Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Најинтересниот момент од вашата свадба 29.11.2010 11:06:52
strelec 8
ovaa leto imase edna takva svadba kaj zgradite na raskrsnica kade sto kolite go blokiraa celiot soobrakaj i vidov kako izvadija stolovi od kaficot sto bese tamu.ako ne bese na taa svadba se izvinuvam.
RE: Најинтересниот момент од вашата свадба 16.8.2011 15:43:57
miana
Koga dojdoa kaj mene da me zimaat ,na deverot mu ja imaa ukradeno ( moite) ednata cevla od korpata..Nastana nevidena panika i gi nateravme da platat i za drugata
RE: Најинтересниот момент од вашата свадба 16.8.2011 17:06:03
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: baby mama
Koga doagaa svatovite kaj nas doma go zaboravile bidermaerot,
И кај нас се случи истото. Го заборавиле, ама немаше ни да се сетат ако сликарот не го побараше за да ме слика со него. И дури рекоа не го даваме бидермаерот, после, а ние сите зачудени (јас и девојчињата што беа со мене в соба) зошто да не ме слика со бидермаер. И отпосле разбрав дека го заборавиле дома, затоа не го „давале“.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
RE: Најинтересниот момент од вашата свадба 20.8.2011 3:10:07
blond
Целата свадба беше интересна. Почнувајќи од тоа дека кога дојдоа по мене сватовите си тргнаа од пооооооооочетокот на улицата и сииииите комши ги намамија да излезат. Кумот ги чукна круните во црквата, а јас готова бев да прснам од смеа. Плус и лудиов поп кажа потоа: колку лепчиња скршив толку деца да имате (а скрши 6-7), а јас искоментирав на глас: ахаааааа ај нека се на рамно 11, фудбалски тим
Пред вечерата некаде пејачот разгласи: Младоженците ве покануваат надвор, имаат изненадување за вас. И следеле коментари од тетки, стрини, чичовци: А бе зошто сеа надвор не викаат, да не сакаат без вечера да заврши свадбата, можеби сакаат да не испудат?! А ние имавме огномет спремено. Сите стојат надвор ( а беше ладно), се гледаат меѓу себе не знаат што е изненадувањето. И кога почна огнометот сите со главите нагоре. Е тој дел ќе го исечам да видите какви се смеши сите
Потоа дедо ми кој има 65-66 години играше твист што е невообичаено т.н старец да игра така.
На играњето на пајдушкото се спремивме претходно женските од мојата страна и се вртевме во круг сите на мој знак, бевме синхронизирани така добро како оние двојките во базен што имаат уметнички настап.
И да, смотаната јас бидермаерот кога го фрлав го треснав во земја Така е тоа кога во 7ми месец дрмаш вотка