Julie1 -> RE: АКЦИЈА: Училишен прибор за секое дете од домот "11 Октомври" (26.9.2010 16:23:04)
|
Супер дружење, многу собрани средства за дечињата. Благодарност за сите мамички, благодарност до преставниците од Уметност на живеење кои не дружеа и помогнаа. Мамичка3 донесе собран училишен прибор и од соодветно училиште, Симонче на Јованка ни раскажа како и нејзините другарчиња од училиштето 11 Октомври собирале училишен прибор за другарчињата од домот 11. Октомври... сите собрани средства вечерва ќе преспијат во игротеката мечето ушко а утре попладне ќе ги носиме во Рингераја. Заедно со училишниот прибор дониран од други наши соработници ќе го доставиме до Домот 11 Октомври во петок 1. Октомври, од понеделник 4. Октомври веќе дечињата ќе одат со училишен прибор... зарем не е прекрасно... благодарност до сите мамички... А околу дружењето и играњето со дечињата, јас се изнаиграв со Амел, сонце најубаво, многу е мирно.. Мила на Анушка пораснала неможев да ја познам, цела на тато е (Анушка не се лути :)))), Домаќините Михаил, Јана и Бобо малку се правеа важни [sm=smiley36.gif] но со постарите а веднаш се спријателија и си играа со сите дечиња, посебно со дечињата на Мамичка3. Малиот генерал Филип достојно издржа цел час, но затоа Борјан на Џесика ја изнамачи мамичка од трчање а потоа на пат за дома заморен си заспа... Прекрасно дружење, преубав ден и прекрасни хумани луѓе на едно место. Прекрасни сте драги мои, прекраснии [sm=smiley31.gif]
|
|
|
|