Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од домо... 20.9.2010 12:44:57
Палешка РР
До тимот на Рингераја пристигна информација дека децата од домот за деца без родителска грижа "11 Октомври " немаат училишен прибор за претстојната учебна година.
Рингераја семејството мисли на дечињата од домот „11 Октомври“ и на почетокот на учебната година и реши да помогне во обезбедување на училишен прибор, кој за жал го немаат, а им е повеќе од потребен.
Децата од домот „11 Октомври“, веќе тргнаа на училиште, но за жал сеуште немаат соодветен училишен прибор. Бевме информирани дека добиле донација на ранчиња за училиште, но не можат да ги наполнат со тетратки, моливи, острилки, боички и блокчиња, бидејќи немаат. Со цел да ја задоволиме потребата на дечињата започнуваме нова хуманитарна акција, за обезбедување на училишен прибор потребен за учебната 2010/2011 година за децата од домот 11 Октомври:
-Тетратки мали и големи со линии, коцки и без линии - Блок за скицирање, блок IV, блок V - Шестар - Острилки, моливи и гуми - Комплет лењири - Лепило охо и селотејп - Темперни бои, водени бои, четки за боење, дрвени боички и фломастери - Колаж хартија и ножички
Како да се вклучите во хуманитарната акција?
Целата хуманитарна акција ќе биде водена од Рингераја.мк преку филантропската гранка Дану Филантропија ЈИЕ. Во акцијата може да се вклучите на 2 начина:
Преку купување на училишен прибор
Купениот училишен прибор може да го доставите директно во просториите на Рингераја.мк на адреса ул. Мирче Оровчанец 1/1-4 Скопје или да го донесете на едно од дружењата кои ќе се реализираат во повеќе градови во Македонија.
Преку донација на парични средства
Доколку не сте во можност да купите и да го доставите училишниот прибор, можете да помогнете преку донација на паричните средства на сметката на Дану Филантропија ЈИЕ, користејќи ги следните податоци:
Број на сметка: 210-0647800001-18, банка: НЛБ - Тутунска Банка, со назнака: „Училишен прибор за секое дете од домот 11. Октомври“.
Сите собрани средства на сметката на Дану Филантропија ЈИЕ со назнаката: „Училишен прибор за секое дете од домот 11 Октомври“ ќе бидат наменети за потребите за купување на училишен прибор за дечињата од домот „11. Октомври“.
< Поракaта ја уредил Палешка -- 20.9.2010 12:48:52 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 13:05:56
Палешка РР
Добрината и човечноста на Рингерајки се покажа во многу прилики. Ова е уште една можност да покажеме и докажеме дека имаме висока свест за правата на децата, особено кога се тие загрозени!
На едно од нашите дружења да донесеме онолку колку што имаме, колку што можеме- тетратки, моливи, боици, за децата од Домот без родители "11 Октомври" Да покажеме уште еднаш дека настојуваме и се бориме за подобар и поквалитетен живот на нашите деца.
Очекуваме доброволно да се пријават мајки кои ќе ја организираат акцијата во својот град. Очекуваме Ваши предлози!
Да им помогнеме на децата од домот "11 Октомври"
< Поракaта ја уредил Палешка -- 20.9.2010 13:07:32 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
Кратко објаснување за локацијата на Рингераја.мк. Спроти кројач Ангелковски веднаш над Комерцијална банка.
Но предлагам да организираме во сабота дружење во игротеката Мечето ушко каде секој кој сака може директно таму да го донесе училишниот прибор.... Виктори мислење?
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 13:24:22
Палешка РР
Прилепчанки, прекрасна можност да се видиме и да ја покажеме нашата хуманост. Snowhite, ќе можеш да ни организираш пиење кафе некаде по прилепските игротеки?
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 13:48:41
nadica
еве сум јас од неготино и кавадарци па јавно ги замолувам сите членови кои сакаат да им помогнат на дечињата иако не се активни на рр да ми пишат пп да се договориме каде и како и ние да помогнеме
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 15:01:09
Julie1
Бидете хумани и ставете го линкот од акцијата на вашиот ФБ профил, поканете и други пријатели да ни помогнат. Да бидеме брзи и да не дозволиме дечињата долго да чекаат на училишен прибор. Веќе одат со празни ранчиња на училиште!
