|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Приказни со среќен крај :)
21.5.2010 13:06:04   
fiore
i jas gi sakam ovie prikazni sto se so sreken kraj.na site trudnicki koi po dolgo ocekuvanje ostanale bremeni im posakuvam mnogu sreka.i jas imam edna prijatelka koja celi 9 godini ocekuvase  bebe,i koga veke prestana da misli na toa bebusot si dojde.rodi prekrasno devojce i za sreka posle edna godina pak ostana bremena i rodi bliznaci.sega si ima tri decinja i serkna e mnogu.pozz.do site i na site im posakuvam sto pobrzo zabremenuvanje.user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Приказни со среќен крај :)
7.6.2010 22:20:11   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: none

Кoga jas na 38 uste malce 39 so edna tuba na leviot jajnik i toa ne bas dobra proodna i nesto na desniot jajnik kako senka sto ke ostane za ponataka da se operiram zabremeniv znaete sto ke vi kazam.100% KE ZABREMENITE SAMO VREME I TRPENIE ,NIE OVOJ MESEC CEKAVME DA DOBIJAM I OTPUSTENI DURI SAMO DVAPATI VODEVME LJUBOV ZATOA STO CEKAV OPERACIJA I NE MI BESE DO NISTO PA ETE BIDNA ZATOA GORE GLAVI  I NAPRED DO POBEDA


И ова влегува во нашата збирка на приказни со среќен крај !
И уште еднаш...и уште стопати...мамички, НИКОГАШ не губете верба, само позитивно со големи чекори до саканата цел ! user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот fiore)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Приказни со среќен крај :)
7.6.2010 22:34:25   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка


И уште еднаш...и уште стопати...мамички, НИКОГАШ не губете верба, само позитивно со големи чекори до саканата цел ! user posted image



Да, нашите пријателки се најголем доказ дека се е можно, само треба да се верува и да се биде позитивен. Со заеднича поддршка болката е помала, неизвесноста поиздржлива, а радоста - немерлива user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Приказни со среќен крај :)
8.6.2010 9:52:20   
amelbebe
posle 2 rodeni deca,mene mi trebaa 4 god za dauser posted image koga si rekov stop,da se otkazuvam ,se oslobodiv psihicki jas toj mesecuser posted image i fala mu na gospod mi dade malo sverceuser posted image preubavo za da mi ja vadi dusata od trcanje po negouser posted image

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Приказни со среќен крај :)
16.6.2010 12:02:12   
arh_diz
Индијката Батери Деви, која има 66 години, роди тројка и со тоа стана најстарата мајка во светот, која се породила со тројка.
Двете момчиња и девојчето, кои во времето на раѓањето пред 15 дена, тежеле околу еден килограм, се сместени во инкубатор во болница во областа Рохта, во северната индиска држава Харјани. Нивната мајка, која во 44 години брак прв пат останала бремена, сосема добро закрепнува.

Овој несекојдневен настан е реализиран во индискиот Центар за фертилитет, благодарение на најсовремени техники за вештачко оплодување.

Шеесет и четири годишниот татко Дева Синг изјави дека Батери го остварила нивниот сон да имаат деца и на семејството да му подарат наследници.


_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот amelbebe)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Приказни со среќен крај :)
16.6.2010 14:25:50   
betpet
Mislev deka sum ucestvuvala vo vaa tema, ama sigurno bila nekoja druga so slicen naslov. Sakav da kazam deka i nasata prikazna e so sreken kraj. Dolgo ocekuvanoto concence ne ogrea posle 6 godini.Dolga e nasata prikazna za koja imam napisano i dnevnik od 80-desetina strani, no sepak biten e krajot na prikaznata  e sreken i se vika Teodora.
Nemoj nikogas da gubite nadez, zatoa velat deka taa posledna umira, i nas ni rekoa deka treba da se pomirime so teka deka pokraj tolku neuspesni bremenosti ne ke mozeme da imame svoe detence.
Arno ama ne bilo taka sepak imalo Gospod, koj ne dari so edno malo user posted image , koe veke napolni i 1 godinka.Ne smee, veseli i raduva sekoj moment od denot, se po nesto novo osoznavame od nea, za nas toa e ........................neznam polno srce, race i oci.
Samo zelezna volja za edno malo user posted image i se ke si dojde na svoe mesto.


