miana -> RE: Паричен надоместок (28.11.2011 10:11:42)
|
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ГИ ПОВИКУВА МАЈКИТЕ ДА ПОДНЕСАТ ЖАЛБА Родилките да не го плаќаат данокот [image]http://vest.com.mk/WBStorage/Articles/083120D7A008EA4BA663AB9770FA3B7B.jpg[/image]Родилките што добиле известување од Управата за јавни приходи дека треба да платат персонален данок за парите од породилно боледување, треба во рок од 15 дена да поднесат писмена жалба до УЈП. Тие не треба да го платат данокот, а во жалбата треба да стават дека парите од породилното им дошле на сметката со задоцнување од Фондот за здравствено осигурување. Директорот на Управата Горан Трајковски вчера изјави дека тој проблем е веќе надминат во корист на родилките. "Даночните решенија секогаш завршуваат со правна поука. Родилките треба во писмена жалба да напишат зошто сметаат дека не треба да бидат оданочени. И ние сме на истото мислење, па со тоа проблемот ќе биде решен", изјави Трајковски. Според податоците на УЈП, решенија да платат персонален данок на доход добиле околу 120 родилки што минатата и предминатата година не биле на работа туку користеле породилно боледување. Претходно во УЈП објаснуваа дека родилките треба да го платата данокот, затоа што го изгубиле правото на користење даночно ослободување, бидејќи во текот на една календарска година добиле повеќе од 12 плати поради задоцнетите исплати од Фондот за здравство. Народниот правобранител претходно ги повика родилките да поднесат претставка до нив, а адвокатите ги посоветуваат да достават тужба до Управниот суд. (Р. Ф.) [link=http://www.facebook.com/sharer.php?u=http%3A%2F%2Fvest.com.mk%2Fdefault.asp%3FItemID%3D51C342C1C1252F4E96656DC223A6D7B1&t=%D0%A0%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BB%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%BD%D0%B5%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D0%B0%D1%82%20%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%82&src=sp][/link]
|
|
|
|