RE: Најубави имиња (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Во очекување на детето >> Имиња



Порака


Ki4iko -> RE: Најубави имиња (30.12.2014 15:43:21)

Ние чекаме женско бебе [sm=bravo.gif], синчето е запнато за Јана, знам дека е пречесто во последно време.Сопругот сака Лина а јас сакам Јована [sm=jezicek.gif] .што ли ќе биде имаме уште 4 недели време [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Најубави имиња (30.12.2014 16:05:46)

Ах Bea, во срце ме допре со Стела [sm=smiley36.gif] да беа женски, ќе беа Стела и Срна, ама здравје, нека излезе се ок со синковци, па за девојче - о том по том. Инаку, Петар ми се свиѓа ептен, ама ете, мм уште се мисли.

А мм беше фин и љубезен да ми ја препушти финалната одлука мене, посебно па после сите терапии, операции, хормони, инекции и триста чуда [sm=smiley1.gif] Нема да злоупотребам и да инсистирам на име што на него експлицитно не му се свиѓа, ама рече ќе ми попушти. Еве Максим му беше изричито не, па сега се навикна и вика дека му легнало. А на пр. Лука, кое ми е исто хит име, знам дека нема шанси и нема смисла ни да го терам. Додуша, јас па мојот мачор си го крстив Лука, така што не ми иде сега и синко така да се вика, со мачорско име [sm=smiley36.gif]




tincule -> RE: Најубави имиња (30.12.2014 17:39:36)

Ај предлог ќе дадам од мојот список ние кога биравме име.
Илеана
Лина
Лена
Нина
Елина
Илина
Сара
Дарија
Вања
Имаше уште некое ама не ми текнува знам дека на никого не му свиѓаа имињава [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif] Сите беа као ама што имиња сте избрале. Маж ми имаше луда фикс идеја да се вика Алиса[sm=zmeden.gif] Никако и точка. Сара го одсековме од старт поради тоа што бившото куче му се викало така. Илина во никој случај зашто сестра му се викала така немав намера да го поистоветувам детето со некого уште од старт, и навив за Дарија[sm=smiley27.gif] за да на крај желбата ми се исполни пошто и на мм му се свиѓаше а и не познававме никој со такво име. Никита спомна некој и тоа ми е слатко може и за машко и за девојче, а за девојче друга комбинација е Никица.
Мене ми се свиѓа исто ретко денес кој сум слушнала да го крсти детето така Катина и Ксенија.




lukajana RR -> RE: Најубави имиња (30.12.2014 18:48:11)

Ние кога биравме имиња и ни кажаа дека е машко двајцата сакавме да се вика Лука а за второто беше борба меѓу Јана и предлогод на синко Каталеа и едвај се убедивме




Bea -> RE: Најубави имиња (31.12.2014 8:20:35)

Hopeful и мене Стела ми беше до сега бр.1. Интернационално, прекрасно :) Ајде ќе даде Гиспод да одлучуваме со мм во 2015 за име :)




blue_blue -> RE: Најубави имиња (31.12.2014 9:32:11)

Јас би одела од следнава логика па види дал ти се допаѓа:
1. имиња што сами по себе не можат да се скратат за да не им измишљаат надимаци
2. имиња кои не ги има секое второ дете зошто треба моите деца да се едниствени и впечатливи [sm=smiley36.gif] (ова значи дека треба да се избегнат - Андреј, Филип, Матеј, Давид, Лука, Петар, Павел)
3. имиња што не се римуваат зошто децата иако се близнаци се сосем различни деца

мене ми се допаѓаат: Леон, Дино, Хари, Георг, Јан, Калин, Марин, Матео, Васил, Вања, Видан

ова само нели предлози за размислување како дополна на твоите





Mihaela 2010 -> RE: Најубави имиња (31.12.2014 9:55:43)

ИЗВОРНА ПОРАКА: blue_blue

Јас би одела од следнава логика па види дал ти се допаѓа:
1. имиња што сами по себе не можат да се скратат за да не им измишљаат надимаци
2. имиња кои не ги има секое второ дете зошто треба моите деца да се едниствени и впечатливи [sm=smiley36.gif] (ова значи дека треба да се избегнат - Андреј, Филип, Матеј, Давид, Лука, Петар, Павел)
3. имиња што не се римуваат зошто децата иако се близнаци се сосем различни деца


