RE: Најубави имиња (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Во очекување на детето >> Имиња



Порака


Mihaela 2010 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:06:00)

Denes definitivno ke ni go potvrdat polot,iako maticnata uste pred 4 nedeli mi kaza deka e zensko,a i potsvesno i jas si mislam deka e,pocnavme so smisluvanje na iminja,zenski neli posto za masko imam edno ime a toa e Maksim
Za zensko ni se uvrte Sara, i Mihaela bas postojano kazuva da se vika bebeto Sara,a vo igra mi bea i Melanija,Stefanija,Nikolina,Kirjana
ama zdravje ima uste vreme ke vidime




Bethany -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:21:55)

Михаела, мене ми од понудениве најубаво Сара [sm=smiley1.gif]

Јас од женски имам следниве:

Ребека, Тамара, Изабела и Вероника. Ајде ваше мислење?

А за машко немам појма, што ми се допаѓа на мм не му се допаѓа, иако е мојот ред да бирам, пак сакам и тој да се согласи.

Многу очигледно е дека сум увртела во глава дека е женско [sm=smiley36.gif] Мада нормално дека се знае, живо и здраво, тоа е најбитно.




Malecka23 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:27:12)

Jas glasam za Tamara:) mn mi e ubavo toa ime;)
Nie sme krs za iminja se vrtat nekolku Petar,Kristijan.Marko,Damjan,Andrej ama nikako da se dog.M eden period go gali bebeto i mu vika Marko i nie gotovo kako kaze zencka taka ke bide posle ke i tekne drugo i taka ke bide interesno.Vie sto mislite koe e naubavo?




Malecka23 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:28:11)

I tuka ke glasam za Sara:) kratko i jasno




LoveableMe RR -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:29:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

....Za zensko ni se uvrte Sara...... Melanija,Stefanija,Nikolina,Kirjana


Гласам за Сара или Меланија[sm=jezicek.gif]


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Јас од женски имам следниве: Ребека, Тамара, Изабела и Вероника. Ајде ваше мислење?


Гласам за Тамара или Изабела[sm=jezicek.gif]

П.С. Бетани, некни гледав Пинкови ѕвезди, едно девојче настапуваше, толку личеше на тебе, мислам како сестра да ти беше, неверојатна сличност, дури и иста боја на коса [sm=jezicek.gif]




Bethany -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:30:35)

Malecka23, мене ми е многу убаво Кристијан. И ете тоа име ми е секогаш во глава како опција за машко.
Само едно не предомислува, а тоа е што веднаш ќе стане Кико, а не Кристијан. Мене тоа ми смета, можеби некому не.

Ловебл Ми, можеби сум јас, сестра немам [sm=jezicek.gif] Се шалам, мило ми е што те подсети на мене [sm=smiley1.gif]
Туку, Изабела ти се допаѓа или ти е смешно, дека има тоа смешкото што се цери на крајот ? [sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:31:31)

Tamara mnogu mi se dopaga. Inaku jas si imam zamisleno 2 iminja za vo idnina .. Zensko : Magdalena , Masko : Nenad .. tie mi se omileni [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:32:59)

Bethany Tamara definitivno

Malecka mene mi e najubavo Kristijan i Damjan




Ilina87 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:34:16)

Bethany, мене лично најубаво ми е Тамара од понудените.
Malecka 23, секогаш омилено име ми било Дамјан. Така бевме договорени одамна со мм да се вика синот, но кога забременив мм го смена мислењето и не му го дадовме тоа име. Инаку уште ми е убаво името, дај Боже ако имам второ машко јас ќе одлучам [sm=smiley1.gif]. Инаку убави ми се и Андреј и Марко.




Bethany -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:35:59)

Фала женски.
Мене ми се низ годините менуваа имиња што ги сакам, беа ми интересни Миа, Андреа итн... меѓутоа, Тамара веќе долго време ми се допаѓа, а и на мм.
Јаков и Тамара - мислам дека би бил убав тандем [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:37:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

....Туку, Изабела ти се допаѓа или ти е смешно, дека има тоа смешкото што се цери на крајот ? [sm=smiley1.gif]


Тие две ми се допаѓаат од предложените, Изабела е многу убаво име нежно, така што тоа или Тамара, тие двете ми беа најубави , смешкото ми е смешко, во секој случај не ми се смешни имињава, баш тие ми се убави




Bethany -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:41:20)

Ок, фала многу.
Изабела има многу убаво значење, кое патем го заборавив [sm=smiley36.gif]

Баш и со мм коментиравме, име е само име кога го изговориш, ама веќе кога го дадеш на дете, тоа станува нешто друго, веќе е некако пооформено и поубаво доаѓа до израз.
Јас сепак сакав некое поуниверзално, ама не толку често. Ама ми помогнавте, за сега фаворит ми е Тамара. [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:43:42)

Jas si sakam iminja so znacenje,sum pisuvala deka Mihaela znaci -bogolika,slicna na boga a Sara -gospodarka




scared RR -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:45:54)

Мене дефинитнивно многу ми се допаѓаат оние малце изменети имиња.
Да кажеме Изабел од Изабела. Николија, Николета од Николина.
Илијана од Илина. Кристијана од Кристина. Баш во комшии имам едно девојченце што се вика Кристијана :)
Не сакам ептен некои странски имиња ама сепак и да не биде некое многу често :)




Hopeful RR -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:47:06)

Михаела, убави ти се сите имиња што ги мислиш, ама јас гласам за Сара и Меланија, затоа што убаво одат со Михаела, некако убаво звучат заедно, сестрински [sm=smiley1.gif]

А за Bethany, и јас гласам за Тамара! И баш оди Јаков и Тамара [sm=smiley1.gif] Додуша, како тандем убаво звучи и Јаков и Вероника!

