Јадат ли вашите деца брза храна? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Исхрана на децата



Порака


Srculence -> Јадат ли вашите деца брза храна? (12.3.2009 15:42:01)

Дали вашите дечинња на возрат после годинка сакат да јадат брза Храна Дали вие тоа им го дозволувате и како се справувате?




Еца -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (13.3.2009 7:34:23)

Pa srculence veke spomenav deka moeto dete ima alergija na mleko i mlecni proizvodi pa poradi toa mnogu vnimavame na ishranata,na pocetokot pagav vo nesvest lele sto ke jade,no poleka gledam deka ovaa alergija ne natera da ja hranam Martina isklucitelno zdravo.Znaes koga nesto ne zmees,ne smees se drzis do toa i da vidis kako deteto ke jade supi,ovosje,zelencuk(sakati sekoj rucek)mandzicki,zitarici,i eve kako raste taa veke znae koja e nejzinata ishrana pa koga i se jade blago taa bara bonzita,a ne cokolada zasto nikad ne probala,itn.Zaci se e do nas roditelite,no sepak ako deteto ednas nesto proba i mu se dopadne toj vkus veke kazi caos deka toa ke mu go zabranis.Se uste ne sum i davala majonez,suvomesnati raboti,pasteti,zasto znam deka taka ke prestane da mi jade od pozdravite obroci,zatoa se uste ne smee ni toa.Mnogu e potesko,megutoa znam deka deteto mi se hrano zdravo.Pozdrav srculence i najdi nacin da se spravis da kazes NE na nekoi raboti koi ne se bas dobri za deteto,dodeka e malo toa e pravi,potoa,ode voz,nema ti sto ke kazes,tuku toa sto ke saka,zatoa na pocetok neka bide sto ne smee i sto smee[sm=smiley1.gif]




Aleksandra -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (13.3.2009 9:47:28)

Zdravo na site, od novata clenka na forumot, Aleksandra. Imam dve decinja i sakaat da jadat brza hrana, no se razbira vo umereni kolicini i ne tolku mnogu. Nekogas se slucuva da ima zememe happy meal od Mekdonals, no toa se slucuva vo tri meseci, ednas. A i sendvicite vo Mekdonalds navistina se vkusni i mene mi se jadat. Taka da jas mislam deka mozat da probaat, a ne celo vreme da jadat samo toa.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Боцко -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (25.4.2009 22:03:08)

Ајде и еден татко да навлезе малку во Вашиот свет и да ја разбие монотонијата [sm=smiley36.gif]

Ние со исхрана сме некаде пола/пола, односно претежно се храниме здраво, но Стефан по мое мислење јаде многу благо, односно чоколади. Кога ќе му понудиш Животинско царство тој вика "Сакам вистинско чоколадо",значи некоја МИЛКА. Од дтугите "брзи" работи само смоки. МекДоналд не знае што е и нема да знае додека додржиме...[sm=smiley1.gif]
Ме интересира што мислите по ова прашање.

Уште нешто, мајонезот според мене не е нездрав, па би сакал мислење кога може да се даде во исхраната.

Стефан[sm=hudicek1.gif] има 2 и 1/4 години.




Еца -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (25.4.2009 22:38:24)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]поздрав до првиот татко на форумот
За мајонезот ке ти кажам дека дури по третата година може да се дава, но не се препорачува(еве мојата керка има 3.5 год)и на последната контрола кај имунолог ја прашував дали во исхраната може да вметнтме мајонез,паштети,виршли,некоја шунка,таа ми рече,НИКАКО!Тоа е нездрава храна за возрасни,а не за деца кај кои само им го намалува и оној имунитет кој го имаат.Сеоак родителите најдобро си знаат што и како да ги хранат своите деца.




Еца -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (26.4.2009 8:34:02)

BadBaby вчера не ти пишав за чоколадите,но истата работа беше и со внук од сестра,таа проблемот на некој начин го реши,така што за да добие ред чоколадо мораше да изеде она што му е оброк[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]и мора да останете доследни на тоа,зошто синчето ке плаче нормално ике бара повеке,но еднаш кога немада му дозволиш,втор пат,трет пат,верувај наредниот пат ке си го земе редчето чоколадо и нема да има бунење[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]пробајте може и ке успеете,во зависно колку сте упорни...[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (20.6.2009 17:30:17)

Кога се преферира брза храна што се случува?