Bas po ova i jas se vodev,ne sakav ime koe moze da se krati,mada brat mi ja vikaat MIha (od Mihaela)
I za vtorovo uste mu ja mislime,neli ni bese Sara,pa sega mi se vrtka i Darija,ke vidime na kraj sto ke iskoci
Bi dodala i deka sakam iminja koi imaat ubavo znacenje




Hopeful RR -> RE: Најубави имиња (31.12.2014 17:04:27)

blue_blue, точно по истите параметри се водиме и ние. Ем да е малце различно, но не и премногу, ем да не може да се кратат во глупи надимаци, но и да не е толку кратко па да биде кучешко, ем да не се римуваат или да бидат варијација на тема, за да си имаат солидна основа за сопствен идентитет, различен од близнакот.
Фала за предлозите, ќе ги размислиме секако. Да бевме во странство ќе имавме многу подолга листа, но нас некако не ни фаќаат око локалните имиња. Ај има време, ќе смислиме уште нешто [sm=smiley1.gif]




mesecina83 -> RE: Најубави имиња (4.1.2015 21:24:20)

Кај нас уште во 4 месец ни кажаа дека се машки.И јас си бев направила список на машки имиња Максим,Андреј,Јане,Марко,Лука,Петар и Павел.Сакавме со сопругот да биде име на празник и се одлучивме на Петар и Павел ,некои ни велеа па нели на некоја баба или дедо го обновувате името јас и сопругот си разговаравме и решивме дека овие деца ги чекавме точно 10 години и сами си одлучивме дека ќе бидат Петар и Павел кои едвај ги чекаме да ги гушкаме [sm=sloncek.gif][sm=sloncek.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Hopeful RR -> RE: Најубави имиња (7.1.2015 10:50:30)

mesecina83, баш убаво, и нас овие имиња високо ни котираат на список [sm=bravo.gif]

А за муабетот по баба и по дедо, исто така браво - и ние сме со исто размислување. Ги чекаме бебињава со години и ќе имаат име што јас и мм ќе го одбереме, и ич не ме занима како се викаат баби и дедовци. Свекор ми еднаш на зезање кажа демек да ги крстиме по него и по татко ми, ама јас одма реков НЕМА ШАНСИ [sm=smiley36.gif] Нека си направат они нови деца ако сакаат нивни имиња, јас после толку боцкање, операции, ивф и што се не, има да ги крстам по мое па што сака нека биде [sm=smiley36.gif]




ana mari -> RE: Најубави имиња (20.1.2015 23:28:53)

Zdrr [sm=smiley1.gif] do siteee jas sum 8 mesec i eve seuste se mislime za imeto sakam nekoe ubavo kratko ime (masko)[sm=zmeden.gif] ajde majki pomagajle dajte nekoj predlog za masko ime......




Minka -> RE: Најубави имиња (21.1.2015 0:33:54)

za nasata princeza birame imence mene favorit mi e Teodora no imame i drugi predlozi: irina, teona,angela,tamara,ilina, cekame vas komentar i mala pomos vo izborot 😉




AnnaMolly RR -> RE: Најубави имиња (21.1.2015 11:04:35)

Minka јас малку пристрасно гласам за Ирина :) Не за друго, така се викам јас па отсекогаш сум си го обожавала името :) Но од сите наведени што и да одлучите нема да згрешите!




bucko mal -> RE: Најубави имиња (21.1.2015 11:48:19)

Minka jas glasam za Teona.[sm=smiley1.gif]

Najubavo mashko ime mi e Kalin,eve uste nekoj predlog:Leo,David,,Maksim.




sandriana RR -> RE: Најубави имиња (21.1.2015 13:18:13)


ИЗВОРНА ПОРАКА: ana mari

Zdrr [sm=smiley1.gif] do siteee jas sum 8 mesec i eve seuste se mislime za imeto sakam nekoe ubavo kratko ime (masko)[sm=zmeden.gif] ajde majki pomagajle dajte nekoj predlog za masko ime......