_____________________________

Нашето сонце од 7 Јуни е Теодора(Божји дар)

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Приказни со среќен крај :)
16.6.2010 15:10:00   
Bitolcanka

ИЗВОРНА ПОРАКА: betpet

Nemoj nikogas da gubite nadez, zatoa velat deka taa posledna umira, i nas ni rekoa deka treba da se pomirime so teka deka pokraj tolku neuspesni bremenosti ne ke mozeme da imame svoe detence.
Arno ama ne bilo taka sepak imalo Gospod, koj ne dari so edno malo user posted image , koe veke napolni i 1 godinka.Ne smee, veseli i raduva sekoj moment od denot, se po nesto novo osoznavame od nea, za nas toa e ........................neznam polno srce, race i oci.
Samo zelezna volja za edno malo user posted image i se ke si dojde na svoe mesto.



Така е Бетпет user posted image user posted image user posted image
user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image за малата Теа user posted image user posted image user posted image

_____________________________

It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...

(Одговор на членот betpet)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Приказни со среќен крај :)
10.8.2013 22:02:31   
Melanija RR
Јас ја спремав мојата приказна ама никако да ја допишам user posted image
Сега сум 38 недела бремена и се надевам наскоро ќе ја напишам тука мојата приказна која се надевам многу наскоро ќе биде со среќен крај user posted image

Секоја приказна е надеж за сите парови кои без оглед дали имале проблем со забременување или не конечно ќе ги видат волшебните user posted image user posted image и ќе го чујат плачот на штотуку роденото user posted image

Споделете ја и вашата Приказна со среќан крај user posted image


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Bitolcanka)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Приказни со среќен крај :)
15.2.2014 20:38:57   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Седум години малтретирања,испитувања,разочарувања,емоционални падови и на моменти огорченост ,резултираа со спонтана беменост и пресреќна мајка на уште малку двегодишно девојченце user posted image .Како прво од секогаш имав нередовен циклус,ама како што изминуваа годините стануваше уште по нередовен.Откако видовме дека бременост не се случува тргнавме да видиме каде е проблемот.Од тука можам само да кажам дека здравстениот систем ни е за срамота и се дури не тргнеш приватно да си одиш,се чувствуваш како "Алиса во земјата на чудата".Никој не објаснува,ниту пак разговара со пациентот,на моменти се чувствував како да сум тотален идиот кој не разбира ништо.Благодарение на моите истражувања по нет и еден куп фрлени пари по приватните болници разбравме каде е проблемот.И само да објаснам,не мислам дека во приватните ординации се подобри докторите,туку таму си плаќаш и тие се должни да те сослушаат и објаснат.Дијагностицирани полицистични јајници,со совршено проодни јајцеводи и идеален спермограм.Најпрво почна школски докторката со контрацептиви.Потоа по препорака на др,Поповска лежев во болница 10 дена на дексаметазон,за следење и регулирање на пролактин.Морам да признаам во тој период сосема ме изгубија и полудеа ,се чувствував како експериментално глувче.Излегов од болница и почнав со стимулации со кломифен и по препорака на ендокринолог пиев метформин извесен период.Имав една неуспешна имсеминација и се спремав за втора,наклукана со хормони.Е сега се јави проблем.Јајниците станаа престимулирани и се јавија неколку јајце клетки,при што докторот не смееше да остави на случајност,па ми сугерираше да направам ин витро.Се случи и тоа.Од три добри јајце клетки две се развиваа прекрасно,ги вративме назад и почнаа да растат две малечки девојчиња.Но ете не ми било судбина и тие да растат со мене.Почнав да добивам постепено контракции,докторот тоа го занемари ,а кога ја виде ситуацијата како што е ,беше доцна.Понатаму што се случи не сакам да пишувам на оваа тема.
Сигурно секој ќе се согласи со мене ова е голема пресвртница во сечиј живот.После периодот во кој тагував,решив сосема да сменам начин на живот и сосема да се откажам на одреден период од правење бебе.Бев уморна психички,физички и повеќе немав волја.Дури и почнав да размислувам за посвојување детенце,само чекав некој период да помине,за да не биде избрзана одлука во моменти на очај.Посакав од мм кутренце и ми го донесе најмилото животинче на свет.Луѓе поубаво другарче од златен ретривер не можев да имам.Секое утро,пладне и вечер шетав со него по паркови и улици.Трчавме заедно ,си игравме ,едноставно уживавме во природата.Врти сучи јас бев во Градски парк,а не ми беше нешто многу блиску.Во исто време престанав да јадам благо и секаков вид на тестенини.Ослабев многу, а не ни почувствував кога.Летото му кажав на мм дека сакам на одмор и тоа убав.Иако немавме многу пари(сите вие што правите бебиња знаете со какви трошоци се соочувате) , ние отидовме на најубавиот одмор во мојот живот и од таму се вративме тројца.user posted image . Е сега мора да напоменам дека во последните шест месеци имав редовен циклус како швајцарски саат,секој 13-ти добивав,дали поради исхраната,здравиот живот или опуштањето незнам.Кога на 13 август не добив се сомневав дека има нешто,ама сепак и си мислев пак почнало да се пореметува.На 14-ти купив тест и на 16-ти утрото го направив.Беа фамозните user posted image user posted image На пат за работа купив уште еден и го направив и тој .Беше потврдено.Не издржав и веднаш му се јавив на мм,му кажав дека правев тест и позитивен е , а тој мене "Каков тест?" user posted image user posted image user posted image
Морам да признаам бременоста ја истерав во страв од претходните случувања,ама фала му на Бога имав прекрасна бременост и најубавата ќеркичка на свет user posted image user posted image user posted image
Мили мои нема потреба јас да кажам,заклучокот сами ќе го извадите,а борбата можеме да ја издржиме. НАЈТЕШКИТЕ БИТКИ БОГ ИМ ГИ ДАВА НА НАЈСИЛНИТЕ!!!