Макар што кога ќе си ги видите бебушките, најдобро ќе знаете кое име им одговара [sm=smiley1.gif]




Bethany -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:47:36)

Михаела, Сара колку што јас читав, значи Принцеза. Во секој случај убаво значење. [sm=smiley1.gif]

Хоупфул, ние за првото имавме име спремно уште пред да останам бремена [sm=smiley36.gif] И некако поубаво ми е веќе да го има име и јас да го нарекувам со тоа име дури додека е во меше. Не дека другото е пограшно, што знам, можеби во последен момент ќе се предомислам, ама ако веќе е одбрано име на почетокот, тогаш малку вероватно дека тоа ќе ми се случи.

Исто името мислам дека треба да одговара и со презимето. Не ми е убаво пример да се вика Изабел Трајковска (не дека така се презивам),, само пример давам [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:53:10)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Михаела, Сара колку што јас читав, значи Принцеза. Во секој случај убаво значење. [sm=smiley1.gif]

da sega vidov za princeza,ama nemozam da najdam nekade citav deka znaci gospodarka,kako i da e
jas si sakam povekje nesekojdnevni iminja,primer mnogu mi se bendisa masko ime Martinijan,decko eden sto peese na Zvezde gradna,bas ne sekojdnevno




sandriana RR -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 15:53:42)


Za zensko ni se uvrte Sara, i Mihaela bas postojano kazuva da se vika bebeto Sara,a vo igra mi bea i Melanija,Stefanija,Nikolina,Kirjana
ama zdravje ima uste vreme ke vidime


Овде гласам за Сара или Меланија [sm=smiley1.gif]


Ребека, Тамара, Изабела и Вероника.- Кај Бетани - за Тамара [sm=bravo.gif]

А кај Малечка23 - Кристијан и Дамјан [sm=smiley1.gif]




Hopeful RR -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 16:16:07)

Бетани, во право си, побитно е да си одговара со презимето. Што не оди - не оди! [sm=smiley36.gif] А имаш право и за ова со името уште пред да се роди, некако си има идентитет, си го доживуваш баш како личност.

Инаку ние размислуваме за имиња, ама рано ни е, не знаеме ни пол се уште, ама знам дека сакам некое име за кое нема после другарчињата да го зезаат, да му се смеат или да му измислуваат навредливи надимаци. Дупла ни е "маката" сега, со близнаци мора и двете имиња да ни се свиѓаат, и да си одговараат на презимето, и да си одат едно со друго. Слатки маки [sm=smiley36.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 16:18:35)

Kumasinite imaat bliznacinja,masko i zensko i gi krstija Luka i Lusija,mnogu ubava kombinacija




Hunny -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 17:02:28)

Пред да се роди ќерка ми сакав да ја крстиме Ана Марија, ама сите нешто ми превртуваа очи кога ќе спомнев. И бидна Михаела, баш и на моите им е слава. Инаку убаво е Сара, Тамара, Моника, Теодора. И чудно на машки имиња не помислувам:)




Malecka23 -> RE: Најубави имиња (4.12.2014 17:52:38)

Nie za prvoto so mm bevme komedii.Jas uste pred da ostanam bremena kazav deka ako e zensko ke bide Jovana ama mm sakase Jana.I posto cvrsto bevme odlucni za iminjata i nikoj ne popustase negde nakaj 7mesec vlecevme livcinja a tretoto ime ni bese Mila.Ako mi veruvate 1000pati vlecevme i celo vreme Mila ke pogoduvase.I navistina e Mila i plus ina preobrazenie rodena.A za sega nekako slabo imame inspiracija ili pak sme odlucni.Jas sakam posto terminot mi e okolu Veligden ako s epogodi togas da se porodam da bide Kristijan ama i Damjan nekako mn me vlece.Vsusnost so mm samo za Damjan nekako moze da se dog a za se ostanato tesko.Koj znae sto ke ispadne na kraj iako jas forsiram na ovie dve iminja.I ako bide Damjan taman i imenden ke slavime:)




Aleksx2Leon -> RE: Најубави имиња (5.12.2014 8:56:05)

devojki a kako vi se dopagja imeto Lara? mene mi se uvrte toa ime za curava, sin mi e Leon pa aj kao da bide i ona na L [sm=smiley36.gif] i mene Lara mi istekna... so mislite vie za toa ime? ili dajte nekoj drug predlog ama da bide neli, nekoe nesekojdnevno ime [sm=smiley36.gif]




butterfly1 -> RE: Најубави имиња (5.12.2014 8:59:47)

Мене ми се допаѓа Лара убаво е, ама Лана некако повеќе, или пак Лина, доколу сакате кратко и на Л да е [sm=smiley1.gif]
Други имиња кои ми се драги се : Климентина, Меглена, Евгенија, Елеонора, Кирјана, Ани . [sm=smiley1.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Најубави имиња (5.12.2014 9:01:00)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Aleksx2Leon

devojki a kako vi se dopagja imeto Lara? mene mi se uvrte toa ime za curava, sin mi e Leon pa aj kao da bide i ona na L [sm=smiley36.gif] i mene Lara mi istekna... so mislite vie za toa ime? ili dajte nekoj drug predlog ama da bide neli, nekoe nesekojdnevno ime [sm=smiley36.gif]

Ubavo e Lara, kaj kerka mi vo gradinka ima dve bliznacinja bas se Lara I leon




Страница: <<   < Претходна страница  27 28 [29] 30 31   Следна страница >   >>