Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
Ги молам сите мамички кои имале проблеми со забременување и кои конечно се бремени, или со бебенце в раце, да ја споделат со нас својата приказна. Да ги охрабриме сите кои долго време чекаат бебе!
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Наши пријатели долго време (околу 5 години) се лекуваа од неплодност. И кога кренаа раце од се, кога престанаа да мислат бебето си дојде Гордана е во трети месец, а дозна денес. Им посакувам на сите кои имаат потешкотии да забременат што поскоро !
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
позз ..многу убава приказна..честитки и од мене..со срека да си го носи бебчето..леле колку убаво..ајде сите да не префати..да повелчеме нога..Прекрасно..позз
RE: Приказни со среќен крај :) 12.10.2009 22:51:49
biljana16
jas i soprugot se trudevme da imame dete veke 6 godini. nikako ne mozev da ostanam bremena.Napravivme poveke od 20inseminacii i nisto. Posle 6 godini se pomirivme so sudbinata i odlucivme da posvoime. I togas koga najmalku ocekuvavme ostanav bremena. Sega veke sum vo 23 nedela i bebusot e super.
RE: Приказни со среќен крај :) 13.10.2009 10:00:45
elle
Пред некој ден дознав за една моја поранешна колешка која е веќе 7 год. во брак и цело време се обидуваа по природен пат.Кога се одлучија на вештачко оплодување дознаа дека таа е веке бремена... сега е петти месец.
RE: Приказни со среќен крај :) 13.10.2009 20:57:28
biljana16
Nemoj da se razocaruvas bogdancanka. Nie imavme maski sterilitet i lekarite kazuvaa deka e skoro nevozmozno po priroden pat i zatoa pravevme inseminacii. Megutoa otkako se otkazavme od se ostanav po priroden pat bremena. Sigurna sum deka i ti ke ostanes koga nema da razmisluvas na toa. Se nadevam deka brzo ke ne izraduvas. Pozdrav.
RE: Приказни со среќен крај :) 14.10.2009 13:46:37
Adrijana
Eve edna prikazna so mnogu sreken kraj, se raboti za proddavacot vo maalskata prodavnica i za negovata zenicka .Okolu 12-13 godini se vo brak, od tie 10 godini se obiduvaa da imaat detence, i bas pred mesec-dva slusnav deka zena mu ostanala bremena i rodila bliznacinja masko i zensko Znaci koga i koga se izgleda nevozmozno, moze da te iznenadi nesto vakvo. I ne edno tuku dve bebuscinja lugevo se podmladija, svetat od daleku
RE: Приказни со среќен крај :) 16.10.2009 15:37:16
Еца
Јас баш вчера слушнав една многу убава приказна од Мила на мама. Некое семејство долго време не можеле да имаат дечиња, посвоиле машко дете, по некое време жената останала трудна родила синче, после некоја година уште едно.И некој ја прашал, и што ќе правиш сега со посвоеното дете?А жената рекла па тоа дете мене ми ја донесе радоста во куќата, јас имам три сина и среќна сум! Е за вакви работи вреди да се живее. И немојте да губите надеж никогаш, никогаш!
RE: Приказни со среќен крај :) 16.10.2009 19:39:06
Bogdancanka
ИЗВОРНА ПОРАКА: biljana16
Nemoj da se razocaruvas bogdancanka. Nie imavme maski sterilitet i lekarite kazuvaa deka e skoro nevozmozno po priroden pat i zatoa pravevme inseminacii. Megutoa otkako se otkazavme od se ostanav po priroden pat bremena. Sigurna sum deka i ti ke ostanes koga nema da razmisluvas na toa. Se nadevam deka brzo ke ne izraduvas. Pozdrav.
Благодарам многу билјана16 и јас се надевам дека ке биде што побрзо исто е и кај нас и ние имаме машки стерилитет.поззззз
жени нема откажување, ја чекаме вашата приказна тука.Ајде малку да ви дадам поттик, еве една слатка приказна.
"Плачот на малиот Лука е најубавата новогодишна песна за семејството Јованови од Кочани. Чекаа да ја слушнат цели 18 години. На почетокот од 2009 им се исполни најголемата желба.„Нема посреќна Нова Година од оваа досега во нашиот брак“, вели мајката Валентина Јованова.Валентина и нејзиниот сопруг Трајче со години се бореле против стерилитетот. Оваа година се решиле да пробаат Ин витро оплодување. За нивна голема радост маката се исплатела.Доказ за тоа е Лука кој е тежок 3 килограми и 400 грама, и минута по полноќ донесе нова надеж за семејството.„Ова бебе го чекавме толку долго време. Им посакувам на сите жени да почувствуваат колку е убав овој момент и сите да имаат бебенце“, рече Валентина." (ИЗВОР А1)
RE: Приказни со среќен крај :) 15.12.2009 17:40:11
Bitolcanka
Прекрасна вистинита приказна, како и претходните Јас не сум сеуште во брак, но планирам да "рипнам" во тавче за неколку месеци, па сега малку љубопитна ги читам вашите искуства и си велам - сигурно не е толку "страшно" да се биде во брак-сопруга и мајка Иако не знам колку е тешко и неизвесно очекувањето на најубавото нешто во животот од други искуства во животот знам дека вреди да се чека, тоа го прави доживувањето повозбудливо и ја зголемува радоста Се во животот се случува кога најмалку очекуваме и кога воопшто не се надеваме. Тоа ми се случи мене со мојата сегашна Ќе ви раскажувам другпат и на тема за тоа. Оваа 2009 беше судбинска година за мене, почнав да верувам во судбина и во убавината на животот Имав и големи проблеми, пречки, замки, но се изборив - вредеше Затоа девојки и жени - никогаш не се предавајте, бидете упорни, верувајте во себе и ви гарантирам дека ќе успеете
RE: Приказни со среќен крај :) 30.12.2009 11:51:00
mamasane
Jas i mm se borevme so neplodnost sedum godini. Gi napravivme site mozni ispituvanja, isemenacii, laparoskopija, edno neuspesno in vitro i najposle vo 2008 so in vitro vo Remedika ostanav bremena so bliznacinja. Imav visoko rizicna bremenost so nekolku prestoi vo bolnica, postojani kontroli megjutoa vo 25-ta nedela pocnav da se otvaram, lezev edna nedela na Klinika i se porodiv vo 26-ta nedela. Ednoto bebence ziveese samo eden den, a drugoto bese na Intenzivna 2,5 meseci i eve ovoj mesec naseto since napolni edna godina i toa e naseto najgolemo bogatstvo. So sreka na site idni majki i neka ne se otkazuvaat od borbata zasto na kraj ke go dobijat najubavoto nesto sto zivotot moze da go donese.
RE: Приказни со среќен крај :) 30.12.2009 12:30:30
none
mnogu mi e drago koga citam vakvi prikazni daj boze na site slednata godina da im se ispplni zelbata za detence,slednata, he he za eden den znaci na site skoro