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 15:22:44
Тања РР
Јас можам да ја водам акцијата во Струмица. Ги замолувам сите кои гравитираат кон Струмица а сакаат да се вклучат во акцијата да ме исконтактираат по пп. Не смееме да дозволиме ранчињата на овие дечиња да останат празни.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 15:59:49
Тања РР
Сега и се јавив на свекрвата за да ја замолам да ни помогне во акцијата. Таа е учителка и вети дека ќе побара дозвола од директорот да им ја пренесе веста за акцијата на своите учениците и учениците од другите одделенија во училиштето. За овие деца не претставува голем издаток да се откажат од една своја тетратка или молив но истите тие за децата од домот ќе донесат радост.
Планирам истата молба да ја упатам и до свекорот ( предава во друго училиште) и до комшивката-наставничка. Ги молам и останатите рингерајки кои имаат таква можност да го направат истото.
_____________________________
There are two ways to live your life. One is as though nothing is a miracle. The other is as if everything is."......А.А
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 16:25:23
kirova
dali ima nekoj sto mu odgovara sredba vo gorce ako zivee blizu vo trgovskiot planet igroteka drimlend 12h a isto taka mozete da donesete igracki i obleka od vasite deca,bidete humani
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 16:31:29
Julie1
Сметам дека сите кои сме од Скопје треба само на едно место да се собереме, досега сите средби се организирани само на едно место, а целта е да бидеме на едно место сите заедно не да се делиме. Во тој поглед молам локацијата за сабота да биде игротеката Мечето Ушко (која исто така е мноооогу блиску до Ѓорче) како што веќе договоривме. Доколку си за Кирова ќе те ставам на списокот!
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 20:23:14
Viktori
Кирова, акцијата за собирање училишен прибор и ти си многу добредојдена ако сакаш да дојдеш! Како еден од главните организатори и пречек-атори те поканувам, добредојдена си!
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 20:35:13
mama26
i ne samo kirova sekoj sto saka da donira neka donira dali ke se cekaat ili direkno vo ringeraja ili preku banka.mnogu e bitno decata da imaat pribor za uciliste.i mnogu e bitno da site nie pomogneme kolku mozeme
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 20:45:36
agnes77
честитики за акција ... поддржавам морално и материално ...жао ми је да не можем да бидем со вас особно али срќна сум да имам могучност да учествувам во таа акција ... на деца им треба семејство и деца од дом барем имају РР семејство
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 21:57:09
Bitolcanka
Одлична акција. Тања ми даде идеја. Ќе ги контактирам сите мои колешки - наставнички (ги имам повеќе - и помлади и постари), да им кажат на учениците од своето одделение да донесат се' што имаат од дома, што не им е неопходно. Сигурна сум дека ќе ми излезат во пресрет. Јас сум организатор за Битола. Цела недела имаме на располагање, да сториме колку што можеме. Нека биде в сабота збирно место за битолчанки-РР-ки, во Портал. Ќе им одговара на сите, и на оние што се подалеку од центарот, а освен тоа, и помирно е, сигурно ќе најдеме слободно место. Причина + да се запознаеме и да испиеме кафенце
Кој е за нека се запишува во списокот од Битола:
битолчанка Тереза (претпоставувам ќе се согласи )
_____________________________
It is not how much you give or what you say, it is how much love you give in what you do ...
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 22:06:57
Julie1
Браво и за Биолчанки Ако верувате на многу места е молено за помош и кога денес јас потврдив дека акцијата почна на Рингераја и дечињата скоро ќе има кај да пишуваат со неверување ја примија веста но и со радост.... Ни треба помош од сите Рингерајки!
RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од ... 20.9.2010 22:46:24
Палешка РР
Прилепчанки, ќе пиеме ли кафе в сабота? Snowhite, Felly, Acina, ***Lide***, majka 79, dandes, puze, danced, доаѓате ли? На ikipp ќе и се јавам, нема нет. Само да одлучиме каде ќе одиме
< Поракaта ја уредил Палешка -- 20.9.2010 22:47:14 >
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.