Ina11 -> RE: Паричен надоместок (15.5.2012 10:28:07)
|
Леон РР, прво ја разбирам твојата револтираност бидејќи јас од кожа изглеувам заради Фондот и искрено очигледно во некој друг свет сум живеела и работела па сеуште не можам да прифатам дека постои некаква ТАКВА институција во нашава држава. Што се однесува до книговодителката, не ми е јасно зашто ти земала пари?!!! Дали се работи за книговодител во фирма во која работиш, или пак си вработена во твоја фирма а книговодителката ја ангажираш како надворешно лице кое ги води финансиите, па за секоја услуга наплаќа дополнително? Што се однесува до твоето прашање за тоа дали парите од пордилно ќе ги земеш и во случај ако фирмата се ликвидира, мислам дека не, бидејќи всушност станува збор за надоместок од плата кој го земаш додека си во работен однос а користиш отсуство заради бременост, раѓање и мајчинство. Уште еднаш прашај во Фондот за ова. Доколку би се случило такво нешто, евентуално може работниот однос да го префрлиш во друга фирма (без ниеден ден прекин во работен стаж) со напомена дека додека си на породилно отсуство фирмата нема никави парични обврски за тебе. А за еднократната помош, можам да ти потврдам дека и јас кога се јавив во општина Гази баба за да прашам, прво ме поврзаа со секретарката на Градоначалникот (????) која ми реше дека за вакви средства треба да се јавам во Министерство за трду (мислам алооо знам што прашувам!). Гуд лак во голготата, можам само морално да те подржам!
|
|
|
|