариле и им биле исплатени во текот на една календарска година од работодавците. Во конкретниот случај, станува збор за породилното боледување исплатено од Фондот за здравствено осигурување. Ако Фондот извршил задоцнети исплати кои се префрлени во наредна календарска година, тоа влијае и врз утврдувањето на данокот и користењето на годишното даночно ослободување по основа на плати. Наједноставно кажано, за секое префрлање на исплати на приходи во наредната година, граѓаните го губат правото на користење на даночното ослободување", вели Весна Новаковиќ, портпарол на УЈП. Ова значи дека мајките не само што биле без пари онолку месеци колку што Фондот им доцнел со исплатата на породилното туку сега ќе треба да платат и дополнителен данок на тие пари. Фондот за здравство и вчера тврдеше дека не доцнат со исплатите на породилните боледувања. "Во 2010 година запазен е законскиот рок од 60 дена за исплата на породилните, а од март 2011 година исплатите се за помалку од 30 дена или, поточно, парите ги исплаќаме месец за месец. Ние не можеме да се мешаме во методологијата за пресметка на даночната основа ниту во работата на Управата за јавни приходи", вели Бранко Аџигогов, портпарол на Фондот за здравство. Во Министерството за финансии велат дека го увиделе проблемот и оти со измени на Законот за персонален данок на доход тој ќе биде надминат. "Новиот закон ќе ги опфати сите вакви случаи од 2011 година па натаму", изјавија од Министерството. Значи, сите мајки што добиле решенија за персонален данок ќе мора да ги платат. Е. Ангеловска
|
|
|
|