Фаворит машки имиња ми се Иван, Јане и Ведран.

А за списокот на Минка - Ирина и Тамара.[sm=smiley1.gif] Беа на мојата листа пред да се роди Илина [sm=smiley1.gif]




Goddess* -> RE: Најубави имиња (24.1.2015 7:46:58)

@Minka ,jas sum za Ilina[sm=smiley1.gif]




blond -> RE: Најубави имиња (30.3.2015 20:19:45)

Јас лично се двоумам помеѓу Дарија, Дамјана, Јана, А со мм сеуште немаме разговарано на оваа тема [sm=smiley36.gif] а сум веќе 33та недела.




moni teo -> RE: Најубави имиња (30.3.2015 21:24:24)

cecke jana e ubavo ime




Ilina87 -> RE: Најубави имиња (30.3.2015 21:37:07)

Јана е многу убаво име и едно од моите омилени женски имиња. Одамна го сакам тоа име, уште кога не беше толку актуелно. Во последно време е доста застапено. И Дарија ми се допаѓа.




nadbet -> RE: Најубави имиња (1.4.2015 15:13:17)

Мене ми се допаѓа Дарија за женско име.
Иако е многу рано, дури во август ќе се роди [sm=modricrtici.gif] момченцето, сепак од сега мислам дека ќе биде тешко да се најде име за него со оглед дека со мм имаме многу различни желби. И за првото беше тешко, јас сакав да се вика Теодор а тој сакаше Максимилијан но на крај најдовме компромис Доријан! Мислевме неможе да се крати но еве во градинка го викаат Дори




sweet..woman -> RE: Најубави имиња (5.4.2015 9:25:36)

и јас сакам лука или леон да биде името на моето бебенце ама некои ме двоумат демек како лук тоа ли било име и незнам што да правам. дајте некој машки имиња на буквата м. што велите за марио




deluxe -> RE: Најубави имиња (5.4.2015 9:52:25)

ИЗВОРНА ПОРАКА: sweet..woman

и јас сакам лука или леон да биде името на моето бебенце ама некои ме двоумат демек како лук тоа ли било име и незнам што да правам. дајте некој машки имиња на буквата м. што велите за марио

Михаил и Максим ми е убави имиња на буквата М




bucko mal -> RE: Најубави имиња (5.4.2015 13:32:32)

Site nie imame razlichen vkus ama Mario nekako ic ne e po moj vkus.Mozebi deka poznavam chovek so takvo ime I zatoa [sm=smiley1.gif]
Maksim epten mi e unikatno ime.Sin mi e Marko ama mislam premnogu ima so toa ime.

ИЗВОРНА ПОРАКА: sweet..woman

и јас сакам лука или леон да биде името на моето бебенце ама некои ме двоумат демек како лук тоа ли било име и незнам што да правам. дајте некој машки имиња на буквата м. што велите за марио





paleska1 -> RE: Најубави имиња (6.4.2015 0:04:12)

caoooooo Ajde mama neki predlog za masko i zensko ime ;) Vtora bremenost uste dve nedeli termin a jas uste iminja nemam odbrano. Mm ima odbrano ceka uste jas da dadam predlog pa da se odlucime ;) Neznaeme kakov e polot na bebeto ostavivme da se iznenadime i nie samite [sm=duda.gif]
Prvoto dete mi e devojce i se vika Lora i ima 14+ mj [sm=bravo.gif]





deluxe -> RE: Најубави имиња (6.4.2015 7:10:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: paleska1

caoooooo Ajde mama neki predlog za masko i zensko ime ;) Vtora bremenost uste dve nedeli termin a jas uste iminja nemam odbrano. Mm ima odbrano ceka uste jas da dadam predlog pa da se odlucime ;) Neznaeme kakov e polot na bebeto ostavivme da se iznenadime i nie samite [sm=duda.gif]
Prvoto dete mi e devojce i se vika Lora i ima 14+ mj [sm=bravo.gif]





Ana I Filip [sm=smiley1.gif]




Страница: <<   < Претходна страница  28 29 30 [31] 32   Следна страница >   >>