__________________________________________________________

ОЧЕКУВАЈ КОГА НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАШ!!!


ИЗВОРНА ПОРАКА: Defne90

Mami ne mozev a da ne zaplacam dodeka go citav tvojot post.Moram da kazam deka ti se voshituvam na hrabrosta,upornosta i istrajnosta vo onie teski migovi za tebe.Sekoja cest za toa sto i pokraj teskotiite koi sto ti gi zadal zivotot ne si dozvolila vo nikoj slucaj da padnes skrsena i bez vojla za zivot.Ubavo e toa sto pred se si prodolzila ponatamu so zivotot a tie neuspesi ti bile uste pogolem pottik da prodolzis ponatamu.Ubavo e toa sto tvojata prikazna ja spodeli so rr pa i drugite ringerajki koi sto minuvaat niz istiot problem vidat i svatat deka sekogas postoi nadez.Najbitno pred se e onoj pozitiven stav koj sto veruvam deka uspea da im go preneses na site,i grizata za sopstvenoto zdravje i vodenje smetka oklu ishranata.Eve ti si primer za toa kako set_o toa pozitivno vlijae na zabremenuvanjeto.Ti posakuvam samo ubavi momenti mami i tebe i na celoto tvoe semejstvo i nikogas ama bas nikogas da ne go izgubis toj pozitiven stav i hrabrosta i istrajnosta.Pozdrav i imajte ubav den.user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Приказни со среќен крај :)
15.2.2014 20:41:27   
LoveableMe RR
"Седум години" браво мами енјџелс, навистина ме воодушеви со твојата приказна, секоја чест, мило ми е што сподели со нас, нека биде охрабрување ова за сите рингерајки исчекувалки. Поззuser posted image user posted image user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Приказни со среќен крај :)
15.2.2014 20:45:02   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: milena08

Драги идни мамички!

После речиси осум месеци обидување конечно се појавија две цртки на тестот за бременост и сакам да споделам со вас што се ми помогна за да ја остварам очекуваната бременост,
Мерете редновно базална температура можете на Ovagraph.com ili na fertilityfriend.com со мерењето на базалната температура ке сте сигурни дали воопшто овулирате,кој ден ви е овулацијата,колку ви е должината на лутеалната фаза итн....
Пиев Б6 дневно по 5 таблетки (воопшто не е штетно,не може да дојде до предозирање) а Б6 помага да се продолжи лутелната фаза дококу е прекратка
пиев Е витамин од 400мл
Ц витамин од 1000 милиграми
цинк од 25мг
пиев олигојакСЕ кој содрзи антиоксиданти плус селен
(сите горе наведени витамини и минерали потребно е да се пијат во тие дози и помагаат слузта во овулацијата да е позиразена, а самата јајце клетка да се формира и развива правилно
Ке си припремите 300-350гр суви смокви ке ги потопите во маслиново масло да стојат барем една недела а може и подолго во стаклена тегла на прозорец но да не се директно изложени на сонце ,секој ден наутро на гладно ќе изедете една до две суви мокви
Корисни се и имаат максимален ефект во намалување на FSH(фоликулостимулирачкиот хормон) (кој се мери во третиот ден од циклусот,
го намалува пролактинот(а со вискок пролактин нема бременост бидејчи ја пореметува овулацијата

За сопругот
Ц витамин ги штити сперматозоидите од оксидативно оштетување и помага да не дојде до слепување меѓу нив
Е витамин 400
селен и цинк
сите овие минелрали и витамини го зголемуваат бројот на сперматозоидите и влијаат на нивна подвижост
Исто така ќе смелите по 50гр,од (ореви,бадеми,лешници,индиски ореви,сончоглед,семки од тиква,суви смокви смелени и се се измешува со 500-600гр мед ,и треба барем 2-3 пати на ден по една супена лажица дури и да е спермограмот лош или нзадоволителен после неколку мсеци ќе биде одличен
Исто така после водењето љубов немојте веднаш да станувате барем 10тина миутки останете легнати со нозете кренати на зид за да им помогнете на сперматозоидите.

