Боцко -> RE: Паричен надоместок (15.3.2010 21:23:15)
|
Настрада третото дете ... Настрада и владината идеја за „бејби бумот“. Оваа мерка посебно и беше мила на т.н. демохристијанска идеја, толку што многу ергени во власта „настрадаа“, бидејќи мораа набрзина да застанат пред матичарот, за да не излезат демагози. Имено, од 12 април лани, Министерството за труд и социјална политика го укинува паричниот надомест за второ и за четврто дете, а на пат за укинување се и правата на надомест за второ, трето и за четврто дете кои важеа за невработени мајки. Укинување на паричната помош за невработените мајки побара Министерството за здравство, зашто пресметало дека ќе нема доволно пари редовно да ја исплаќа помошта за сите мајки. Ова се случува откако власта навистина убеди многу семејства да имаат уште по некое дете, бидејќи постоеше идеја таткото - хранител, евентуално неговата мала плата, која е кај нас правило, да добие припомош во форма на „мајка - херој“, која ќе негува повеќе деца и за тоа ќе биде алиментираната од државата. Што ќе им каже сега ним Преродбата, откако од помпезните стимулации, проследени со многу скапи кампањи, ќе останат само паричната помош за прво дете (само еднократна помош од 5.000 денари, која постоеше и порано, многу поиздашно) додека за трето дете ќе се исплаќа месечно по 8.500 денари, додека детето не наполни десет години. „Владата треба да излезе на прес-конференција и да им каже на луѓето дека нема да важи тоа. Причината ни е јасна на сите, бидејќи нема пари“, рече по овој повод на седница на Комисијата за здравство пратеникот Ѓорги Оровчанец. ...
|
|
|
|