Дебелеењето и расипаните заби, за жал, засегаат голем процент  од децата. Причината за тоа се претерано мрсна храна, шеќерот и други рафинирани јаглехидрати. Затоа:
- Ограничете ги бисквитите, кексите, чоколадите и др.слатки само за специјални поводи, но не го лишувајте детето од нив.
- Не дозволувајте слатките да го заменат главниот оброк.
-Постојано споменувајте му на детето колку се штетни чоколадите и слатките за забите,
-Внимателно потсетувајте ги роднините и пријателите да му подаруваат овошје наместо бомбони, лижавчиња, чоколади или друг вид на слатки,
-Не попуштајте пред неговата желба за неквалитетна  храна,
-Не употребувајте ги слатките како награда или поткуп и не ги одземајте заради казнување.




big_mama817 -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (7.8.2009 12:29:37)

jas se trudam kolku sto mozam vo ishranata da ne mu vnesuvam nezdrava hrana no sepak cokoladata,cipsovite i smokite mu gi davam do umerena granica a suvomesnati proizvodi NIKAKO kako i majonez ,kecap i sl. e sega do koga ke bide vaka neznam [image]http://www.cosgan.de/images/smilie/nahrung/e010.gif[/image]




biljanaM -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (8.8.2009 2:23:23)

Воисалав јаде тост со помфрит...само тоа го јаде.....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mother 29 -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (7.10.2009 14:02:38)

Марко си јаде кај нас во пицерија ,ама со прв зејтин помфритот пржен да е.
вчера прв пат  му дадов томи мајонез.лапна неколку залака,ама не направи фацка.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




arh_diz -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 15:51:25)

Ima probano brza hrana kompiri vo mc donalds:),mada izbegnuvam da mu davam




vezilka RR -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 15:54:53)

Се уште не пробал..до кога не знам ќе видиме. Сега за сега бидејќи не знае што е тоа, не ни бара.




Calypso -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 16:06:17)

Од брза храна само компири има пробано од Мекдоналдс. Друго не. Ама и ние дома не јадеме веќе брза храна. Инаку проба и пица маргарита (без сувомеснато, само со кечап и кашкавал) и ја исплука фино лепо, рече кака. И домашна пица не јаде.




mamicka_26 -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 16:09:24)

Од време на време кога се шетаме знае да побара да јаде од Мекдоналдс ама не му забранувам зошто тоа ретко се случува 2-3 пати месечно отприлика




Bethany -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 16:10:10)

Пред некој ден неколку компирчиња во Мек, а инаку сака пица, домашно правена му имам давано. Ама не како негов главен оброк, туку после неговото јадење му давам колку сака јаде.
И понатаму ќе му давам од време на време нешто такво, ние кога јадеме, нема да јаде секој ден, па и колку тој може да изеде.




rina13 -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 16:13:51)

Компирчиња еднаш у месецот кај мајка ми и секако пица ама домашна.




blond -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 16:14:03)

Еднаш има јадено тост од сендвичара. А пржени компирчиња јаде дома, благодарение на баба и тато (тато оти многу ги сака, а баба оти му пржи често) [sm=zmeden.gif]




Beatris -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 16:14:09)

Ќерка ми од фаст фуд јаде само болоњезе макарони што и ги прави мм (оние готовите со сос комплет), и тоа само кога не сум дома зошто на него само тоа му јаде за вечера. Друга таква храна не, а и немаме некој проблем затоа што не ни сака, пре би грицкала варена брокула или карфиол него чипсови, помфрит и сл...




Fiao -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 16:24:08)

Досега не пробала




Felly RR -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 17:05:40)

Кај нас свеки преферира пржена храна, па компирчиња јаде често. Кога беше помала правев и друго за неа, а сега гледам барем да јаде некоја свежа салата заедно со компирчињата, да не биде ептен нездрав ручекот.




niki -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 17:22:51)

za zal jade, ne mnogu cesto no se slucuva
ona sto praktikuvam e da iskombiniram so sveza salata ako se raboti za obrok, a ako pobara nekoja gricka ili cokolado togas ja uslovuvam prvo da izede dve tri ovoski pa potoa toa sto bara da go dobie kako nagrada




Палешка РР -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 17:30:21)

Јаде, не којзнае колку ама пржени компирчиња и тост секако.




Џесика -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 18:42:57)

Од брза храна сака замрзнати лиснатици, тост, пица... пржени компири иако обожаваме сите, ретко правиме.




Ikana -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 18:46:30)

М е мала уште за такви работи, па ни кога ќе порасне не би и дала на редовна база да ги конзумира...и онака се штетни.




Maca25 -> RE: Јадат ли вашите деца брза храна? (11.3.2013 18:53:43)

Од брза храна купуваме за викенд нешто од пекара, баничка или некое лиснато тесто, а сендвичи и помфрит од сендвичара не сум и дала да јаде уште.
Уствари пред неколку недели бевме на роденден во mc donalds, прв пат проба тост и помфрит таму, и се засвиѓа додуша, па ми побара дома да и правам таков помфрит [sm=smiley36.gif] и толку..нема веќе носење таму.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>