На сите ви посакувам среќа и бременост во нјаскоро време



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Приказни со среќен крај :)
4.3.2014 19:07:44   
Milicka27
Секоја чест за темата прекрасна е и кога да ја читам се наежувам...И јас долго време се обидував да станам мама и конечно во Плодност ми ја остварија желбата...Значи никогаш не треба да се губи надеж пошто ако го најдете соодветниот доктор и ако ја имате поддршката од вашето семејство ништо не е невозможно....Поддршка и од мене до сите мами....user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Приказни со среќен крај :)
5.6.2015 15:30:32   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: /mare/
Zdravo i od mene, po preporaka na poveke moi prijatelnki od denes sum na forumot so site Vas. Bremena sum 6-ta nedela i navistina se custvuvam prekrasno i posebno bidejke so dusa go cekavme ova cudo da ni se desi. .......

Primav svasta od mnogu strucni lekari, pravev inseminacii i na kraj ustanovija deka nemozam da ostanam prirodno bremena i deka moram da gi zatvaram tubite pa invitro da pravam. Koga otidov da dogovoram za operacija mi rekoa deka sum bremenauser posted image Strasna rabota se doktorive zatoa preporacuvam eden kup ispituvanja i mislenja pred bilo sto da se prevzeme....user posted image



_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Milicka27)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Приказни со среќен крај :)
27.4.2016 15:02:37   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: teo2016

Здраво на сите, јас сум нова на форумов но бидејќи знам низ што сите вие поминувате би сакала да Ви ја кажам мојата приказна.
Со сопругот 10 години се боревме со идиопатски стерилитет-односно стерилитет без причина. Направивме неколку инсеминации и 5 неуспешни ивф.
Но и покрај бројните разочарувања не изгубивме надеж. Оваа година планиравме да направиме повторно ин витро некаде во април или мај, закажавме термин за консултации, ги обезбедивме потребните лекарства кои требаше да ги премаме пред процедурата.
На рутинска контрола во март докторката ни кажа дека сум бремена. И двајцата бевме во шок и неверување. Еве и сега веќе сум во 14 недела сеуште ми се чини како да сонувам, и секој ден му се заблагодарувам на Бога за најголемото изненадување и подарок.
Ви го пишувам ова затоа што и јас додека бев во процедура за ивф постојано ги листав форумите и барав некој збор за охрабрување.
Ви порачувам на сите да биде јаки, да не губите надеж и ви посакувам на сите што поврзо да добиете дар од Бога како што добив и јас.


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Приказни со среќен крај :)
27.4.2016 15:18:00   
teo2016
ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR
Тео2016, ја префлрам твојата сторија во Приказни со среќен крај, ти честитам и ти посакувам убава бременост.
Пиши ни во таа тема, како се случи, дали спонтано, дали примаше некаква терапија, промени исхрана или баш од Бога бидна?


Јас баш се виде дека сум нова, целосно сум ја промашила темата user posted image
Да одговорам на прашањата, забременувањето беше целосно природно, чудо од Бога.
Јас веќе две години ја променив целосно исхраната-исфрлив се слатко, го исфрлив лебот и компирот, не козумирав пржена храна само варена и печена.
Се разбира се ова беше по препорака на доктор поради откриена резистенција на инсулин, и примав витамин Д3 поради недостаток на истиот.
Но повторно ќе кажам ова бебе ни е Божји дар, пресреќни сме, секојдневно му се заблагодарувам на Господ.
Затоа мислам дека потребна е упорност и истрајност и верба во Бога, затоа што Бог навистина може да направи чуда за нас.


< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 27.4.2016 15:19:43 >

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Приказни со среќен крај :)
27.4.2016 15:21:20   
LoveableMe RR
teo2016, добредојде, слободно продолжи да пишуваш во темите за трудници, да поставуваш прашања и да бараш одговор.

Честитки, исхраната навиките, витамините, но и дарот од Бога ви помогнале на овој пат. Со лесноuser posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот teo2016)
Непосредна врска до пораките: 66
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?